Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.05.2012, 16:54

Обама лично помагал за името

И преговорите зад кулисите, според Вашингтон, не дале резултат што може да помогне во Чикаго

ВАШИНГТОН – Специјалниот помошник на претседателот Обама, Елизабет Шервуд Рандал изјави дека администрацијата на Обама „напорно работи зад кулисите“ за решавање на пат позицијата меѓу Македонија и Грција, вклучувајќи го и самиот претседател кој е инволвиран во „дискусии со засегнатите страни“.

Меѓутоа, според неа, нема индикации за напредок и за тоа дека Грција ќе ги испочитува обврските и меѓународното право и ќе престане да го блокира членството на Македонија во НАТО во врска со проблемот со името.

Елизабет Шервуд-Рендал е виш директор за Европа и член на Националниот совет за безбедност.Таа изјавата ја даде на трибината во Вашингтон на тема „Ревитализирањето на НАТО: Од Лисабон до Чикаго“.

„Ние многу напорно работевме зад кулисите за да најдеме решение за пат позицијата во однос на прашањето со името. Претседателот размислува за многу прашања што треба да ги знае како претседател - а едно од тие е македонското прашање со името. Тој беше инволвиран во дискусиите со засегнатите страни во овој проблем, и за жал тоа не е решено навреме за самитот на НАТО во Чикаго, но ние и понатаму се надеваме дека тоа ќе биде решено, па Македонија ќе може да го заземе своето место како членка на НАТО“.

Ова е прва изјава од САД со која се сугерира дека претседателот Барак Обама лично се ангажирал во спорот на Македонија, наспроти впечатокот во земјава дека САД се пасивизираа во однос на ова прашање и дека реакциите, писмата и петициите од дијаспората и од конгресмените не наидуваат на никаков одзив во Белата куќа. Улогата на Обама околу спорот за името практично беше невидлива од самитот во Стразбур, кога на изненадување на сите главната порака што ја прати беше токму околу нашата држава - дека едвај чека да ја види како членка на НАТО.

Шервуд практично потврди дека на овој самит нема да има ни такво охрабрување, бидејќи Вашингтон пробал да помогне и не успеал во тоа. Наедно со нејзината изјава се префрла топката пак на наш терен, бидејќи решението на блокадата се посочува кај Македонија, а САД се става во улога само на олеснувач, иако Македонија очекува многу повеќе од тоа, пред се' да застане зад одлуката на меѓународниот суд на правдата и критериумите за прием на алијансата. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 506 пати.

Испрати коментар



До каде допира радикалниот ислам во земјава
Koj e советник за државна безбедност кај Иванов?
Реакции - Виновниците имаат име и презиме
Тројца пукале во жртвите
Ќе барам доживотен затвор
СДСМ WANTED
Среќен роденден, претседателе!
Медиумите на албански јазик со сомнежи за „Монструм“



Epten se napregal i ni pomagal, 03.05.2012 00:34:10
Navistina Obama mnogu pomagal i naporno rabotel na prasanjeto za imeto na Makedonija. Toa ocigledno se gleda i nie site poveruvavme vo toa?!Ajde malku neka olabavi i neka se odmori i da ne ni pomaga tolku mnogu. Grevota e ce se prezamori!
Mihailo Malme Svedska, 03.05.2012 06:24:42
Ovde treba da se znae koj e nenormalen. Edna drzàva (Grcija) clenka na NATO i EU, sto pravese od 1945 pa do osamostojuvanjeto na Makedonija. Ako tie imaat politicari sto imaat tri cisti vo glavata trebase ili pred sovetot za bezbednost na Evropa, ili pred OON da go postavat toa prasanje za zloupotrebata sto ja pravi Makedonija i go zloupotrebuva nivnoto ime na koe tie imaat iskluciv monopol. No pak tuka se postavuva prasanjeto koj tuka ima psihicki problem.Grcite mora da bidat so edna rabota na cisto ili se Grci ili se Makedonci bidejki ne mozat da bidat i Grci i Makedonci. A tendencijata da se Makedoci ja isfrla na povrsina nivnata zadna misla za polaganje na teritorijalni pretenzii kon Bugarija (Pirinska Makedonija na cela Vardarska Makedonija i na delovi od Albanija (Golobrdo i Pustec) Zatoa bez odlaganje treba da se podnesi uste edna tuzba pred megjunarodniot sud na pravdata vo Hag i da se bara krajna razvrska na ovoj krajno apsurden megjudrzaven spor sto go nametna Grcija .
stip, 03.05.2012 09:03:57
pa da bevne kako irak, libija ili druga zemja koja ima nafta obama ke pomognese. pa ne e i loso kako na primer avganistan. i taa e najbogata po rudi....aj ne pisuvajte poveke za imeto i grcija. nie sami si go barame. ja fnansirame grcija so pari na sekoj praznik.
Луда Мара, 03.05.2012 17:54:08
Ах,да!И мене ми раскажуваше Баки за истово,кога бев во Вајт Хаосот во Вошингтон,дека не можел ноќе да спие,бидејќи мно0О0огу се секирал за нашето име!Ако не ми верувате,прашајте го Џејсон Миклош!Веднаш и тој ќе ви потврди дека со помош на МПО,пwемиеwот и нашата Обединета дијаспора која не знае ниту да ја најде земјава на мапите,заедно, издејствувале признавање кое ќе почне веднаш после НАТО самитот!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |