Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
07.05.2012, 16:55

„Ми го прегази мажот, а не се јави да праша како сме“

Случајот со градоначалникот на Старо Нагоричане, кој со автомобил удри во пешак и побегна, чека судски епилог

Горан Адамовски



НАГОРИЧАНЕ - Милијана Лазаревска остана вдовица со две мали деца откако нејзиниот сопруг Срѓан почина во сообраќајна несреќа што пред петнаесетина дена се случи во Куманово. Околу 3,15 часот по полноќ, враќајќи се дома од пекарата во која работел, 31-годишниот Срѓан беше удрен од автомобил, а возачот побегна. Десетина дена траеше битката на лекарите за неговиот живот. Возачот беше фатен утредента. Станува збор за градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ (53), кој ја предизвикал несреќата со службениот автомобил „шкода октавија“. Против него се поднесени две кривични пријави, но не му е одреден притвор.

„Ниту се извинил, ниту се јавил да праша како сме, дали ни треба помош, дали имаме пари за погреб или за лекови додека беше жив маж ми. А, и подобро така, оти не сакам ниту да го видам, ниту гласот да му го чујам. Тој човек не постои за мене“, зборува Милијана со грутка во срцето.

Траги од страотната несреќа што се случи на 21. април, и денеска може да се забележат на улицата „Драган Стопаревиќ“ во Куманово. Жителите на околните куќи се чудат како е можно некој да вози толку бргу, кога улицата не е многу широка, од двете страни има објекти, живеат луѓе и пожелно е да се вози внимателно, особено навечер. На почетокот од улицата, исправена е трокатна зграда, каде под кирија живееше семејството Лазаревски.

Срѓан работел во пекара, сопругата Милијана во фабрика за чевли. Вредно работејќи, плаќаа кирија, сметки и одвојуваа по некој денар за двете ќерки. Помалата ќерка има три години, поголемата е второ одделение. Животот им зададе тежок удар. Пред седум дена, останаа без сопруг и без татко. Се вратија во родното село Орашац, оддалечено десетина километри од Куманово на патот кон Свети Николе.

„Што да правиме таму? Таму веќе нема живот за нас. Тука сме барем со двајцата браќа на маж ми, свекрвата, децата имаат вујко, сите се трудат да им ��доволат“, вели Милијана.

Солзите сами течат. Поголемата ќерка веднаш ја прекорува мајка си кога ќе ја види дека плаче. Помалата уште не разбира ништо, се врти околу мајка си.

„Се повеќе го бара татка си. Прашува кога ќе си дојде, каде е толку време“, зборува скршената мајка.

За неколку дена, планира да се врати на работа, оти децата бараат јадење, облека, школување. Животот мора да продолжи пред се' поради нив. Никој не се јавил да ја праша дали и' треба нешто или да и' понуди помош.

„Судот нека си ја заврши работата. Ќе видиме, не сме одлучиле дали и колку ќе бараме отштета, иако знаеме дека тоа нема да ни го врати Срѓан“, ни велат Лазаревски на заминување.

Општината Старо Нагоричане е оддалечена дваесетина километри од Орашац. Вчера беше обичен работен ден. Градоначалникот Јовановиќ и натаму ги избегнува новинарите. Неговите соработници, најпрво ни рекоа дека градоначалникот ќе се симне во секој момент, побаравме средба со него, му се јавија, но тој им рече да ни пренесе дека е на состанок.

Да каже збор-два како се случила несреќата, зошто не му помогнал на пешакот, зошто не се пријавил во полиција, планира ли да понесе политичка одговорност - немаше време.

Вработените во Општината велат дека градоначалникот секој ден доаѓа на работа и вредно работи на исполнување на зацртаните планови. Најголемиот дел од селаните, пак, сметаат дека треба да си поднесе неотповиклива оставка.

„Работев како возач 40 години и тоа во време на онаа Југославија, кога важеа закони. На секој може да му се случи да направи сообраќајка, оти на улица си, се'што може да биде. Ама ќе застанеш, ќе му помогнеш на човекот, ќе се обидеш да го спасиш... За ова нема оправдание“, ни вели чичко Миливој и напоменува дека осум години не седнал зад волан, оти веќе се чувствувал стар и неспособен.

На Јовановиќ ова му е прв мандат како градоначалник. Жителите на Старо Нагоричане имаат поделени мислења за неговата работа во изминатите три години. Едни велат дека асфалтирал само две улици од по 4-5 километри, други, пак, сметаат дека бил вреден човек, кој многу работи. Идната година се локалните избори. Предходно, се очекува и почеток на судењето. Јовановиќ ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќај и неукажување помош на повредено лице во сообраќајна незгода. Пасошот му е одземен за да не може да побегне од земјава со обврска редовно да се јавува на суд. Од неговата Демократска партија на Србите во Македонија веќе се изјаснија дека нема да му бараат политичка одговорност и ќе остават инстиуциите на системот да го расчистат случајот.

Како што објавија медиумите, Јовановиќ при првиот распит рекол дека не се сеќавал на ништо кобната вечер, ниту, пак, бил свесен дека удрил во нешто. Предходно бил на прослава, но нема официјална потврда дали бил под дејство на алкохол, како што се шпекулираше. По судирот, на местото на несреќата останал фар од автомобилот, па утредента, по проверка на стотина возила, „шкодата“ беше најдена.


Статијата е прочитана 5271 пати.

Испрати коментар



Одбележан 7 Мај -Денот на полицијата и безбедноста
Камерите задоцнија за Смилковци



liljana, 08.05.2012 06:40:23
Da ti se pluknam vo drzavata i vo ministerkata, se gordee so Pajazina, a ovoj ubiec slobodno seta. vo makedonija coveckiot zivot ne vredi ni pet pari, ama koga si nasle ovie ovci ke si gi strizat.Sozdravje da si ja nosite i Ministerkata i cela vlada, ovcicki
zivko, 08.05.2012 07:14:16
pijan bil , i posle soobracajkata pak se vratil na pienje
sime, 08.05.2012 07:34:27
Тешко човекот што настрадал, инаку тие од судството ако АВТЕНТИЧНО ги толкуваат законите ќе го ослободат градоначалникот.....
попај, 08.05.2012 09:12:53
не се сеќава на ништо. па како и ќе се сеќава кога бил мортус пијан и не бил свесен дека удрил во нешто или некого. да беше во опозиција досега со лисици ќе го собереа и камери ќе имаше ама сега е заштитено ж.....о. греота за децата кои го изгубиле таткото. господ да го казни бидејќи тој нема ништо човечко во него. кога не застанал да види што направил и да помогне туку како п....а се сокрил и се крие, тој не треба да шета слободно зошто и утре може да се начука и да направи поголема беља. тоа што пасошот му го зеле не е никаква гаранција дека нема да збирше надвор ама институциите функционираат и се тече според договореното.
toni, 08.05.2012 10:04:12
takva vlada takva drzava...neznam samo do koga vaka ke ne pravat majmuni...do koga ovoj narod ke gi trpi ovie bezboznici!
suze, 08.05.2012 10:43:16
E па да бевме пред избори можеби и ке застанеше да помогне,вака не го интересираат лугето околу него.Дури после некој ден од несреќата отиде да игра фудбал соЗЕЛС.Ајде уште еднаш да видиме како ќе пресуди независното судство за партиски војник на власта!
zike, 08.05.2012 11:18:33
ako nisto nese secava zosto otrcal utre denta vednas kaj majstor da go smeni farot.......
od belgija, 08.05.2012 14:24:25
zosto sega jankuloska ne bara ovaj covek da se osudi na dozivotna robija.ubil covek a isto go ubil semejstvoto od covekot gi ostavil siraci decata zalisno mnogu da bese musliman do sega bese pritvor se znae srbin i nesto tuka se gleda ili stravot od srbite ili pak interesot.pak kadee vladata sega na vakvi semejstva da im odredit nekoj fond da decata od bilo koja nacijonalnost siraci da im pomognat pozzz
Ина, 08.05.2012 15:32:43
Зборувајќи од сопствено искуство и јас бев силно удрен од возило на пијан возач и тоа на пешачки премин. И мене ниту ми се јави човекот што ме удри ниту ме посети во болница веќе 5 месеци колку закрепнувам, да не зборувам дека не ми пружи прва помош бидејки беше мортус пијан. Се прашувам каде исчезна човечноста меѓу луѓето?
Valentina, 08.05.2012 17:10:24
Go ubi bratucet mi gi ostavi decata siraci bez tatko.Uste li treba da bide na sloboda?Treba da se srami od funkcijata sto ja ima za sto go izbrale narodot da gi gazi i ubiva i da gi ostavi da umrat na ulica.Nisto ne moze da ni go vrati Srgan ama ako ima vlast da mu se sudi kako na ubiec a ne kako gradonacalnik.Nema nisto covecko vo nego ,go ostavi na ulica da umira i izbega.Da vidime kolku ima vlas vo Drzavava go izgubivme Srgan ama da mu sudat za toa sto mu go napravi znaeme deka nisto poveke nema da go vrati. Pocivaj vo mir btat.
ima i drug vinoven, 08.05.2012 19:56:02
Socuvstvo do semejstvoto na zaginatiot, eve slusnaa pretstavnicite od Crveniot krst Kumanovo i drugi humani luge neka pomognat.Inaku dobro e opisana sostojbata na ul.``Dragan Stoparevik``, vo pogled na sirocina 6,5 metri i od edna strana trotoar, a dolgi godini bese ednonasocna bas zaradi zastita na pesacite,a pred 4 godini neznam od koi strucni lica od MVR i od Opstinata i vrz osnova na koi analizi pak e odobrena za dvonasocen motoren soobrakaj.Bas bi sakal da go prezentira Gradonacalnikot na Kumanovo Odobrenieto i soglasnosta od MVR za noviot vospostaven rezjim, da gi vidime strucnite inzjeneri.
wd40, 08.05.2012 21:30:22
Liljana prasanje do tebe sto ima vrska Jankulovska so ovoj slucaj....Postoi sud koj treba da se izjasni ...sepak ova ne e e komunisticka Jugoslavija kade bravarot odlucuvase.... Inaku licno smetam deka covekov trega da e uapsen i da podnese neotpovikliva ostavka
VMRO-ORASAC, 08.05.2012 22:50:37
samo naka ja doznae vistinata premierot za da ne zstane zad gradonacalnikot zatoa sto pocinatiot e clen na VMRO-DPMNE uste od unija na mladei sili do denes ima i clenska kniska i moze da se proveri vo stab vo kumanovo vo kompjuter pozdrav za razbiranje

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |