Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.06.2012, 18:14

Идинината е во „дот.ком“ генерацијата, а не во пропагандите од 19 век

Силвана Бонева му одговара на бугарскиот европратеник Димитар Стојанов кој тврди дека таа му рекла дека е Бугарка

На претпоследниот Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ - Република Македонија, кој се одржа во Скопје пред 6 месеци, како член на Комитетот од македонска страна, разговарав со бугарските европратеници, членови на Комитетот, за нивното барање во завршната декларација да се осуди говорот на омраза кон Бугарија, кој според нивно мислење, го спроведуват некои медиуми од РМ и за кршењето на човековите права на луѓето што се изјаснуват како Бугари во РМ.

За жал, на некои политичари, како младиот бугарски европратеник Димитар Стојанов, единствено нешто што им е важно е манипулирање со вистината, за да ги убедат граѓаните дека само нивниот светоглед е израз на правилниот поглед во минатото, сегашноста и иднината, веројатно мислејќи дека така повторно ќе ја добијат довербата од граѓаните..

При првата наша средба пред 6 месеци, му кажав дека сум зачудена од тоа како може млад човек како него, толку многу да биде отруен со невистини и омраза кон Македонија, како да е инструмент во рацете на политиките од 19-тиот и 20-тиот век. Му посочив дека прави огромна штета издигнувајќи поединечни проблеми и судбини, како судбината на Спаска Митрова, на ниво на меѓудржавен проблем. На неговото тврдење дека Спаска води 5 годишна битка за своето право само затоа што е Бугарка, му кажав дека, од една страна, во Република Македонија никој не им пречи на граѓаните слободно да ја искажуват својата припадност и немаат никакви последици за тоа, а од друга страна, дека државата не смее да се меша во работата на судската власт.

Во ово�� контекст, му направив паралела со случајот со мојот син, кон кого бугарската држава прави очигледна дискриминација со тоа што повеќе од 6 години, иако нема никаква законска пречка, му го попречува правото да добие студентска, работна виза или престој во Бугарија. Проблемите со неговиот престој во Бугарија започнаа набргу откако поднесов тужба за клевета против Владо Бучковски заради неговата злонамерна изјава дека имам бугарски пасош. Тоа за мене беше време пред почетокот на новите парламентарни избори 2006 година, а за мојот син време кога требаше да дипломира на Факултетот за информатика на Софискиот универзитет. Чудна некоја коинциденција! После тоа на мојот син иако му следува како студент дозвола за престој, престана да му се одобрува истата и оттогаш има право само на 90 дена континуиран престој во Бугарија во рок на 6 месеци. Тој во Бугарија има свои колеги од факултет, Македонци, Бугари, Грци, со кои сложно работеа за остварување на својата егзистенција.

Додека тој студираше и работеше во Софија, сме разговарале зошто толку му се допаѓа да учи и да работи таму и какви му се односите со колегите, а неговиот одговор секогаш се сведувал на едно: „ние сме ’дот.ком’ генерација, нас не' интересира да научиме да создаваме нови вредности кои може да се продадат на пазарот... студираме, работиме, се дружиме и не сме заглавени како вашите генерации во политизација, историја и меѓунационални омрази“.

Но, мојот син веќе 6 години во Бугарија има право само на туристички престој. Прашуваше во амбасадата на Република Бугарија во РМ, но со години нема одговор зошто сето тоа му се случува, а и надлежните институции во Бугарија не му даваат официјално објаснение зошто не му се дозволува подолг престој во Бугарија. Некои службеници му укажувале дека ако потпише дека има бугарски „происход“, нема да има никакви проблеми ни за виза, ни за престој, ни за било што друго! Тогаш јасно му кажав на господин Стојанов дека јас, како Македонка, мајка на две деца, ако тргнам од моето искуство, треба секој ден да зборувам за дискриминаторската политика што се спроведува од одредени структури во Бугарија врз мојот син, но за разлика од некои луѓе во Бугарија што го злоупотребуваат случајот со Спаска Митрова за дневно политички цели, јас не го направив истото, иако можев да го генерализирам проблемот и секојдневно да говорам како бугарската држава ги дискриминира Македонците во Бугарија и ги принудуват да се пишат како Бугари! Во името на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија одлучив да не го правам тоа и му предочив на господинот Стојанов, кој според возраста е генерација на мојот син, дека такви поединечни случаи не треба да се злоупотребуват од политичарите за сеење на омраза и за правење делби помеѓу нашите две земји и народи.

Мојот разговор со него, го завршив со зборовите: никогаш нема да дозволам моите деца да бидат злоупотребени како што Вие ја злоупотребувате Спаска Митрова за дневно-политички потреби на поединци и структури кои не сакаат добрососедски односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија!

На последниот 11-ти Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ-Македонија кој се одржа во Брисел овој месец, иако беше најавен да учествува европратеникот Стојанов, тој не дојде на состанокот, па очигледно фрустриран од донесената Декларација, која е пораз на неговата националистичка политика кон Македонија, се нафрлува дури и на нашиот амбасадор во Бугарија, со барање тој да биде прогласен за персона нон грата.

Малку треба за лошо, велат старите, па по неговите изјави денес читам изјави од академици на нашиот сосед, земја членка на Унијата, кои велат дека Софија треба да му покаже заби на Скопје!

Сакам да ја прашам академската јавност на Бугарија, дали некогаш ќе се оствареше сонот на Аденауер и Шуман за обединета Европа, ако Германија и Франција продолжеа да си ги покажуват забите една на друга?!

До кога национализмите на Балканот ќе го поматуват умот на народите и ќе ги држат заробеници на омразата, која не' дели и уништува сите?! Каде ја оставаме заеднички декларираната цел - подобрата иднина на генерациите по нас?

Ако се уште сме за тоа, да продолжиме заеднички да работиме на градење на доверба, разбирање, пријателство и толеранција, вредности кои ќе ги оставиме во наследство на нашите поколенија, за да им овозможиме сигурна иднина!

Силвана Бонева

Координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ


Статијата е прочитана 4699 пати.

Испрати коментар



Голем товар врз кошаркарите
Тешки времиња за македонските медиуми
Европска банка
Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Министерот за здравство - шеф на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ
Се заколнаа новите членови на Советот на обвинители
Македонската црвена линија недостижна
Протестна нота за Грција поради налепниците
Црна Гора почнува преговори со ЕУ, Македонија ќе почека



milica, 26.06.2012 23:13:46
Silvana mu go kazala na Stojanov deka e Bugarka pa sega se odrekuva. Silvana, ne se srami od toa deka si Bugarka oti site preredbenici vo Makedonia se chuvstvuvalu Bugari - i Miladinovci i Goce i Dame Gruev i t.n
jovan, 27.06.2012 00:19:21
Neznam kako ne im zdosadi na Bugarive da ni objasnuvaat deka sme bile Bugari. Pa dva pati od ovde gi proterale( i toa na kloci), a tie uporno pa uporno ssti narod sme bile. Izgleda, red e nie fino i kulturno da im se izvinime deka ne mozeme da gi ispolnime uslovite da bideme Bugari, pa valjda togas i oni fino i kulturno ke svatat deka, Makedonecot nema namera doprva da bide Bugarin. Ako toa mozat da go svatat, Makedoncite gi pocituvaat i cenat Bugarite kako prijatelski narod so koj lesno se razbiraat, i sme spremni za sekakva iskrena sorabotka.Nema potreba da gledaat na nas kako na nekoj so *isprani srbomanski mozoci*. Ako ne mozat da svatat, togas i nas ne ni trebaat prijateli koj prosti raboti ne se sposobni da gi svatat. Toa e toa. Nema lutenje.
makedonoid, 27.06.2012 00:29:08
ako e idninata vo dot.com generacijata, zosto togas na gragjanite na r.makedonija koi imaat bugarsko drzavjanstvo ili se izjasnile za makedonski bugari (kako sto ste storile i vie spored zborovite na evropratenikot stojanov) ne im dozvoluvate da gi ostvarat svoiite grgjanski i covekovi prava iako se clenovi na vasata partija vmro-dpme.
slave, 27.06.2012 01:44:34
Ti tekna li deka idninata ne e no vo vremeto na Aleksandar Veliki? Bravo, vreme bese
Никола, 27.06.2012 02:24:52
Тоа, госпоѓо Бонева го кажете на македонските политичари. Најлесно е да обвинувате бугарските политичари, а да не се гледате себе.
Bogomil(ec), 27.06.2012 06:59:21
Во полни глави со национализам, не можете ништо да додадете. Тие се така структурирани, антимакедонизмот им е духовна храна, легитимација за хиерархиски подем. Тоа е бугарската реалност. Еден Божидар Димитров, панаѓурски мангуп, божемен историчар, со кого денес и во Бугарија си играат мајтап, поради болниот антимакедонизам, стана советник на донеодамнешниот бугарски претседател Прванов, а потоа и министер во владата на Борисов. Сега е само циркуски забавувач во научната јавност, кој ете најавува дека ќе снимал филм за некаков погром на околу 200.000 Бугари во Македонија по Втората светска војна. Од такви зовриени глави може да излегуваат само шупливи мисли. Стојанов е од неговиот сој.
mitre, 27.06.2012 07:50:07
Но Силве, вие не вративте во БУКЕФАЛ.КОМ и не урнисавте со АЛАКСАНДРОВ.КОМ ???????? Шчо праиме сега????????
васо, 27.06.2012 08:14:19
До jovan :....Makedonecot nema namera doprva da bide Bugarin....Никой не иска от вас да бъдете българи сега в ХХІ век!? Спора е за историята! Вие ровите гробовете и костите на Гоце, Даме, Гьорче, та дори и на Александров и Михаилов и ги пишете македонци?????
od ostrijot, 27.06.2012 09:40:27
gospogo dali imate ili nemate bugarski pasos toa go znajete samo vije no kako se veli kade ima dim ima i ogan.
Dejan Kumanovo, 27.06.2012 09:49:04
Da ne mislese na дот.ком.бг
Ivo vo Bugarija, 27.06.2012 10:30:08
Znaci ima dva varijanta za sinot da uce tuka i da zavrsi. 1. Da se pise Bugarin i po 103 Postanovlenie da ima pravo da se obucuva bezplatno i da zima stipendija. Megu drugoto mnogu Makedonci ovde zavrsija taka. 2. Da ne se pise Bugarin no za smetka na toa ke plaka taksa od pomegju 3000 i 5000 Evra na godina. Na osnova na ova bi ja prasal Silvaneva Boneva (gledajte youtube :) ) kako kakov se pisal sin i koga se zapisal vo bugarija i dali plakal ili ne plakal drzavna taksa, dali dobival ili ne stipendija. No da ne laze zatoa sto univerzitetite imaat arhiva i seto toa moze lesno da se proveri. Ajde malku istazuvacki duh vo makedonskoto novinarstvo. Pozdrav od Sofija i veruvajte bugarite se narod kojsto ni misli najmalku loso od site nasi sosedi. Prim,eni sme tuka kako ramnopravni gragjani so niv i nikoj dosega ne pravel problem za vrabotuvanje ili sto i da e drugo na nacionalna osnovo. Osobeno ne na makedoncite.
Ханко, 27.06.2012 10:46:06
Абе аjде да влезне по брзо Македониjа во Европската Униjа па секи да си jа гледа работата и сички мераци на наши и ваши националисти да бидат исполнени , демек ние да сме во една држава с Охрид , а вие со Пирина , аман веке от пропаганди и омрази од секаков вид ..требе да чекориме напред , се додека овде се препукуваме по форуми и весници во други земи лjудете работат и си го живеат животот..позз од Бугариjа!
Itar Pejo, 27.06.2012 11:05:36
Ubavo mu rekla Boneva na bugarinot: дека државата не смее да се меша во работата на судската власт! Ama toa da im go kazese i na nejzinite, ovde vo Skopje.
Svetlozar, 27.06.2012 11:27:31
Госпого, вашиот син не оди во затвор, како Спаска, бара си работа и среда во БГ, тоа што го посуветовали да си извади бг пасош е рационален став, по иста логика лугето бараат и американски пасош, тоа не е дискриминациа, прашаjте го дали некоj овде во БГ му правел проблем за тоа што е от МК
Како си лафеа, 27.06.2012 11:41:08
А Силве на кој език си лафефте и приказвавте со Стојанов? Вака и ми наликуваш на чистокрвна Блгарка., а тоа дали имаш Бл пасош или не,ти си знаеш.Но нема скриени тајни , да знаеш Силвана.
nekoj vaka nekoj taka, 27.06.2012 11:43:07
Nekoj pravi podelba na Balkanot so vrakjanje vo minatoto, a nekoj pravi podelba vo R.Maledonija isto taka so antikvizacijata. Sto e poloso???
патриот по потреба, 27.06.2012 11:46:36
Кутрата и самата не знае шо е !!!?Врвен политичар а и многу бугарофили не зеле да ја анализираат истотијата......Во Пиринска Македонија и мнозинството во Софија сеМАКЕДОНЦИ(доселени од Македонија)..... а во Македонија си се ЧИСТОКРВНИ МАКЕДОНЦИ кои во времето на окупациите му служеле на бугарските власти,а тоа што во одреден момент таа се чувствува како бугарка -тоа е нејзино право.
Silvano, zacuti vece ednash., 27.06.2012 12:40:16
Ovaa gospodja e premnogu prisutna vo nashite i bg mediumi, a daleku e od tolku pametna i sposobna. Ako e sin i od dot.com generacija, a Stojanov e generacija na nivniot sin, pa od koja sorta e toj Stojanov? Neka se gospodjata pogleda vo ogledalo i da se zaprasha shto zapravo tie mu rabotat na makedonskiot narod, ne bugarite. Drug pat namesto nea bi bilo pametno da se prati Kaliopi, taa znae kako da se spravuva so takvi kako Stojanov i nemu slichni. Kavgi ne ni se potrebni, nego ljubov i razbiranje. A Spaska e samo rezultat na Gruevskiot inaet i *kavkadziluk*, a ne na sudskite odluki, koi se koristat kako paravan. Toa i slepcite go gledat, a ne pa bugarite. Zatoa Silvano, odi si! Zaedno so Gruevski i site sledbenici na Acata. Dosta ni e od site vas i vashiot 19 vek, pardon, 4.vek p.n.e.
Goran, 27.06.2012 13:17:16
10 godini se imale bugarski pratenik vo naseto sobranie a ne sme znaele. Odma da si dade ostavka.
venstar, 27.06.2012 14:01:29
Прашуваше во амбасадата на Република Бугарија во РМ, но со години нема одговор зошто сето тоа му се случува, а и надлежните институции во Бугарија не му даваат официјално објаснение зошто не му се дозволува подолг престој во Бугарија. Никоjа амбасада не дава обjаснение зошто одбила да даде виза. Ни на САД, ни на ЕУ.
do potrebniot, 27.06.2012 16:58:17
I vo pirinskiot kraj i vo drugi delovi od istocnata sosedna drzava ima cistokrvni etnicki Makedonci.
krste, 27.06.2012 19:32:49
Еми Силвана, нека се врати синчето во Македонија, нека почне бизнис како што рекламирате вие ВМРО-вците......ОСМЕЛИ СЕ !!! Зошто ти не работиш по инструкциите од оваа Влада, или она ОСМЕЛИ СЕ ќе се претвори во ОДСЕЛИ СЕ како за многумина Македончиња кои се распослаа по светот од вашите успешни политики??????
Fama, 28.06.2012 00:47:06
I posle 20 godini navodno propaganje na komunizmot vo MK seuste e najstrasno da se izjasnis kako bugarin.Nedaj boze da imas bugari vo parlamentot zosto samo tie se nelojalni gragani na MK.Sekako vo parlamentot moze da imas albanci koi do neodamna setale so oruzje vo race niz MK i ne pocituvale zakon,srbi koi se kolnele vo vernost sprema milosevik i JNA,vlasi koi imaat golemi biznis interesi so grcite,bosnaci koi rabotat za turskata kauza i tn. ama bugari ne smee da ima nikade vo MK a najmalku vo parlamentot. I se cudam ne samo na makdonskata strana ama uste poveke i na bugarskata sto pridavaat bilo kakva vaznost za toa koj kako ke se izjasni po nacionalna pripadnost a site tezneat ili veke se evropjani?!?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 11°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кои ќе бидат најбогати во 2050?
Можете ли да поверувате дека до 2050-та година Нигерија и Египет економски ќе ја престигнат Германија? А кои ли ќе бидат...
Покриени пред и зад камерите
Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен...
(ФОТО) „Гринпис“ повторно протестира на Арктикот
Ова е веќе втор обид на „зелените„ во последните три дена да го насочат вниманието кон проблемот со експлоатацијата на п...
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |