-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хпороскоп





ОВЕН

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својата подобра половина и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.



БИК

Новата надеж за исполнување на плановите повторно е на хоризонтот, па и вие можете малку да се олабавите и да му покажете на партнерот колку го сакате. На вратата ќе ви чукнат нови инвеститори кои ќе ви дадат понуда која нема да можете да ја одбиете.



БЛИЗНАЦИ

Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно, ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.



РАК

Доколку одлучите да кажете една тајна, треба да бидете подготвени на она што ќе следува потоа. Ќе се појават лавини од трачови за едно лице кое не ги заслужува. Бидете подготвени на деловни одложувања и фрустрации кои ќе произлезат од работата.



ЛАВ

Имате проблеми со финансиите, па препорачливо е да проверувате и по два пати што потпишувате и што купувате. И комуникацијата ќе ви претставува проблем, зашто едно лице ве доведува до лудило, така што не можете да се контролирате.



ДЕВИЦА

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви застанат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да избирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.



ТЕРЕЗИЈА

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате.



СКОРПИЈА

Вашиот природен инстинкт денеска ќе ви дава посебни сигнали поврзани со одредена работа која зад себе носи големо малтретирање. Покрај тоа, вие сте способни да му испратите суптилни сигнали на лицето што ви се допаѓа, а никој да не забележи.



СТРЕЛЕЦ

Денеска ќе шармирате некого со својата појава, па затоа навреме проверете во кого сте ја насочиле енергијата за да не зажалите подоцна. И соништата можат да се остварат доколку имате силна желба и волја во преземањето практични чекори. Имајте го ова на ум.



ЈАРЕЦ

Ќе дрдорите, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се - и тоа ќе се реши наскоро.



ВОДОЛИЈА

Ќе се најдете во средината на еден скандал, а нема да ви биде јасно како се случило тоа. Едноставно, премногу зборувате на погрешно место. Но, со оглед на тоа што денеска сте многу шармантни, се' ќе помине безболно, а вие конечно ќе сфатите дека некогаш имате предолг јазик.



РИБИ

На финансиски план конечно се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете ново лице, не дозволувајте вашата лутина и фрустрации да влијаат врз конечниот суд, туку дозволете и да ги покаже своите квалитети.





„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 29°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |