Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
26.06.2012, 17:31

Од Источна Македонија е иселен цел град од 15.000 жители

Во помалите општини речиси никој не се враќа откако ќе заврши факултет. Ако не замине во Европа, најчесто останува во Скопје

Иван Бојаџиски


Штип – Цел еден град голем колку Делчево е иселен од источниот дел на државата во последните петнаесетина години. Над 15.000 главно млади луѓе, во кои секоја власт се колне дека се нашата иднина, се иселиле од Источна Македонија низ светот. Сите фатиле магла од родните огништа откако дома не успеале да го реализираат животниот сон, ниту, пак, да си обезбедат барем трошка човечка среќа и грам достоинствен живот.

Искрената исповед на градоначалниците на Кочани и на Виница низ интервјуата за нашиот весник јасно го лоцира проблемот. Виничкиот градоначалник Емил Дончев рече дека од оваа општина досега се иселиле близу 4.000 млади луѓе, кои, во најголем дел, си нашле работа во Италија, земја во чиј град Канели, благодарение на доселените виничани, повеќе се слуша македонскиот отколку италијанскиот јазик. Таа бројка е еднаква на бројот на вработените во оваа општина. Преку лето во Виница можат да се сретнат повеќе автомобили со италијански регистарски таблички отколку со македонски. Кочанскиот градоначалник, пак, Ратко Димитровски вели дека во втората по големина општина во регионот најголем проблем е невработеноста. Во овој град бројот на невработени е изедначен со бројот на вработени. Шансите да се дојде до работно место се еднакви на нула, бидејќи во Кочани нема ниту најави за нови инвестиции во стопански објекти.

„Завршив Педагошки факултет, барав работа во струката и надвор од неа, барав каква било работа, ама секаде наидував на затворени врати, секаде ми велеа дека и тие што ги вработиле им се премногу. Немав друго чаре освен да се спакувам и да си ја барам среќата п��во во Грција, а потоа во Италија. Во Италија заминав со бугарски пасош, оти така е најлесно, тие се во ЕУ па на границите никој не ни прави проблеми“, ни рече Митко, 31-годишен кочанчанец, кој веќе три години е на работа во Италија и има намера, како што вели, ако му се даде шанса, таму да остане за навек.

Во рударскиот град Македонска Каменица од близу 6.000 жители половина не се дома. Во неможност да се справат со сиромаштијата, свесни дека ги бидува за работа макар каква и да е, децата, како што ни рече пензионираниот рудар Димче Анастасов, си го фатиле патот.

„Каменица е полупразно гратче. Гледам една жална слика, а срцето ми се кине од вистината дека навечер сум сам во голема куќа, која моите тројца синови ја изградија работејќи десетина години во Швајцарија. Едвај чекам да дојде јули кога сите си доаѓаат дома, па да си ги гушнам внучињата. Тоа што семејствата ни се растурија, тоа најмногу боли“, со тага во гласот ни зборуваше некогашниот ударник на „Саса“.

Во Делчево речиси и нема семејство од кое барем по еден млад човек не зел бугарски пасош и заминал во белиот свет во потрага по парче среќа. Процените се дека од општината заминале близу 3.500 лица. Бугарскиот пасош за овдешните млади луѓе е единствен начин да се замине некаде во Европа, да се обезбеди живот за себе и за семејството.

„Тука имаме два исклучително лоши момента за нашата држава. Првиот е што младите се изјаснуваат за Бугари кога бараат бугарски пасош, а вториот, кога еднаш ќе заминат тие повеќе не се враќаат во татковината. Делчево е празен град, млади луѓе ретко ќе сретнете по улица, а се' се одвива по старата изрека ’еден оди сто води‘, бидејќи кога еден ќе замине тој прави се' за во туѓина да ги однесе и најблиските. Ова е најлошиот можен резултат кој произлегува од фактот дека државата, во однос на инвестициите и развојот го заборави нашиот регион“, ни рече средовечен угледен граѓанин на Делчево, поранешен локален политичар, кој не сакаше името да му го има во весник.

За разлика од Делчево, беровци најмалку сакаат да заминат во странство, но секој што завршил факултет останува да живее или во Скопје или во Штип и не се враќа дома.

Најимпресивна приказна во однос на оваа жална македонска тема е виничкото село Блатец, кое некогаш беше самостојна општина. Од над 2.000 жители, сега во убавото потплачковичко село ги има одвај половина. Атанас Ангелов е угледен и успешен земјоделец, кој има три комбајни и повеќе други земјоделски машини. „Лани и преклани барав млад човек да работи со комбајните, ама не најдов ниеден, иако нудев услови какви што ги нуди и Европа. Годинава живеам во голем страв дали таа слика ќе ми се повтори. Едноставно, во селото кое некогаш вриеше од млади, денес нема човек помлад од ��едесет години. Тоа е нашата, блатечка, ама и македонска трагедија и некој мора да го спречи тој процес на одење на сите наши млади деца во туѓина“, ни рече Ангелов.

Неговиот соселанец Борче Симеонов (52) , исто така земјоделец, им порачува на властите да ги вратат задругите ако сакаат да оживеат селата, а младите дома да си ја бараат среќата.

Милка Димитрова, наставничка со тридецениски стаж во ОУ „Кочо Рацин“, во ноември 2010 година ни изјави дека пред петнаесет години во училиштето имало 400 деца, наспроти во моментот само 130. Во селото не ја најдовме наставничката, но луѓето со кои разговаравме не' убедуваа дека сега во школото нема ни стотина деца.

„Факт е дека децата ни избегаа од оваа немаштија. Заминаа главно за Италија, а уште полошо е што досега никој не се вратил од таму. Ова село некогаш беше полно со живот, денес е само сенка на некогашните убави времиња“, не' убедуваат Ангелов и Симеонов.


Статијата е прочитана 9530 пати.

Испрати коментар



Во Шуто Оризари пет години нема гинеколог
Хари Локвенец кандидат за градоначалник на Прилеп?
Почна „летната сезона“ на крадење во Битола
Последното семејство биволи во Пелагонија пред изумирање
И уште нешто



jovan, 27.06.2012 00:49:10
Makedonija/Makedoncite imaat OGROMEN problem so natalitetot i masovnoto iseluvanje od drzavava ili odredeni reoni od drzavava(Istocniot). Za razlika, zapadniot del na drzavav nema problemi so natalitet, no i od tamu dosta begaat vo stranstvo. Razlikata e vo toa sto mladiot Makedonec koj e prisilen da bara parce leb nadvor, poveke ne razmisluva za idnina vo Makedonija.Se custvuva kako da e izbrkan od tuka i so Makedonija se povrzani dodeka se zivi roditelite. Kaj Albancite e poinaku. Tie*so edna noga*se stalno ovde, investiraat, kupuvaat, gradat, i si ja sirat teritorijata. Opasnosta za Makedoncite e toa sto stvaraat vakum koj lesno se popolnuva so drugi. Vo Bugarija i Srbija go imaat slicniot problem, no nikoj teritorijata ne im ja popolnuva. Kaj nas duri i vo Dojranskiot region pocnuvaat da se*obnovuvaat* dzamii.Mariovo od damna go demnat, Veles e obikolen so dzamii, Prespa se polni so dzamii...Makedonecot ja gubi najvaznata bitka. Site drugi bitki se nevazni ako ovaa se izgubi.
bitola troa skolovan, 27.06.2012 01:12:23
Gledam deka nikoj nesaka da ja kaze vistinata.Vo svetot rabotata vo drzavna administracija e najslaboplatena rabota ali sigurna i 8 saati,zatoa e pomalku atraktivna.Kaj nas e obratno zatoa i nasiot prosecen licen dohod e 300 evra sto vazi samo za onie koi se na budzet so plata i cest na malku firmi se drugo e boranija od 100 do 200 evra odvaj.Zatoa cela istocna makedonija se doseli vo skopje da zema drzavna plata i toj pritisok napravi da partiite mesto uspesna ekonomska politika i regionalen razvoj zakrzlavija vo toj pogled i go napadnaa budzetot samo za plati.Pogubno bi bilo za sekoja vlast da se sprotivstavi na najpogresniot priod sto dosega e napraven da se namali administracijata.
edna majka, 27.06.2012 04:17:14
Pred 7 godini so maloletno dete se preseliv vo Australija i ne se kajam sto si otidov. Kako samohrana majka edvaj uspevav da zarabotam za osnovni potrebi i cekav od penzijata na roditelite da mi dadat za patiki za deteto... Ostanav so edno dete i mi se raspadna brakot od raspravii i nemanje za normalen zivot. Nikakva pomos nemav kako samohrana majka tuku imav slucaj pri baranje rabota da mi bide kazano: Lesno ti e ti da najdes rabota bidejki si razvedena?!!! Ziveev vo strav koga ke porasne deteto i pocne da iskaca da ne mu se sluci nesto... i si otidov nekade kade navistina mi e poarno. Ovde se raboti ama zatoa ne mislis dali ke imas za leb, a ako slucajno ostanam bez rabota imas pravo na socijalna pomos koja e sosema dovolna za poskromen zivot. Zal mi e sto porano ne si otidov ama edno sum sigurna: Nikogas poveke ne se vrakam tamu kade bev graganin od vtor red vo sopstvena tatkovina...
Boban, 27.06.2012 05:30:50
Nema kukanje, nema placenje sega. Koga se glasase trebase da se misli a ne sega. I mene ne mi se dopadnaa rezultatite od glasanjeto bidejki me nadglasaa tie sto sega kukaat i placat vo Makedonija, i jas mu ja zbrisav vo stranstvo. I ne se kajam, i ne se vrakam nazad. Osven kako turist.
s ziberi, 27.06.2012 06:10:07
koga ovcarot nee dobar muse gubat ovcite
Tina, 27.06.2012 06:30:24
Toa e prirodno. Sekoja decenija, mladite ke si odat po svoji pateki na infra strukturata. Sepak ina i za roa lek. Denes, se raboti od doma so Internet, na site pateki na razvitok i upotreba, pa i tuka vo ubavite malecki gradovi / opstini, moze da se raboti, za privatna organizacija ili za drzavata. Arhitekti, i taka na tamo, vie znaete po dobro. Koga ke vlezish vo buchen grad, i so polucija na vazduhot, ke plakish za da si dojdish doma. Mala opstina ili selo, ne e vazno denes. So nova tehnologija moze da se raboti od sekade. Toj pat e na slednata tochka na razvitok. Brkaj te gi patista.
АНОНИМЕН, 27.06.2012 09:57:25
НАВИСТИНА ЖАЛНО,АКО СЕ ЗЕМЕ ВО ПРЕДВИД КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ ДОБИ ВЛАДЕАЧКАТА ГАРНИТУРА ВО ОВИЕ ШЕСТ ГОДИНИ ОД ИСТОЧНИОТ РЕГИОН,НО ЗА ЖАЛ, МЕСТО ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА ГЕГИОНОТ ТИЕ ЈА НАПРАВИЈА ОВАА СЛИКА КОЈА ВО НАРЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПО ДРАМАТИЧНА.НЕ Е САМО СКОПЈЕ,МАКЕДОНИЈА,ДА СЕ ПОТСЕТАТ КОИ И БЕА ЗБОРОВИТЕ(НА ЛАГИТЕ) ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ.БРЗО И СИГУРНО ЌЕ СЕ ИСЕЛИ ЦЕЛИОТ РЕГИОН.СО ВАКВИ ИНВЕСТИЦИИ И ВАКВА ИНФРАСТРУКТУРА НЕ БИ ОПСТАНАЛ НИКОЈ..........................
ognen, 27.06.2012 11:06:35
neznaeme da se organizirame kako nacija toa pokaza ovie 22god,vlada namesto da pravi nesto(sem spomenici i crkvi)sekoj den se fali kako se amlila nevrabotenost (so briseneje od spisok od 1000pricini)sekoj de se fali edinstvena zemja mak kade nemalo kriza...a site nevraboteni?????spored vmro se e med i mleko...vlad avika se patrioto a deli na granica aplikacii na nasi od stranstvo da se otpisat od makedonsko drzavjanstvo ...pa sto e togas cudno se iseluvat ludje..a sto da pravat?da legnat i da umrat nema tza leb ako nemas pari nemoze da se lecis.....
mite, 27.06.2012 12:38:12
Ако потрае Преродбава на Грујо уште некоја година, цела македонија ќе се сотре............Наздравје да ни е, ама Грујо вели работел ПРОЕКТИ????? Јас освен споменици, ниеден проект не гледам, ама не носам розови очила.........
Anticki makedonec u moderna evropa so Bg. Pasport, 27.06.2012 12:46:14
Poveke od 15 000, se iseleni. Kade vi e opstina Radovish koja ima zagubeno 5000 luge?
yordanov, 27.06.2012 12:59:36
koga nema leb na masata,i koga te progonuvaat izvrsiteli ke zemes ne samo bugarski i tadzekistanski pasoh ako treba,decata moi ne prasuvaat kakov pasos imam.Vazno e deka imaat eurokrem vo friziderot,ovoshje,sokcinja,igracki,i nekakov normalen zivot...a vo MK zemjata nedojdija kako da sme tuginci...pa pododbro da bidam tuginec nadvor ,otkolku vo svojata drzava...smetki ima da platime i ne se zamarame so politicari i so edni isti faci sekoj den so godini,so nisto ne napravija za nas...sekoj so moze sto podaleku od Mk...za zal toa e realnosta...
Lazarewski, 27.06.2012 13:54:37
Sekade e istoto vo cela Makedonija !! Se nadevame i taka da prodolzi ponaamu i ova drzavicka da si ostani taka pusta kako sto e i sega :))
TomAS, 27.06.2012 14:52:02
Mozam da gi razberam ovie luge i nivnata zelba za poidobar zivot... Ne chudi i faktot deka ovie dobri luge-rabotnici, se posluzile so itrina da stignat do druga drzava, za da zarabotat za podobar sopstven zivot... Ali ne mozam da sfatam kako tie luge seuste ne sakaat da izlezat pred javnosta (svetskata javnost- a ne komsiite) i da kazat deka Bugarskite pasoshi gi platija so edna i edinstvena cel, da stignat vo STRANSTVO... Deka e toa taka, ajde da se organizirame i:- ili gentlmenski da se zablagodarime na uslugata i da gi vratime tamu kade se zemeni, -ili da odredime den i pred cel svet da kazeme, zosto gi pobaravme tie pasoshi i istite da se ponistat pred javnosta
neron, 27.06.2012 16:01:56
тоа јас пишувам луѓе секој ден.. ама сте биле наивни.. дури сега сте виделе дека груевски е за непотикнување на наталитетот во македонија кај мак.народ.. а што се однесува до нас албанците.. ние имаме аманет од нашите пра.пра.пра.пра.пра.пра.пра дедо до родиме деца.. ова го нема во книгите за историја.. а вие си пиете нон стоп од водата на груевски кој ве ххрани со антиалбански пароли.. но не е така,, не се живее на туѓ грб секогас. има Господ тој гледа се и казнува.. НА ГРУЕВСКИ му е важно само Скопје да го спаси да не го земаме ние Албанците.. па што прави тој го полни го полни и го полни а во истиот момент другите градови се испразнуват.. резултат 1=0 гласајте за повеќе споемници и цркви.. гласајте за груевски... тка ќе имате убава иднина НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА...
v.m., 27.06.2012 16:30:49
veruvajte deka ima nasi koi ziveat po italija vo polosi uslovi otkolku sto gi imale doma... ama toa ne e vazno, vazno e da se izbega od drzavata... ima luge sto ostavija doma po hektari zemja i mehanizacija a otidoa da argatuvaat po tugi dvorovi i lozja.... e toa ne mozam da go razberam
Amerikanec, 27.06.2012 16:58:20
Glasanjeto nema vrska so iseluvanjeto, za koj i da glasash isto ke bide pak ke ima iselenici, Makedoncite bile ,se,i ke bidat pecalbari iselenici po tradicija isto taka i Albancite i ostanatite balkanski narodi, skoro da nema drzava vo svetot kaj sto nema balkanci, tuka nekoj kazuva oti sme glasale za segashnive pa sega placeme sto nema vrska, jas zaminav vo Amerika koga bese SDSM na vlast sto bese uste poloso otkolku sega, no toa nema vrska so toa za kogo si glasal tuku treba da sfatite deka tolku e silata na Makedonija, tolkavi se kapacitetite i takov e narodot, za da smenish nesto vo ovaa dadena situacija potrebno e mnogu vreme, mnogu poveke otkolku sto mislime nie deka so edna promena na vlada ke procvetaat cvekinja i ke ima rabota za site i ke zemame plata od 500 evra, prazni muabeti.
Nikola HA8 9LR, 27.06.2012 17:00:40
Brakja i sestri ! - abe, se e dobro, ete, napravija da moze da glasa dijasporata...znaci, edni ke glumat politicari po Skopje, a drugite, sto ne sme na penzija, ke rabotime po svetot, za da ima od sto da se dade taa penzija...Znae li nekoj, kolkava e plata na pratenik ? - pa uste i dnevnici, i prevoz mu sleduva ?, demek, makedonija od kraj vo kraj e 7000 milji
viktor, 27.06.2012 17:10:51
TAKA NI TREBA KOGA NEZNAEME DA SI JA CUVAME DRZAVATA SAMO BEZKICMENJACI KE NI JA VODAT DRZAVATA ZA NIVNIOT DZEP MISLAT.SO FAKULTET NE MOZES RABOTA DA NAJDES NE BUGARSKI I ALBANSKI PASOSI KE VADAT SAMO DA IZBEGAAT OD OVAA PROKLETIJA BRAVO NA TIE STO USPEALE DA IZBEGAT I DA SE SPASAT OD OVAA PROKLETA MAKEDONIJA
Ѓорги, 27.06.2012 18:29:04
Примеро за село Блатец е во ред, но само делумно точен. Од 2700 жители, сега се присутни помалку од 400. До крајо на август месец и тие ќе се преполоват. Само од Виничка општина (тука спаѓа и село Блатец), се исселени околу 10.000 жители. Берово (само градо), иако лицата не се замината надвор од земјата, има над 6000 жители кои се у Скопје, без добра причина да се вратат назад. Од општините у Источна Македонија, единствено Струмица и тие кои гравитират економски кон Струмица, „куртулиа“ од принудната економска миграција. Ама не за долго.
Vane, 27.06.2012 20:28:45
Nasiot gradonacalnik vo Vinica e pecen za na lozje vo Italija so negovata tajfa.Nisto nema investirano vo Vinica samo gi vrabotija najbliskite ...
??????, 27.06.2012 21:33:05
Да ви кажам какошто одат вака работиве за кратко време во Македонија кеостанат само Бранко и Никола со нивните фамилии и со семејствата ,зошто самозанив има живот вооваа наша Македонија ,за џабе е и факултет и магистерска ништо не вреди аконе си од една од нивните фамилии работа нема нема нисто ако не си во нивните партии
studentka, 27.06.2012 21:53:10
Pa zosto da ostanuvaat vo makedonija? Jas seuste sum student i uste sega preku ponudite za studenti za rabota vo letniot period baram prilika da odam vo stranstvo i da zrabotuvam za sebe a i da im pomognam na moite roditeli koi so nivite mizerni plati ne mozat da gi otplatat smetkite i da ne prehranat mene i moite dvajca braka... ist e slucajot kaj mnogu moi prijateli, kolegi, poznanici...zosto da se molis , da te ucenuvaat (glasaj za nas pa ke te vrabotime).... A da ne zborime za posle diplomiranje.... bugarskiot pasosot v dzeb i aufviedersehen macedonia....
ass, 27.06.2012 21:55:46
samo taka treba za ovaa drzava ona znae koj treba da zivee a koj da bega od svoetoo ogniste...videte kolku se zima plata vo ovie gradovi dali ima dovolni za zivot ili ne.i madite so bi pravele so ovie pari..a site institucii spijata nema nitu edna inspekcija so raboti kako so treba site sa korumpirani od fabrikite
Источњак, 27.06.2012 22:38:05
40.000 Македонци имаат бугарски пасоши, а тие и за своите родители, браќа и сестри имаат кажано дека се Бугари. Се поставуваат споменици на Радев, Александров и други крвници на македонскиот народ. Намерно не се прекинуваат преговорите или не се решава спорот со името, бидејќи Владата не сака ни НАТО ни ЕУ. Целта: да се создаде чуство на очај, интелектуалците да заминат од државата како Бугари, за со тие што ќе останат, полесно да се манипулира.
anonimen, 27.06.2012 22:52:06
15000 се иселуваат на секои 6 месеци од источна Македонија. Нас во државата ни фалат преку 250000 жители кои се иселени во странство... Еве уште една статистика: 60% од младите од источна Македонија работат во Скопје, другото е или во родното место или во странство. Поздрав
Angello, 28.06.2012 00:10:38
vo delcevo poveke bugarski pasosi imat zemeno budzetarite i vlastodrscite otkolku mladite luge koi go napustaat gradot
NIKOGAS POVEKE, 28.06.2012 00:28:22
Sto kukate , sto plakate?!?Veke i ne si idam a se sto sum vlozil vo MK silno sum resen da si go povlecam vo stranstvo.Na granica vlegovme so stranskiot pasos jas i mojata familija,velam aj da odam na edna nedela da go pisam deteto makedonce da ne ni zagine imeto oti se rodi vo stransvo,nikoj na granica ne mi kaza deka na vrakanje treba da imame i MK pasos ako imas MK drzavjanstvo?!?Me vratija so bebe vo race kako zemjata da e S.Korea a ne MK,mozes da vlezes ne mozes da izlezes, pa duri mi velat policajcite na granica otkazi se od MK drzavjanstvo.Ej alooo pa ja za toa dojdov makedonce da go pisam deteto.Sekoja godina prakam i vlozuvam vo MK ama dosta e RAZOCARAN ke dignam race od se a mojte deca ni na karta nema da ja znaat MK.
mico, 28.06.2012 01:18:58
pametna e vlasta sopravenje na spomenici eden den koga pecalbarite ce se zbogatat i ce dojdat doma da trosat golemi pari pokraj vrbite vo ladovina ,za zal sostojbata e taa lek nema sedisi i gledaj seir makedonecot povise i ne zasluzuva ni dadoja sansa sve iskockavme sega nie sekoj kriv sem nie .za deset godini ce se vikame penzionerski dom republika makedonija plus administracija i ludi politicari i tolku.nikoj nenie kriv koga politikata ja napravivme kako merilo za uspeh vo vrabotuvanje i kradenje a ne za pravenje drzava,mislam deka makedonija e edinstvena drzava vo svetot kade mnozinskiot narod e gradjanin od vtor red so napomena ugnetuvan od tokmu bolniot makedonec.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...
(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |