„Студентски индекс“ повикува на протести
Организацијата „Слободен индекс“ повторно ги организира студентите на протести. Остануваат на старите барања, кои и покрај ветувањата, се' уште не биле исполнети. Бараат укинување на партиципацијата, изградба на нови студентски домови, бесплатно здравство. Се бореле и за бесплатни студии за социјалните случаи и за студентско организирање, каде што нема да бидат претставувани од студентскиот сојуз, кој за нив е нелегитимен.
СПУКМ не ги поддржува протестите. Велат дека и тие се за подобрување на студентскиот стандард и дека речиси сите барања на „Слободен индекс“ биле исполнети. Но, за разлика од нив, СПУКМ проблемите ги решавал институционално. (П.Р.) |