Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

И јуни ќе биде без датум за преговори

Без решение за името, нема почеток на преговорите, вели европарламентарецот Јоргос Кумуцакос

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Во Стразбур европратениците не веруваат многу дека Македонија ќе го добие датумот за преговори на идниот јунски самит на ЕУ. Словенечкиот европратеник Јелко Кацин завчера рече дека нема одговор на прашањето дали Македонија ќе добие датум за преговори во текот на годинава. Но, тој мисли дека со храброста со која сега се соочува Грција со економските тешкотии, нејзиниот премиер покажа дека е способен да донесе историски одлуки кои понатаму ќе го стабилизираат овој дел на Балканот. Кацин се надева дека и македонската страна ќе биде во состојба да одговори на адекватен начин.

Но, грчкиот европратеник Јоргос Кумуцакос и поранешен портпарол на грчкото Министерство за надворешни работи смета дека неговата земја нема да ја подигне блокадата за давање датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Поранешниот портпарол на Дора Бакојани ги поздравува зачестените средби меѓу премиерите на Македонија и Грција, оценувајќи ги како нешто позитивно. Но, тој не гледа ништо конкретно за да извлече заклучок дека може да очекуваме решение на проблемот околу името во наредните месеци. „Засега имаме средби и разговори, но нема такви промени во позициите што би не довеле до заклучокот дека нештата ќе се променат радикално.“

Грчкиот европратеник од редовите на Нова демократија не верува многу дека социјалистичката влада на Папандреу ќе даде зелено светло за датум за преговори за Македонија. „Се' додека прашањето за името останува такво какво што е сега, мислам дека нема да има промена во грчката позиција“, вели тој.

Моментно владата на Папандреу, која донесе многу непопуларни економски мерки на штедење за излез од тешката криза, според Кумуцакос, не може да си дозволи една друга „тешка“ одлука, која не би била прифатена од мнозинството Грци. Тој тука мисли на одлука да и' се дозволи на Македонија почеток на преговорите, без притоа да биде решен проблемот со името.

Проблемот со името, според Јоргос Кумуцакос, не може да се поврзе со меѓуетничките тензии во Македонија, кои постојат одамна, тие се предизвикани од сили во земјата и смета дека Владата од Скопје може да ги надмине.

Интересно е дека Кумуцакос пред извесно време му се обрати на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле да побара од него објаснување зошто тој го користел уставното име на нашата земја, во едно интервју дадено за македонските медиуми. Ова интервју предизвикало реакции и длабока непријатност во Грција, пишува Кумуцакос. Тој го прашува Фуле дали неговите изјави се во рамките на институционалните функции на комесарот задолжен за проширување и дали сведочат за „волјата да се промени досегашната политика, следена доследно на кохерентен начин од Европската комисија во однос на прашањето за името“. Според грчкиот европратеник, користењето на уставното име на нашата земја од еден официјален претставник на ЕК изгледа како отворено заземање страна и дека тоа е флагрантно кршење на принципот на солидарност кон една држава-членка на ЕУ.

Во одговорот, кој многу брзо дојде лично од страна на Фуле, тој го уверува грчкиот европратеник дека политиката на Европската комисија околу ова прашање не е променета и дека Комисијата им дава целосна поддршка на напорите што имаат цел да се најде заемно прифатливо решение под покровителство на ООН. Користењето на уставното име еврокомесарот Штефан Фуле го правда со фактот дека интервјуто било дадено за национален телевизиски канал и во никој случај не претставува прифаќање или критика на позициите на една од страните во конфликтот.


#
Статијата е прочитана 979 пати.

Испрати коментар

Од: maki
Датум: 20.05.2010 02:06:24
Ne e tragicno ako ne dobieme datum za pregovori. Grcija e vo EU pa losata politika i ekonomija eve do kade gi dovede. Nie go izdrzavme naletot na svetskata ekonomska kriza so stabilen kurs na denarot. Vladata povlece dobri potezi, pa ne morase da sprovede mnogu nepopularni ekonomski, merki, a kaisite ni gi zadrzaa istite dupki. Pa zosto da ne pocekame za vlez vo EU bidejki dostoinstven vlez e kako R Makedonija i Makedonci.
Од: Stojan
Датум: 20.05.2010 08:52:18
Golema rabota!Kako da slušnavme nešto novo od Grška strana ili od EU lažgovcite.Nie čekame 5 g. a Turcija 30g.Imame vreme da čekame se dodeka se rasturi EU i sekoj so svoja valuta.Ne se trevožime više i ne živeeme vo lažna euforija deka će bide med i mleko i da vlezeme.Eve čist slučaj od včera vo Ljubljana,bunt,zatoa što se krati od nivni studenti a treba da se zadolži i da dade na Grčka.Fala od takva EU.
Од: b
Датум: 20.05.2010 09:43:56
Зар има некој нешто друго да очекувал?
Од: јас
Датум: 20.05.2010 10:35:58
Ех maki,maki ..Се’ ќе направите вие , портокаловите хонорарци , само и само да го оправдате пљачкањето на овчарот ..Кој ви е крив што не гледате подалеку од вашите портокалови наочарчина , кои како коњски амови , ве тераат да гледате само она што кујната на овчарот ви сервира...Што сме издржале ние ?Светската економска криза ,ли ??? Па поголема криза од оваа која владее во Македонија , здравје..Уште само сите да почнеме да јадеме корења ( некои веќе одамна ги јадат , зошто немаат ништо друго ) ..На нашите каиши НЕМА ПОВЕЌЕ празни дупки , дојдовме до последната и ќе мораме да стѕавиме трегер, зашто ќе паднат пантоломите и ќе се види срамот т.е. БАНКРОТИРАНА ДРЖАВА !!!!! Твојот ( за жал и мојот ) овчар гради споменици , а луѓето умираат по болниците без лекови .Купува илјадници компјутери (за да си играат учениците на часови , место да учат ) , а клозетите се од „пусто турско“ ..Гради десетици еконоски зони , а фабрики на нив и странски инвестиции НИКАДЕ НЕМА..
Од: do maki
Датум: 20.05.2010 10:45:25
ti maki ber ne zivees vo maked ili si tolku bogat i nemas kontakt so narod,pa grc dobiva od eu za niv nema zima a kaj nas nemalo ekon kriza?????pa kolku znam odkoga sum se rodil vo kriza sme,znaes li kako zivees narod vo maked????a vo grcija?izgleda zivees nekade vo avstralija ili kanada,sad...............
Од: Déjà Vu
Датум: 20.05.2010 10:47:55
Ништо страшно! По јуни, доаѓа јули, па август... па 2011, па 2012... па пропаст на светот... па 2013, па Скопје 2014 Δ.п.н.е... Македонија 2024 Δ.п.н.е... па повторно сè од почетокот! Има време за освестување! ;)
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 21.05.2010 00:28:08
g-dine Gruevski na vlast ste i znaete deka sme kandat clenka za EU i ne odolgovlekuvajte. Za eden mesec i Albanija,Crna Gora i Srbija ke dobia kandatski status za EU. Dosta idevme nazad, Ne ne vodete vo izloacija i sega da ne lazete so krizata vo Evropa...Toa go demantira kancelarkata na Germanija Merkel koja kaza deka ako propadne evroto ke propadne i Evropa a i samite znaete deka toa nema da se sluci, tuku samo koristete momentalno vreme do koga ke pomine krizata za da imate izgovor. Kade bevme so Bugarija koja bese daleku od nas, a sega daleku pred nas...dosta ednas najdete resenie i ne vodite vo izloacija poradi nekoj kvazi-patrotizam.

Најди! во Утрински
Политика
Знамето ноќе мора да биде осветлено
Матичните лекари нема да прават систематски прегледи
Европска осуда за говорот на омраза во Македонија
Социјалдемократите се подготвуваат за избори
Јавна опомена за Леонид Наков
„Студентски индекс“ повикува на протести
Ќе пристигнат само ангиографите
Уставен суд поведе постапка за „Мал ринг“
Жолт картон за прислушувањето