Собраниската Комисија за надзор над спрове��ување на мерките за следење на комуникациите вчера ги отфрли предложените измени во Законот за електронски комуникации, за кои опозицијата смета дека ќе значат злоупотреба на прислушувањето.
По двочасовна жестока расправа, Комисијата ги усвои заклучоците предложени од пратениците од СДСМ. Во заклучоците се наведува дека Комисијата протестира што била исклучена при подготовката на законските измени и дека предложените корекции не се во согласност со Законот за следење комуникации, кој се носи со двотретинско мнозинство, така што неговата содржина не може да се менува со закон за кој е потребно просто мнозинство. Комисијата предлага измените на Законот да се повлечат од собраниска процедура и да се вратат на повторно разгледување, а во меѓувреме да се организира и јавна расправа.
Опозициските пратеници, претходно, обвинија дека предложените корекции се удар врз демократијата, затоа што со нив му се дава право на МВР, како единствен овластен орган, да ги врши прислушувањата и дека со тоа ќе има постојан и директен пристап и услови за самостојно преземање на комуникациите од сите оператори. (A.M.M.)
Eh, nishto novo! Uste odamna znaeme deka se prislushkuva, pa zatoa i pravime muabeti za da imaat sto da rabotat ovie sluzbi. A i ne moraat da prislushkuvaat, tie sto treba da bidat prislushkuvani se megju niv...A bogami kako sme siromashni ,strav ve fakja od smekata na krajot od mesecot, a ne od prislushkuvanjeto, zasto seuste plakjame najskapi telefonski uslugi.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.05.2010 07:52:12
И без прислушкување , ДПМНЕ вработува во државниот и јавниот сектор ПАРТИСКИ КОМЕСАРИ кои ги организираат овие контроли за моралната подобност на вработените им.
Како работел гестапо не ми е во детали познато, ќе прочитам деновиве па ќе споредам!.
Од: Moris
Датум: 20.05.2010 10:14:02
Ja kako laik mislam deka ne ne prislkuskuvaat. So razvoj na tehnikata tie si snimaat se i si praat data bazi na podatoci. Pa koga ke im treba se ti analiziraat i taka nataka. Zosto da se macat vrz poedinci moze komplet drzava da ja oraat kako bavca. Toa e podobro znaci ne prisluskuvaat tuku snimaat. A toa e zakonski neli.