Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Ќе пристигнат само ангиографите

Од големата набавка на медицинска опрема за почеток ќе пристигнат само ангиографи, апарати за дијагностицирање и за лекување на срцеви болести. Министерството за здравство платило само за една од дваесетината групи апарати што требаше да се набават со големиот тендер за опрема вреден околу 65 милиони евра. Овие апарати, според најавата од Министерството за здравство, треба да пристигнат во јуни. Клиниките и болниците ќе почекаат за другите медицински апарати. Прогнозите се дека апаратите нема да пристигнат ни до ноември. Откако ќе се платат, другите апарати може да се очекуваат од три до шест месеци од уплатата. Неофицијални извори велат дека засега Владата имала толку пари, а ќе стасаат апарати колку да се потврди дека тендерот се спроведува и оти ќе се запазат најавените рокови.

„Уплатена е првата годишна рата од договорот за набавка на ангиографи, по што во јуни се очекува да пристигне нова опрема“, велат од Министерството за здравство. Во Министерството за здравство не знаат кога ќе бидат уплатени парите за другите апарати, иако тоа го спроведува тендерот. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 507 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
И јуни ќе биде без датум за преговори
Знамето ноќе мора да биде осветлено
Матичните лекари нема да прават систематски прегледи
Европска осуда за говорот на омраза во Македонија
Социјалдемократите се подготвуваат за избори
Јавна опомена за Леонид Наков
„Студентски индекс“ повикува на протести
Уставен суд поведе постапка за „Мал ринг“
Жолт картон за прислушувањето