Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Знамето ноќе мора да биде осветлено

Законот за употреба на знамето, грбот и химната никој не го почитува

Билјана Јовановска

Министерството за одбрана од саботата започна нова практика - на секои две недели ќе приредува церемонијална промена на знамињата што се веат на јарболите пред Владата, Собранието и работната вила на претседателот на државата на Водно. Бидејќи промената на знамињата ќе биде церемонијална, тоа подразбира дека ќе бидат ангажирани гардисти и воен оркестар.

Убаво е што барем пред овие три институции ќе се веат чисти, а не избелени знамиња. Меѓутоа, што ќе стане со сите други државни знамиња што се истакнати буквално каде кому му текнало. Со години сме сведоци дека дури ни задолжените државни служби никогаш не реагирале зашто притоа воопшто не се почитува Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Дали за ова главен виновник е фактот дека Република Македонија дваесет години по самостојувањето нема државен протокол, па секој свири и игра по свои правила.

Законот за употреба на знамето, грбот и химната на Република Македонија е донесен во јули 1997 година. Во член 19 од Законот пишува: „Кога знамето на Република Македонија се истакнува на јарбол, се истакнува меѓу изгрејсонце и зајдисонце, а може да биде изложено и 24 часа дневно, под услов соодветно да биде осветлено во текот на часовите кога е темно“. Во практика, оваа законска одредба не се почитува и еден новинарски текст е недоволен за да се набројат сите места каде што знамето се вее без престан, со месеци и со години. Дење и ноќе, извиткано, скинато, со непрепознатливи бои.

Законот предвидува и многу други детали, за кои не се води сметка дури и во главните институции на државата. Така, на пример, прецизирано е дека при истакнувањето знамето не смее да допира до ништо што се наоѓа до него или под него, односно, кога е спуштено ниту еден негов дел не смее да се допира до подот или до кој било друг предмет.

Тито Петковски, шеф на НСДП и претседател на Собранието во времето кога се донесе Законот за употреба на знамето, се потсетува дека тогаш македонското знаме првпат беше истакнато на покривот на парламентот, поточно над тогашниот кабинет на претседателот на државата. Нагл��сува дека знамето, грбот и химната, како државни симболи, подложат на строг режим на употреба и користење, што е проследено и со посебни дозволи од државата. „Масовно истакнување на државното знаме е својствено за унитарните режими, а моја претпоставка е дека со најновата одлука за церемонијално истакнување на државното знаме, Владата оди на ’билдање‘ на патриотизмот на Македонецот. Не би сакал, но ова може да предизвика и контраефект. Дотолку повеќе што сме сведоци дека во мултиетничка Македонија, малцинските заедници најчесто ги користат своите знамиња, така што не би ме зачудило да побараат на големи јарболи да бидат истакнати македонското и албанското знаме или, само албанското, како што гледаме во практика“, вели Петковски.

Тој вели дека за џиновските столбови за јарболите што се поставени се потрошени 400.000 евра, меѓутоа, иако до Владата поставил пратеничко прашање за огромните износи, одговорот никогаш не го добил.

Ексминистерот за одбрана, Владо Бучковски, е зачуден. „Лично, ме чуди Министерството за одбрана, кое наместо да биде преокупирано со реформи, влегува во партиски проект, кој е дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, која е само продолжение на она претходната започната со џиновските знамиња и јарболи“, истакнува тој. За Бучковски ваквото кревање на патриотизмот во услови на економска криза може да предизвика и контраефект.


#
Статијата е прочитана 1114 пати.

Испрати коментар

Од: ccccc
Датум: 20.05.2010 07:02:21
gledam deka vo USA kade znaminja ima duri i vo gradinki "totalitaristickata" drzava propaga. Isto taka mnogu kontraefekti lugeto veke ne ja sakaat USA zatoa sto patriotizmot ne cini. Eh be ........
Од: Скопјанец
Датум: 20.05.2010 07:31:16
Па ќе оди Владата на “билдање“ на патриотизмот кога има многу како вас кои само плукаат по се што е македонско, не им чинеле знамињата, начинот на постваувањето, Коњите, не му било местото, времето, како ги донеле...!?!? Вас ви чини единствено власт по ваша мерка, мерка на вашата партија, наредбодавач.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.05.2010 07:35:00
ДПМНЕ се навистина иновативни.Што се не ќе измислат, ќе го поврзат со "патриотизмот" и ќе изарчат еден куп народни пари.Во чии се џепови влегуваат кој се се нафатира до денешен ден со овие пари?.Очекувам тие да се најгрлатите ( како со скулптурите)во одбраната на светото им - ПАРИТЕ.Срам и арам да им е.А ваму држте ги предавниците.Зошто за да се прикрива арамилакот???
Од: janka
Датум: 20.05.2010 10:48:57
400000evra samo za zname i jarbol???vcera se javiv vo ministerstvo za soc o trud imam dete 20g hendik mentalno prasav za dom vikat nemat planovi vo skopje da otvarat??????edinstven grad polimilonski vo ev kade nema dom za hend lica a pari praku prozor zxa edno zname dali ziveeme vo 30etite vo germanija ili vo 21.vek vo demokkrtska ev kade se pocituvat pravata na covekot t.e. pravata na bolni i hendikepirani?kade ne vodi vmro?

Најди! во Утрински
Политика
И јуни ќе биде без датум за преговори
Матичните лекари нема да прават систематски прегледи
Европска осуда за говорот на омраза во Македонија
Социјалдемократите се подготвуваат за избори
Јавна опомена за Леонид Наков
„Студентски индекс“ повикува на протести
Ќе пристигнат само ангиографите
Уставен суд поведе постапка за „Мал ринг“
Жолт картон за прислушувањето