Меѓународната федерација на новинари ги обвинува македонските власти за нивната „скандалозна немарност“
Меѓународната федерација на новинари со европско седиште во Брисел ги обвинува македонските власти за нивната „скандалозна немарност“ за безбедноста на новинарите во земјата, јави вчера скопската телевизија А1.
ЕФН не разбира како е возможно институциите да не реагираат на настапите на водителот Миленко Неделковски во кои тој посочува свој список на предавници што треба да бидат ликвидирани.
„Не само што го осудуваме однесувањето на господинот Неделковски туку бараме властите по реакцијата од страна на Здружението на новинарите на Македонија, да се уверат дека треба да се донесе праведна одлука, бидејќи станува збор за тотално непочитување на човековите права со неколку последователни изјави, кои содржат говор на омраза и со кои повикува да се пресметаат со неистомислениците. Мислам дека станува збор за сериозни изјави за кои треба да се донесе правилна одлука“, вели Марк Грубер, директор за Европа во МФН.
ЕФН целосно застанува зад завчерашната осуда на ЗНМ и додава „дури да беше ова сатира или комедија немаше да биде смешно, властите имаат обврска да реагираат и да ги преземат сите законски мерки против ваквиот говор на омраза и повик за убиство и да ги заштитат физичкиот и моралниот интегритет на новинарите во Македонија“.
Соопштението ќе биде веднаш препратено во Советот на Европа и во директоратот за проширување на Европската комисија каде што се подготвува редовниот извештај за напредокот на Македонија и е повеќе од веројатно дека ќе биде земено предвид при пишувањето на овој круцијален документ.
Извори во ЕК за А1 порачуваат дека деградацијата на медиумските слободи во Македонија е загрижувачка и дека тоа ќе се рефлектира во нивниот извештај наесен.
Федерацијата ги повикува новинарите, Владата, политичарите, газдите и граѓанскиот сектор итно да седнат на заедничка маса и да ги решат проблемите преку дијалог. Неделковски во соопштенијата на ЗНМ и на МФН се третира како водител, а не новинар. (П.Р)
Dali treba da se gonat i glavnite urednici kako igazdite na mediumite kade sto rabotat, klevetat i sirat omraza veke poznati t.n. novinarski dejci od kalibarot na Nedelkovski, Latas, Janko Jadi Burek, Tomik, Crn-Bel Bumbar i mnogu drugi.Da ne gi zaboravime Premierot i negovite pratenici os Sobranieto!
Од: BgMak
Датум: 20.05.2010 06:35:27
Za spomenatite vo prviot komentar lica ima itna potreba od objavuvajne na dosjetata. Ima nasetuvanja, deka nekoi od niv (da ne kazam site) uste rabotaat za starite gazdi
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.05.2010 07:40:09
Ја повикуваат владата за немарност? Па таа стои со својот концепт за застрашување и расчистување со неистомислениците за сите овие гадости.Ова е проект на ДПМНЕ, не од вчера.....концепт за поделба на народот. Националшовинизмот на граница на фашизам?
Треба малку подлабока анализа.Како понатаму да се обединиме?Семето на раздорот е фрлено и тоа токму од власта.
Од: !?
Датум: 20.05.2010 08:17:49
A zarem Milenko Nedelkovski e novinar? Vidi majkata!? A jas mislev deka e trcilaz i izmamnik,bidejci ima sudska presuda za toa, a povremeno i kodos za UEFA.
Од: Дељан
Датум: 20.05.2010 10:33:57
А дали не е говор на омраза кога познати личности како Тито Петковски, Стојан Андов, Љубомир Фрчкоски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Роберт Поповски, Никола Гелевски, Бранко Геровски, Оливера Трајковска постојано вршат пропаганда дека Македонија треба да си го смени името за да влезе во НАТО и ЕУ каде не' чека мед и млеко ?
Од: Mила Македонијо
Датум: 20.05.2010 15:19:05
Нема кредибилитет Европа некого да суди. Нејзината членка Грција има фашистички новинарки напади врз тукушто излезениот Нова Зора на Виножито. Исто е и во Бугарија. И двете еврочленки цели наши новинарски екипи на граница ги стопираа. Како може од Европа правда да се бара.