Педи Ешдаун смета дека БиХ е блиску до распаѓање
Лондон - Босна и Херцеговина е блиску до распаѓање, отколку кога и да е претходно по војната од 1992 до 1995 година, па Европската унија треба да направи повеќе за да го спречи нејзиното делење, изјави поранешниот Висок претставник на меѓународната зедница во земјата Педи Ешдаун.
Ешдаун изјави дека Република Српска, која заедно со Муслиманско-хрватската федерација ја сочинува босанската држава, има создадено паралелни институции и работи на сецесија на државата.
Радован Караџиќ е последниот што заминува по патот за Хаг, но поделбата на Босна, што беше негов сон, сега е поверојатна од било кога претходно, односно од кога тој стана бегалец, пишува Ешдаун во статијата објавена во весникот „Обзервер“.(МИА) |