Иран јавно обеси 29 криминалци
ТЕХЕРАН - Според информациите од Иран, 29 лица биле егзекутирани со бесење во Техеран. Меѓу нив биле обвинети за убиство, силување, оружен грабеж и трговија со дрога, јави Државната телевизија ИРИБ на својата веб страница. Сите егзекуции се случиле вчера изутрина во затворот Евин во Техеран, се вели во информациите.
Групата за човекови права „Амнести интернешенел“ соопшти дека минатата година Иран извршил 317 егзекуции, што е повеќе од која било друга земја освен Кина. Најновите бесења се случија по одобрувањето на смртните казни од Врховниот суд на земјата, јавува ИРИБ. „Дваесет трговци со дрога и познати бандити беа обесени во затворот Евин вчера рано изутрина“, се вели во соопштението. „Тие криминалци шверцувле илјадници килограми наркотици во земјата и надвор од неа“. (Би-Би-Си)
|