Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Русија остро го критикува Буш зашто ги изедначи нацизмот и комунизмот

Со изедначувањето на советскиот комунизам и нацизмот Буш „ги рани срцата на ветераните“

Москва- Русија го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека им нанел жестока навреда на ветераните од Втората светска војна, поставувајќи знак на равенство меѓу нацизмот и советскиот комунизам, пренесуваат светските агенции. 

Руското Министерство за надворешни работи, во соопштението наведува дека со изедначувањето на советскиот комунизам и нацизмот Буш „ги рани срцата на ветераните од Русија и од сојузничките земји, вклучувајќи ги и САД“. 

-Иако ги осудуваме злоупотребите на власта и неправедната суровост на советската внатрешна политика, ние не можеме да останеме мирни кон обидите да се стави знак на равенство меѓу комунизмот и нацизмот и да се согласиме дека тие биле создадени од едни исти идеи и цели, се потенцира во соопштението на руската дипломатија. 

Претседателот Буш на 18 јули лиферува соопштение во кое го повика американскиот народ  да ја потврди приврзаноста кон демократијата и заштитата на слободите во целиот свет. 

-Во текот на 20 век злобата на советскиот комунизам и нацизмот беа уништени и слободата се прошири низ светот  со појавата на нови демократии, се наведува во декларацијата, што беше објавена на веб сајтот на Белата куќа. 

Руското Министерство за надворешни работи смета дека со изјавата на Буш всушност се прави обид за ново испишување на историјата на САД. (МИА)




Статијата е прочитана 338 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 28.07.2008 06:55:33
Gospodin Planina, vo komunizmot se ziveese mnogu podobro, poslobodno od kolku vo denesnata zapadna "demokratioja", kade sto na sekoj kos se ubiva, se deli droga, se puka po ucilistata. Kakva e taa vasa demokratija. A dali si razmislil kolku vojni vie Poranesnite Britanski Zatvorenici, (denesni nekakvi si amerikanci), imate predizvikano vo poslednive seeset i nekolku godini, kolku teror imate napraveno nasekade vo svetov i kolku milioni nedolzni civili imate ubieno? Ako nekoj treba da se izednaci so nacizmot toa ste vie, vasata Amerika, pa nee e ni cudno da go imate zaminato nacizmot. Ali toa ne go gledate zosto ste slepi za toa sto vie go praviete. Gospodine Planina, kaj vas ne postoi nikakva demokratija, daleku ste od demokratijata a dodusa i ne znaete sto e demokratija. Toa ni go donesovte i kaj nas, i taka diktatorski se odnesuva i nasata vlada protiv svoite gragani. Ne zaboravi da se pripremis za pred megunarodniot sud, za zverstvata i terorot sto gi imas napraveno.
Од: jovan
Датум: 28.07.2008 09:13:16
Komunizmot ne e isto sto i fasizmot. Komunizmot e skroz nesto sprotivno od fasizmot kako ideologija. E sega nie sto imavme komunizam koj poveke licese na fasizam toa e drugo prasanje i tuka precedatelot Bush imal pravo. Komunizmot e ideologija koja se zalaga za ednakvost i koja barala da se ukine naslednoto pravo po krvna linija (kral, princ , vojvoda pa i sinot naslediuva titula vojvoda itd.). Fasizmot gi stitel tie vrednosti i zagovaral ne-ednakvost stitel klasi, stitel nacii koj bile "arievci" itd. Komunizmot bil protiv toa i e kosmopolitizam ne priznava podobri i polosi nacii rasi i luge,site sme ednakvi. E kaj nas bese isto sto i fasizam, sinovi na doktori stanuvaa pak doktori, direktori itd, a nepodobnite (rajata) bea obicni kmetovi. I denes komunistickite sinovi gi upravuvaat fabrikite koj gi upravuvaa nivnite tatkovci. Nie nemavme komunizam, tuka e zabunata.
Од: Pero do Jovan
Датум: 28.07.2008 11:01:52
Jovance zlaten, sigurno ziveese vo Komunizmot... i ne bese tolku loso kako sto veli Gjore Bush (toj i ne znae sto e Komunizam), ama edno zapamti od mene: Podobro Komunizam, otkolku vladeenje na FAMILIJA... toa e mnogu poopasno a Makedonskiot narod ne e svesen sto izglasa na 1.06.2008... znaci si ja zapecativme sudbinata za navek... a ke se svestime za brzo vreme... Veruvaj mi... Prerodbata odi so 200 na saat...
Од: Bastion-Prilep
Датум: 28.07.2008 13:48:41
Kako moze Amerikancite da kazuvaat za Kомунизмот,koga tie nikogas gi nemaat doziveano site blagodeti sto nie zitelite na CФPJ,CCCP i NR Kina,Kuba,CEBEPHA KOPEJA i site drugi Socijalisticki Zemji gi imavme videno-ako za nekogo bezplatnoto zdravstvo,bezplatnoto skolstvo,mirniot i besprekoren zivot ispolnet vo sekoja smisla na zborot znaci nacizam,togas demokratijata e super nacizam

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
„Обаманијата“ во Лондон спуштена на земја
Во два одвоени напада загинаа 45 лица во Индија
Турците со симпатии гледаат на шеријатот
Виктор Јушченко почнува црковна војна со Москва
Две жени ќе собореле авион сакајќи да отворат врата
Педи Ешдаун смета дека БиХ е блиску до распаѓање
Хамас ќе се одмаздува за убиен милитант
Адвокатoт на Караџиќ тактизира со екстрадицијата во Хаг
Иран јавно обеси 29 криминалци