Турците со симпатии гледаат на шеријатот
Позитивно мислење за шеријатот имаат 74 отсто од граѓаните во муслиманската, но секуларна Турција
Анкара - Седумдесет и четири отсто од Турците гледаат позитивно на шеријатот, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“, пренесува турскиот сајт „Журнал турк“.
Истражувањето, спроведено минатата година меѓу 737 полнолетни лица, покажа дека позитивното мислење за шеријатот имаат мнозинството од граѓаните во муслиманската, но строго секуларна Турција.
Според анкетата, меѓутоа, едвам седум отсто од Турците сакаат во земјата да биде воведен целосен шеријат, кој би го заменил секуларниот режим.
Дваесет и шест отсто од нив поддржуваат некои од одредбите на шеријатот да бидат воведени во соодветна форма во турскиот правен систем, додека исто толку се воздражаа да го кажат своето мислење за ова прашање.
Како основна причина за позитивната оценка за шеријатот мнозинството анкетирани го навеле намалувањето на корупцијата. Овој главен аргумент е последен од обезбедување правда за жените, ограничување на криминалитетот, изградба на чесен правен систем и заштита на човековите права. (МИА) |