Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
3476

Мислења

Новата надеж за Македонија

Лазар Еленовски

За Македонија е основно - „сонот повторно да се оствари“. Без сомнение, сонот е -Македонија богата, развиена, демократска, европска

Верувам дека за годината што почна многумина од нас посакаа една нова надеж за државата. Конечно, да ни тргне, бидејќи на многу фронтови ни е тенка работата. Луѓето се изморени од предолгата транзиција на која ни крајот не и' се гледа за да може да се верува во некоја подобра перспектива. Државата, пак, е загрозена од долгогодишното крчмење на националното богатство, од неискористените шанси, од отсуството на национално чувство, визија и демократски капацитет што, дефинитивно, некогашната оаза на мир ја претвора во балканска црна дупка. Навистина многу граѓани посакаа надеж без притоа да знаат каква треба таа да биде, од каква форма и каква природа. Едноставно посакаа. Но, од кого треба да очекуваме да ја донесе надежта? Некој мора да биде! Ако ја чекаме да дојде од небото, ме потсетува дека и за тоа треба тука некој долу на земјата да создаде предуслови. Како приказната за Господ Бог и човекот што имал желба да добие „седумка“ на лото. Кога човекот го прашал Бога зошто не му ја исполнил желбата овој одговорил дека требало прво да игра лото за да добие „седумка“. Без играње не се добива ништо, не пак „седумка“.

Ако, сепак, сме поприземни и бараме надежта да ја донесат токму оние што дваесет години посветено работеа неа да ја уништат, бидејќи се' уште работите се во нивни раце, тоа е повторно ѓаволовата игра што вечно ви дава лажна надеж по принципот - „досега не беше, ама сега, конечно, ќе биде“, за потоа, по дефиниција, повторно да ве извиси. Дополнителен доказ е што и двата транзициски блока на ВМРО-ДПМНЕ и Бранковиот СДСМ, кои, всушност, се едно, не се подготвени за такво нешто, се толку централизирани и автократизирани што секаков обид за демократизација однатре е невозможен. А ако нема демократија, реформи и развој внатре, не очекувајте дека така ќе функционираат надвор, во општеството. На што сме и непосредни долгогодишни сведоци.

Ако, пак, очекуваме надежта да ја донесат нашите сојузници, Америка и Европа, тоа би било тоо муцх, малку премногу. Тие и онака ја донесоа речиси цела надеж. Што по мекиот пат, со евроатлантскиот интеграциски процес, кој бара реформи во сите области за да се доближиме, униформираме и интегрираме со нив, што по тешкиот со директен притисок за одредени работи. Мала ретроспектива да се направи на т.н. процес на реформи лесно ќе се увиди дека нема ниту една единствена реформа што се направила во државата без мекиот или тврдиот притисокот на сојузниците. Што јасно кажува дека оние што досега ја воделе државата немале ниту грам верба и љубов кон својата држава, но, исто така, ниту елементарно демократско чувство. Инаку не би требало да ги тераат со сила да прават реформи за добро на државата, ќе ги правеа сами, бидејќи веруваат во нив, колку и да се тешки.

И, навистина, гледајќи ја денес македонската реалност, човек тешко може да се надева на некаква нова надеж. Реалност на константна апатија, отсуство, дури и страв од акција и затапен провинциски дух за кој и медиокритетството е напредна граѓанска категорија. Македонскиот услов без кој не се може, транзициската црно-бела реалност, ги дефинира и останатите константи во општеството. Таа политичка и недемократска блокада од двата транзициски мастодонта, по дваесетгодишниот тренинг ги скрши сите борбени (прогресивни) структури на општеството. Затоа денес имаме младина со скршен ’рбет, на која и' е одземена секаква, за нејзе природна, револуционерност, бунтовништво и идеализам. Нашите млади и посебно студенти не се борат за ништо друго туку само за место на коруптивните партиски листи. А за тоа не треба храброст, лудост и идеали, туку само скршен ’рбет.

Граѓанскиот сектор или уште повеќе граѓанскиот процес ,кој во демократските општества поведува битни процеси во државата, е толку политизиран, девалвиран и партиски злоупотребен, што има изгубено секаков политички и општествен легитимитет. Самото граѓанско движење во државата е замрено и, главно, претворено во продолжена рака на транзициската политика. Во овој контекст, идентична е состојбата со синдикатите. Попоразително е кога деновиве на медиумите ги гледаме како моќните западни синдикати маршираат и се борат за своите права.

Новинарството и медиумите, тој базичен коректив на демократијата, последните месеци ја доживува својата најголема криза. Очекувано, имајќи ја предвид историјата на настаните. Долги години токму тие се главни поддржувачи на транзицискиот црно-бел свет, квислиншки служејќи му нему, не отворајќи никакви демократски прозорци. Сега на ред дојдоа тие, новинарите, бидејќи поделени меѓу себе, конфронтирани меѓу себе, но, пред се', деградирани и девалвирани, во ѓаволовиот круг ќе треба без сила за сами себе, а уште помалку за општествените цели да одработуваат уште понедостоинствено (и за гола егзистенција) за транзициските партиски шефови или слични на нив медиумски газди.

Еден од најкарактеристичните примери за состојбата во која се наоѓаме е улогата на интелектуалците. По правило, најелитниот, префинет и либерален дел на општеството. Со тоа и авангарда на самото општество. Во Македонија сведоци сме на тотална анемија, дегутантен конформизам, партиска поделеност, никаков демократски одблесок ( дури и тоа кога ретко се случува е во функција на партискиот шеф) и многу лов во матно и тезгарење. Наместо елитна авангардна сила, нашите интелектуалци се претворија во „петта колона“ за демократијата и го зацврстија впечатокот за нивното предавство кон општествените процеси во државата. Секоја чест за поединечните исклучоци во сите наведени структури.

Како тогаш се надеваме дека нешто во Македонија ќе се случи и нема да продолжи овој безизлез и севкупен национален пораз за државата?

Често кога си го поставувам ова прашање се потсетувам на бестселерот на американскиот претседател Барак Обама „Смелоста на надежта“, кој исто има впечатлив поднаслов „за американскиот сон и како тој повторно да се оствари“. Признавам, книгата често ја прелистувам и за сопствена инспирација да продолжам по тешкиот пат.

Уште побитно во однос на светската сила, за Македонија е основно -„сонот повторно да се оствари“. Без сомнение, сонот е Македонија. Богата, развиена, демократска, европска. Смелоста – е новиот демократски процес што треба да се генерира и кој има (нова) визија. Тогаш ќе се роди надежта. На Македонија и' е насушно потребно демократско исчекорување за најпрво да се запре растурањето на националното богатство, да се надмине транзицијата и транзициските сили и да се создадат услови за забрзан развој. За тоа да се случи, треба сите демократски ориентирани сили од најразличните сегменти на државата, колку и да се немоќни поединечно и се денес со наведната глава, да ја почувствуваат смелоста на надежта и заеднички да го генерираат новиот демократски процес. Само така може да се роди новата надеж за Македонија!

(Авторот е претседател на Социјалдемократска унија)


#
Статијата е прочитана 1520 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 04.01.2011 12:28:06
Avtorot kao del od SDSM aktivno ucestvuvase vo samovlastieto vo tranzicijata i koristejki gi sdsm instalaciite praese kariera partiska barem.Potoa so Tito ja unistuvaa sdsm i kako del od vmrovka vlada gardese kariera kako spored mene najlos minister za odbrana vo istorijata polos i od Paunivski i sega toj od senka saka da bide igrac na politickata scena vo Makedonija. Kako i da e sekogas ke bide privrzok nekade do krajot na zivotot iako vazese za eden nadezen kadar na sdsm dollgo vreme.
Од: Predlog
Датум: 04.01.2011 13:35:27
Ti drugar treba da pocnes da pisuvas memoari tamu tvoite mislenja se napravo mesto.!
Од: tales
Датум: 04.01.2011 13:50:25
laze, sto e poentata????? nesto vo vrska so izbori, glasaci i slicno??? bidi poprecizen sledniot pat, nie mkadeoncite sme prost i polupismen narod(pod pismenost smetam digitalna kultura, razviena pazarno-kapitalisticka svest i sl..), pa tesko te razbirame sto sakase da ni kazes...
Од: Мики
Датум: 04.01.2011 14:57:32
Текстот реално ја прикажува политичката состојба и корелација на односите во државата. Во потполност се согласувам со вашиот став и мислење. Со надеж дека еден ден релациите ќе се сменат. П.С. Им препорачувам на погорните автори на коментарите повторно да го прочитаат тексот без розови наочари, и идеолошки предрасуди.
Од: jovan
Датум: 04.01.2011 15:02:59
Ubavo, na dolgo i siroko opisana denesnicava vo koja se naogame, a spored napisanoto moze slobodno da se dojde do zaklucok deka "sistemot e pregrean",bidejki nikoj, ama bas nikoj ne se ni obiduva da razresi del od problemite na denesnicava. Vakvite situacii obicno se resavaat so vojni, ili so "resetiranje" na sistemot. E toa "resetiranje"ima mnogu varianti i oblici, na koj treba da se poraboti. Ona prvoto ostanuva ako zakasnime so resetiranjeto. Ova e svetski problem ne samo problem vo Makedonija.
Од: R.R.
Датум: 04.01.2011 16:41:17
Makedonija e na dobar pat da se izbori za svoite prava.Nikoj i so nisto nema da uspee da ni go zeme imeto a so toa i dostoinstvoto.Makedonija e demokratska zemja i samo taka neka prodolzi.
Од: Toronto
Датум: 04.01.2011 17:27:43
Navistina e taka. Prasajneto e na kogo mu kazuvas i od kogo cekas nova nades. Samiot nemas nades, Ste vodac na nekogo , so kakva nades go vodite. Novata nades e vo nas iselenite, nie imame i stara i nova nades. Nadesta e rabotata, cesnosta i lubovta za Obedineta Makedonija.Skopje-Solun ekonomski zaedno.
Од: Миле - Охрид
Датум: 04.01.2011 23:21:41
Надежта е во очекувањето да се појави опозиција која уште поцврсто ќе застане зад правото на македонскиот народ да постои и која немилосрдно ќе ја притиска владата да ги имплементира стандардите, принципите и вредностите кои постојат во земјите членки на ЕУ, и кои се успешни. Опозиција која знае дека прифаќањето на грчките шовинистички уцени не е сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија.
Од: bobi
Датум: 05.01.2011 00:33:02
vasiot stav sosema korespondira so denesnicava predolga preumorna tranzicija, narod na kolena bez cest, beznadeznost se nadevame site na edno podobro utre

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Соња Крамарска
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Оливера Војновска
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Волфганг Шојбле
Популизам за среќна Нова година

"""

„Вип преживеан“
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра

Адам Ливајн
Гол, мускулест, тетовиран

 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks