Адам Ливајн
Гол, мускулест, тетовиран
Фронтменот на бендот „Марун 5“, Адам Ливајн, се соблече како од мајка роден за февруарскиот број на британското издание на „Космополитен“. Ливајн позираше сосема гол со цел да ја подигне свеста кај машката популација за заболувањата рак на тестиси и простата. На голото мускулесто и тетовирано тело единствената стратегиска позиција ја прекриваат женски раце, во случајов тоа се рацете на неговата девојка и ангел на „Викторија сикрет“, Ана Вјалицина.
„Поголемиот дел од животот го минав гол. Често ми велат дека не е соодветно да бидам толку разголен. Но, јас живеам во Калифорнија каде што е многу топло, па тогаш зошто не?“, изјави 31-годишниот рокер. |