Принова
Викторија и Дејвид Бекам чекаат четврто дете
10.01.2011, 12:12
Познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам очекуваат четврто дете, објави вчера на својот Фејсбук профил славниот поранешен капитен на англиската фудбалска репрезентација.
„Викторија и јас го очекуваме нашето четврто дете ова лето. Момчињата се многу возбудени од приновата на новото братче или сестриче“, соопшти Бекам.
Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација Бекам (35) и поп ѕвездата која стана моден дизајнер Викторија (36) се венчаа во 1999 година и имаат тројца синови Бруклин (11), Ромео (8) и Круз (5).
Брачниот пар Бекам сега живее во Лос Анџелес, каде Дејвид игра за фудбалскиот клиб „Л.А. Галакси"
|