Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Популизам за среќна Нова година

Легализирањето дивоградби по едно евро за квадрат ги дискриминира граѓаните

Билјана Ангеловска

Власта им испрати порака на граѓаните, и на оние непослушните, но се чини, уште повеќе на дисциплинираните. Првите да здивнат, зашто нивните бесправно изградени објекти (кои и онака досега никој немаше храброст да ги урне), сега ќе може законски да се легализираат. Вторите, пак, да не се нервираат што навреме си ја регулирале својата законска обврска и граделе плаќајќи ги сите скапи давачки. Така ти е тоа во ваква држава, во која послушните се казнуваат, а непослушните се наградуваат.

Владата им ја честиташе Нова година на сите оние што граделе спротивно на законот така што одлучи да им дозволи да „ја поправат“ грешката, па за да се исчистат од гревот ќе треба да платат по едно евро за квадрат за она што го изградиле свесно кршејќи го законот. Мерката несомнено ќе наиде на огромно одобрување кај голем број граѓани бидејќи, реално, воопшто не е за потценување бројот на оние што изградиле објекти без никаков документ. Сепак, најверојатно, уште поголем ќе биде бројот на оние што ќе бидат гневни, бидејќи со право ќе се почувствуваат изиграни, обесправени, дискриминирани. И тоа само затоа што биле послушни и дисциплинирани, па и за најмала доградба или, пак, надградба плаќале илјадници евра за комуналии.

Дали државата за некого е мајка, а за некого маќеа? Излитено звучи фразата дека со оваа одлука Владата, всушност, покажува грижа за социјалниот момент. Бидејќи речиси е безначаен бројот на нелегалните објекти што се изградени без дозвола само поради тоа што нивните сопственици немале доволно пари да ги платат давачките. Куќите од неколку стотини квадрати на два, три ката, никако не оставаат впечаток на социјала. Загрозено семејство не гради објекти со дуќани во приземјето, туку, евентуално, само некаква крпеница колку да се има покрив над главата.

Прашање е и кој е социјалецот што изградил индустриски објект на диво! Колку и да е мал погонот, па нека е и обичен сервис, некако тешко минува дека станува збор за социјално загрозен граѓанин.

Од друга страна, пак, што да прават граѓаните што живеат во станови, најчесто на најгорните катови или во потпокривите на зградите за кои никако не можат да добијат имотни листови само затоа што тие делови се изградени без дозвола? Овие објекти не се опфатени со Законот за легализација, оти најчесто се повисоки од 10,2 метра. Тоа значи дека за нив не важи плаќањето по едно евро за квадрат и, конечно, ставање на станот во правен промет. Зарем овие граѓани нема да се почувствуваат обесправени? Со кој закон тие ќе бидат обесштетени?

Оттаму, произлегува дека мерката е многу повеќе дискриминаторска отколку социјална. Но, пред се', е популистичка. Друго прашање е колку е уставна. Но, она што е особено важно е пораката што им се испраќа на граѓаните. Впрочем, не е прв пат Владата да спроведува вакви мерки со кои ја покажува „грижата“ за граѓаните. Нешто слично, ако не исто, стори и со откупот на дворовите кога на идентичен начин ги казни оние што навреме платија за да го откупат земјиштето на кое им се наоѓаат куќите, и тоа по цени што на почетокот на продажбата достигнуваа и до 1.500 денари за квадратен метар, значи 25 евра. Потоа Владата речиси ја преполови цената, а на крај ја сведе само на едно евро. Сега истото тоа го прави со бесправните објекти.

Што ќе се случува натаму со Законот за легализација на дивоградбите, набрзо ќе се види. На предлогот реагираа архитектите што побараа повлекување на одредбите, бидејќи сметаат дека се неуставни и отстапуваат од принципите на рамноправност. Но, нивната реакција или беше премногу бледа или, пак, Владата воопшто нема слух за мислењето на стручната јавност. Како за инает на еснафот, Владата излезе со одлуката за едно евро по квадрат за легализација.

За ова се' уште без јавно изнесен став се и градоначалниците. Тие и претходно имаа забелешки на предложениот начин на плаќање, кој изнесуваше 0,5 проценти од приходот во семејството и се залагаа легализирањето да чини колку што изнесуваат комуналиите. Сега, доколку мине одлуката, приходот на општините од легализацијата на бесправно изградените објекти ќе биде сведен на минимум. Некои градоначалници, најверојатно, ќе ја оправдаат владината одлука со ставот дека е подобро нешто отколку ништо, но прашање е што и колку инфраструктура ќе успеат да изградат со собраните пари од легализацијата. Оти, како што е наведено во Законот, средствата се строго наменски и мора да се инвестираат во инфраструктура. Оние што се надеваат на владина помош (пред се', финансиска) за реализација на своите проекти, веројатно, ќе ја бранат новата цена. Другите би требало да се спротивстават. Оти аргументи имаат повеќе од доволно.


#
Статијата е прочитана 1621 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 08.01.2011 12:37:44
Владата заборави дека на 1ви јануари 2011 на сила стапи и Законот за заштита од дискриминација, каде се забранува дискриминација по основ на општествен статус, социјално потекло, имотен статус или друга основа. Провидна е идеата на Владата да се стави во улога на Робин Худ, па кога ќе падне овој чисто популистички закон пред Уставен суд, топката да ја префрли на друго место.
Од: Hari
Датум: 08.01.2011 13:21:00
Poln pogodok vo populistickite pobudi na vlasta ce bide koga i na onie sovesni gragjani koi si go platile danokot na vreme sega da im se vratat sredstvata i ono da placaat poi 1 evro??? Nema da moze, pa celta e da se soberat sto povece pari??? No gfnevot na preostanatite e golem kako i nivniot broj, i seto ova ce bide kako bumerang???
Од: Трпе
Датум: 08.01.2011 13:46:50
Владата работи на принципот дај што ке дадеш.Кога секна сите извори и изворчиња се крстат и на росата.А овој закон одговара најмногу за нив за легализација на нивните дивоградби и овие кои се однесуват за нивната култура.
Од: Karokan gambit
Датум: 08.01.2011 18:33:15
Mislam deka g-dinot Hari i g-dinot Trpe,donekade se vo pravo koga velat deka vo prasanje e pribiranje na pari.Mozebi zakonot e populisticki,no ne sum siguren deka ce donese i rejting poeni,zosto na kontoto ce inkasira povece negativni poeni.Dokolku zakonot go pomine ustavniot filter,sepak ce resi slucai cie resavanje na drug nacin ce bide uste pobolno. Bi podrzal edno takvo resenie,no samo paralelno so nego da se donese deklaracija (so konsenzus na site politicki subjekti i parlamentarni i vonparlamentarni) bez politicki vlijanija vo ovaa sfera,bidejki tokmu tie se glavnite vinovnici za vakvite sostojbi .Kako inaku da se objasni inferiornosta na nadleznite gradezni,trudovi, sanitarni , komunalni i drugi inspekcii!!!!!!!!
Од: m&m
Датум: 08.01.2011 21:03:19
Додека има ваква опозиција власта може мирно да спие. Легализација на бесправните градби мора да има и тука нема што да се дискутира..... Позитивните ефекти ќе се многукратни. Дели начинот на легализација е исправен и правичен е друго прашање. Но за тоа ќе одлучува собранието каде што според начелата на демократијата одлучува мнозинството. Јас мислам дека можеби требаше да се направи класификација и тоа по квадратура. односно дека првите 100м2 се по 1 евро а понатака по сегашните цени за комуналлии со цел да се спречи оваа мерка која е наменета за посиромашните слоеви од населението да се злоупотреби.
Од: vlatko
Датум: 08.01.2011 21:09:35
posto citam komentari deka ova e populisticki poteg na vladata, sakam gospodata sto komentirale pred mene da se zaprasaat sebesi dali se za RUSENJE ne divogradbite , zosto samo toa preostanuva ako se protiv legalizacija, ili od nekoj stab imaat nalog da pisuvaat protiv aktivnostite i proektite na vladata. Pa zosto stevce go legalizirase "Spanskto Selo" a jas nevidiv nekoj da se pobuni i toa zboruvame za novopeceni bogatasi, a ne za siromav narod koj od maka moral divo da gradi, Gajte cuknete se vo glavite i mislete malku so svoja glava,ako voopsto mozete.
Од: ilija
Датум: 08.01.2011 22:23:45
cudni vmrovski zakoni prvo ja prepolnija administracijata pasega neznajat kako dagi plkat i sega pak kego plackat narodot .
Од: sime
Датум: 09.01.2011 10:03:48
Ova merka po mene ke predizvika mislenje kaj lugjeto deka nepocituvaanje na zakonite e isplativo.Aku vlasta sakase da pomogne na siromasnite koi izgradile kucarce imase nacin toa da se stori,a,celta na vlasta ne bese takva tuku so edna populisticka merka da se nagradat 60% idni glasaci.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.01.2011 12:02:22
Што да очекуваме од државата која,граѓаните што работеле Против законите,ги става во привилегирана положба Над оние кои ги почитуваат законите?!За каква „Правна Држава“станува збор?Не само што ги наградува заради Нелегално изградените објекти (криминалот),туку ги привилегира и во Цената на давачките за легализирање на криминално изградените објекти!Предлагам воведување Закон за легализација на кражба на Банките,Закон за легализација на убиство на човек,Закон за легализација на Лоповлукот (грабежот на општествениот и државниот имот,одамна го легализиравме)… и секако,како основа на сите закони: Закон за Заштита на Криминалот и Криминалците!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Холивуд? Зошто да не?
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Европска планина од долгови
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворен за полетување
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова