Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Јелена Јованова

Холивуд? Зошто да не?

Покрај многуте работи што ги научив на снимањето на филмот на Анџелина Џоли, научив и видов дека ништо не е невозможно да се случи. Само треба да се верува и да се сака!

Јасминка Павловска

За Јелена Јованова, актерка која најчесто е присутна на сцената на МНТ, но активна и на другите медиуми, минатата 2010 година, може да се каже дека минатата година стигна на половина пат до Холивуд . И тоа ни помалку, ни повеќе преку Анџелина Џоли, со споредната улога во филмот- режисерско деби на ходивудската дива, наречен „Неименувана љубовна приказна“. Оние што ја виделе Јелена на театарската сцена, воопшто не ги зачудува овој развој на нејзината актерска биографија до 25. година. Едноставно Јелена е од оние актери за кои се чини дека со леснотија се трансформираат и влегуваат во туѓата кожа, а имаат и талент и ѕвезда на кои јазикот не треба да им биде бариера. Во нејзиното си-ви може да се констатира актерската умешност почнала да ја манифестира ��а сцената во Штип, да ја совлада на ФДУ во Скопје, а најмногу улоги има остварено на сцената на МНТ, иако блесна во театарот со улогата во „Демонот од Дебар Маало“ во Драмски театар. И сето ова до сега може да се смета само како почеток на интернационална кариера на Јелена Јованова.



Во овој празнично - новогодишен период, некако „уверливо“ звучат прашањата со Дедо Мраз. Па што посакува Јелена во оваа 2011 година од Дедо Мраз?

„Да е жива и здрава, се' друго сама ќе си среди како и досега“.





Минатата година несомнено можеш да ја сметаш за пресвртна и успешна, не само заради улогата во филмот на Анџелина Џоли. Сепак, „пресвртот“ што навестува твоја меѓународна кариера е токму тој филм. Возбудливо ли ти е да раскажуваш како те откри Анџелина Џоли? Навистина, каква е твојата приказна со Анџелина Џоли?

„Веќе можам да заклучам дека 2010 беше успешна година за мене. Ми се случи „Сараево талнет кампусот“ и моето запознавање со Гаил - кастинг - директорката на овој филм, мојата средба со Анџелина, која е голем режисерски партнер, актерски партнер, пријателка, отворена, оперирана од суета, спонтана, природна,секогаш насмеана, искрена, реална,професионалец до крај. Како и за мојата споредна улога во филмот така и за другите, нивното остварување на платно е наша поделена заслуга. Почестена бев и сум што ја имав таа шанса. Како таква ја запознав и таква ќе ја паметам. А уживањето продолжи и тука. Кога се вратив, почнаа крајните и напорни подготовки за последната моја премиера во МНТ- ’Темпирана опера’ во режија на Васил Христов - Вуси. Она што останува во исчекување е премиерата на ’Неименувана љубовна приказна’“.



Филмот навистина не е завршен, но се создаде голема возбуда во филмско - актерскиот во регионов, пред се' заради многуте актери ангажиран од регионов ангажирани во него, а Ти беше единствената од Македонија. Колку во такви големи интернационални продукции е можно да се наметнеш, да оставиш специфичен впечаток?

„Покрај многуте работи што ги научив со овој филм, научив и видов дека ништо не е невозможно да се случи. Само треба да се верува и да се сака. Да се сработи задачата, да се даде максимум и верувајте во никој случај тоа нема да остане невпечатливо и незабележано.Тоа е твојата работа - се' што ќе се случува, што треба да се случи потоа, веќе не зависи само од тебе“.



Имаше ли некакво влијание за улогата тоа што си родена во Бања Лука?

„Моето родно место во овој случај не може да се земе како „среќно помагало“. Можеби единствено во некоја одредена мера влијаеше за една одредена автентичност потребна за филмот.

Како многуте таму,така и мојата фамилија претрпе големи загуби, за кој не е ниту време, ниту место, ниту има потреба сега да се зборува. Најголема заслуга да ја добијам улогата беше мојата споредна улога во филмот „Како да ме нема“, што на некој начин ме однесе до Анџелина. Се надевам дека пораката од овој филм и тематски сличните на него, ќе допрат таму каде што треба да допрат и никогаш нема се повтори 1992 на Балканот, или било каде во светот“.



Поедноставно прашање - како си помина на снимањето и по сталожувањето на впечатоците како го доживуваш тоа искуство?

„Верувајте дека ова ми е најтешкото прашање. Немам зборови ни концепт како да одговорам, како да го срочам одговорот. Искуството од тој процес што јас го понесов е непроценливо. Беше прекрасно да се работи со таква екипа, да се биде дел од таа фамилија, да го почнуваш денот со интимни приказни од животот на Кјубрик, бидејќи фризерот на филмот работел со него... Да слушаш како течело снимањето на „Хари Потер“, бидејки шминкерката работела на филмот... Да излезеш од трејлер и да заминеш на сет за да продолжиш да ја градиш таа тековна приказна... Да заспиеш уморен и среќен по снимање и едвај да чекаш да се разбудиш и сето тоа да го продолжиш... А по сето тоа, постојано крадам дел од денот во кој ќе заминам таму, ќе ги освежам сеќавањата и ќе посакам повторно да ми се случат“.



Припаѓаш на младата генерација македонски актери, која се чини не останува да „плаче“ над својата судбина дека е ограничена само на театарот. Иако имаш интересни и забележителни улоги во театар, работиш и како ТВ-водителка, водиш манифестации... Колку дополнителните ангажмани се делотвори за еден млад актер?

„Дојдов, видов како е, најдов з��доволство и предизвик во сето тоа... и останав - продолжив да го работам. Навистина имав среќа , но како што тече времето си велам - колку повеќе работам, толку повеќе среќа имам. Учам од сето тоа што го работам, а едно нешто што работам, понекогаш знае многу да ми помогне за другото. Се' е искуство. Од нешто ќе научиш како треба, од нешто како не треба. И двете работи се најдобредојдени“.



Во „Тупаница полна љубов“, пријатно изненадувате (со твоите колеги) што целата претстава ја изнесувате со пеење во живо. Подготвена ли си за мјузикл од висока продукција? Всушност, од каде такво пеење кај една актер?

„Мјузикал од висока продукција? Би сакала да верувам, но искрено се сомневам дека кај нас тоа е возможно да се случи. Ние сме во недостаток од техничка опрема, а богами и просторна за да се случи такво нешто, па се' изгледа како што треба да изгледа. А има актери што добро пеат и добро се движат. Со малку поголем труд ние би можеле, но, за жал, моето мислење е дека не би имале каде. Сите ние имаме потреба од промени, а оваа претстава беше добредојдена во однос на тоа. Кога говорам за промени, мислам на промена како изразно средство на сцена. Целиот лик, се' она што јас го носам на сцената, мојата приказна моја што ја раскажувам, по прв пат протече на сцена само со песна. Тоа е далеку поразлично, можеби и потешко отколку само со зборови, како што и сме навикнати. Беше предизвик, беше напорно, но прекрасно да се сработи и да се ужива во успехот потоа. А за моите гласовни способности - веројатно таа дарба би ја препишала на мајка ми“.



Кој е следниот предизвик на Јелена Јованова? Холивуд?

„А зошто па да не!“


#
Статијата е прочитана 2663 пати.

Испрати коментар

Од: Boshko
Датум: 08.01.2011 14:08:13
Mlada talentirana no ne i mnogu iskusna a siguren sum deka Taa ke bide i naj uspeshna.Sekako Taa Jelena e gordost na Makedonija
Од: molekula
Датум: 08.01.2011 14:35:08
eeeeee moj kolega! so holivudska akterka kje bides prijatel! aj so srekja neka i e!
Од: pero magacinero
Датум: 08.01.2011 22:27:12
samo napred elena ili jelena seedno ti posakuvame golem uspeh,neka vide svetot kolku e licno i talentirano MAKEDONSKOTO DEVOJCE

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Европска планина од долгови
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворен за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова