Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Мислења

Љубовните игри на конзервативците

Филип Петровски

Ако си од таборот на владејачката партија, која себеси се претставува за заштитник на бракот, тогаш се' ти е дозволено

Интересно почна оваа година за нашиот амбасадор во Австралија. Го имаше на насловните страници во весниците, во целиот австралиски печат. Успеа да се прослави со своите љубовни авантури. Неговата девојка (треба да се провери од кога не е со сопругата, оти моите информации говорат дека до неодамна бил женет, што девојката ја прави љубовница), во налет на љубомора провалила кај него во станот и му го украла лаптопот, за потоа да можела да го уценува со него. Се водеше дебата дали е тоа службен лаптоп со некакви значајни информации за Македонија. За таа експресно да биде разрешена од нашето МНР дека тој, всушност, немал службен лаптоп. А и што ќе му е? Што ќе стави во него? Службени белешки од своите љубовни патувања? Настрана фактот дека МНР за да го заштити партискиот чиновник, во брзање, откри еден застрашувачки факт, нашиот амбасадор во Австралија нема ниту службен лаптоп...

Уште поодамна се пишуваше и говореше дека односниот амбасадор бил зафатен со љубовните авантури и оти не минувал ниту минута во амбасадата. Времето го користел поубаво и бил на „службени патувања“ во сосема друг град каде што, наводно, живеела неговата девојка/љубовница. Тамошната македонска дијаспора имаше реакции по тој повод и тие и' беа пренесени на тукашната јавност. Секако, МНР немаше реакција. Тоа има двоен аршин кога станува збор за дипломатите. И ако си од таборот на владејачката партија, која себеси се претставува за конзервативна и за заштитник на бракот, тогаш се' ти е дозволено. Се чини дека тоа перење мозок на пошироката популација е за да се држи под контрола, за да и' се наметнуваат стеги, за цело време да се занимава со себе, за да заборави што прават, всушност, ЛИЦЕМЕРИТЕ. Жално е кога едно важи за народот, а сосема друго важи за владејачката гарнитура, опсипана со државни привилегии, на која се' и' е дозволено.

Во случајот на амбасадорот во Австралија МНР имаше шанса да ги покрие претходните катастрофални решенија. Ако реагираше соодветно и навреме можеше да се покаже дека следат што се случува и оти имаат намера да ја држат дипломатската мрежа во кондиција и дисциплина. Нереагирањето ја испрати сосема обратната порака. Дека се' им е дозволено на партијците што моментно се во некакви дипломатски позиции, посебно ако не е објавено и пренесено во тамошните медиуми. Но, ако котираат добро во партиската хиерархија на милост, дури и медиумите не им се закана за позициите. Да не е бедно ќе беше смешно. Во меѓувреме, нашата дипломатија е сведена на сервис за вдомување на партиските кадри што се воодушевуваат што на граница граничарите (мислам ги нарече ГРАНИЧНИЦИ) им рекле ТАМАМ, кога неа ја преминувале. Тие се воодушевиле што, конечно, виделе голем град во кој имало табла на нашата амбасада со уставното име... Наместо да градиме професионална дипломатија, што беше ветувано, и за што повеќе пати досега сум пишувал, ние се свртевме кон најбедната варијанта, во многу нешта надминувајќи го и СДСМ. За сега тоа да стане место каде што буквално се препраќаат оние што со нешто го задолжиле ДПМНЕ или, пак, од немајкаде.

Во врска со амбасадорот Перо, премиерот Груевски одговори дека оваа афера ми ти била негова приватна работа. Со тоа сакаше да го минимизира катастрофалниот ефект од неа. Како што веќе кажав, тие знаат какво е јавното мислење во Македонија, со години го анализираат и знаат како да маневрираат. Сметаат на ефектот „секое чудо за три дена“ и дека јавноста бргу ќе им се врати на домашните проблеми. Индиректно и тој застана во негова заштита. Потоа случајот е затворен. Се знае дека амбасадорот е заштитен. Што и да направил, амнестиран е од премиерот, кој, всушност, истовремено е и министер за надворешни работи.

Генерално, приказната за Перо е приказна за целата македонска дипломатија. Не е само Перо – Перо. Туку горе-долу сите оние што оваа власт ги испрати се слични. Повеќето немале допир никогаш со дипломатијата, а ниту со политиката. Некои од нив биле локални лидери или, пак, членови на општински и на месни комитети на партијата. За волја на вистината, треба да се признае дека некои биле роднински или пријателски поврзани, па така го прескокнале и партиското малтретирање, за директно да влетаат во амбасадите. Како и да, катастрофална е целава работа и ми се чини дека не случајно е така. Што послаби амбасадори, тоа подобро. Македонија да се затвори и изолира, случајно да не разберат луѓето дека постои живот од границите на оваа држава. Овие, испратените на работа, си земаат висока плата и си молчат. Привилегиите се значително поголеми од потребата да се сработи што било.

На оваа точка дозволете мала дигресија. Сигурно меѓу вас ќе има и такви што ќе кажат: па, и ти беше во дипломатија и што направи?! Тоа е фер прашање. Некои, како што е, на пример, новинарката Слободанка Јовановска, ќе кажат: „Како Стојановски се прослави само Филип Петровски, но не толку, бидејќи за неговите скандали тогаш се пишуваше само во македонските медиуми. Како конзул, Петровски се обвинуваше за пијанство и учество во тепачки по кафе-барови во Њујорк, но министерката Митрева не мислеше дека тоа е дел од неговиот темперамент и приватен живот“.

Е, ова е одлична можност да направам дистинкција од се' ова што се пишува и коментира погоре. Имено, забележувате дека Слободанка пишува за македонските медиуми во мојот „случај“, додека за Перо пишуваат австралиските. Во неговиот случај случките се вистински, а во мојот беа креирани во кујната на Илинка Митрева и на СДСМ. Така тогаш функционираше СДСМ, виртуелно создаваше скандали за да ја расчисти дипломатската мрежа за свои потреби. Не можев да се бранам и да докажувам дека нешто не е вистина. Лагата имаше добиено големи димензии. Тогаш тие имаа пресудно влијание врз пишувањето во повеќето весници. И го користеа. Така уништуваа се' што не им одговараше. Добро, било што било. Тука сме и сме го издржале тестот на времето. Вистината врти, врти како шило и на крај пробива.

Денеска, со крената глава, можам на Слободанка да и' кажам за наводите што ги напиша во својот текст, дека може да ги провери кај господинот Керим, кој тогаш беше амбасадор и присутен на истата локација со мене. Дали нешто од тоа е точно или не тој, сигурно добро знае. И самиот повеќе пати јавно се има произнесено за тие небулози како тотална конструкција. Мислам дека нема причина зошто би ме штител. Нас не' поврза едно нешто - работење во интерес на Македонија во САД. Се надевам дека нејзиниот текст е ненамерно направена грешка и оти не е наменски објавен.

Можев и да не реагирам по наводите на Слободанка. Но, бидејќи сум сигурен во тоа што го пишувам, го оставам на увид на времето и на историјата.

(Авторот е доктор по политички науки)


#
Статијата е прочитана 2663 пати.

Испрати коментар

Од: kumanovac
Датум: 08.01.2011 13:23:04
Filipe, ti tochno znaesh shto moze da se pravi koga si Ambasador ili Konzul. I za tebe bea glasini deka se nedolichno odnesuvashe New York, ama nikoj nishto ne ti mozheshe. Beshe na vlas so tvojata partija. Sega koga tvoite bivshi te otpishaa, pratija drugi za Ambasadori i Konzuli da ja prestavuvaat Makedonija. So svojata kultura (kako i ti so tvjata) tie go prikazuvaat Makedonskiot narod kakov e. Toe e taka. Komunjarite otidoa, dojdoa nekoj novi klinci koi mislat deka zemjata se vrit okolu niv. Koga i tie ce bidat bivshi, kako sto si ti, i tie ce svatat deka se samo zrno pesok vo beskrajnoto more.
Од: asan
Датум: 08.01.2011 13:27:58
e skapana zemja. zatoa znaci cel pecat vo avstralija pisuva deka lidijceto mu e ex sex lover, a vladinite mediumi velat deka mu e DEVOJKA. pa taka li ve uci dedo stefan i grujo. znaci Perica si imal zena, a ovaa mu e SVALERKA. jasno da se napisi. zena mu neka vezi gobleni vo zalna makedonja, a perica neka bici za slava na makedonja.
Од: jovan
Датум: 08.01.2011 13:28:20
Dobro, svativme deka Pero e "promasen" Ambasador(kako i skoro site nasi segasni Ambasadori i Diplomati),no veke 20 dena da se pisuvalo po mediumive za Pero i negoviot svaleraj, e navistina veke banalno.Ako negoviot svaleraj go zagrozil"diplomatskiot integritet"na drzavava,MNR pod hitno neka go vrati, kazni..itd, ako se e "normalno"(a denes se svalerise koj stigne i koja stigne)togas, daj dosta glumite "konzervativci" i nevinasci, i piustete go covekot na mira.(by the way, Pero ne e zenet,pa moze da odi so koja saka)Ima vo nasata diplomatija daleku pogolemi,po stetni,pa i po smesni problemi otkolku ovoj na Pero(koj e na kraj-kraeva privaten problem).Resavajte gi vistinskite problemi vo diplomatijata koja ni e srozena do dno.Pero ne e najgolemiot problem na nasata diplomatija,toj e mnogu minoren problem vo odnos na sve sto se slucuva tamu.
Од: Od mene
Датум: 08.01.2011 13:35:26
I dobro što ti beše muabetov? Kaži be lepi što ti leži na srce, em na duša. Vo tvoe vreme koga izigravaše lokalno fraerče koe dobilo besplatna zabava u beliot svet neštovo koe sega go kritikuvaš ti beše i te kako poznato. Što sakaš sega? Togaš ne ni se izvini za bezobrazlukot što go praveše, a sega se obiduvaš drugite da gi ofiraš demek ete ne sum samo jas. Mene me obvinuvaa samo našite vesnici, a ovoj be cela Avstralija, eeeeeeej! Nemoj da pomisliš deka go pravdam kolegati po temperament, naprotiv. Ama dosta mi e od site vas na koi site drugi im se krivi. Dosta mi e od devizata ne sum jas žimi mama. p.s. se izvinuvam za obraćanjeto so Ti, megjutoa porakava e lična pa smetav deka ova e načinot i taka da se svati, ako se saka.
Од: Трпе
Датум: 08.01.2011 15:38:20
Штом украдениот Лап Топ ,од страна на швалерката на амбасадорот на Австралија од Македонија,поточно ексминистер за образование бил безвреден,сигурно бил од овие кои ги набавувал за образованието(за училиштата) од овие кинеските.
Од: Иселеник
Датум: 08.01.2011 18:55:00
Амбасадорот во Австралија не ја издал татковината, љубел наша македонка. Тоа е патриотизам.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.01.2011 21:01:13
Околу конзерватизмот,бракот и прељубата би го посочил Берлускони (не политичката вредност на амбасадорот и дотичниот) конзервативец-премиер,во една од најкатоличките земји па прави подалеку поголеми секси скандали и многу таму не се нервираат сем опозицијата. Интересно е зошто баш вас ве одбра г-ѓа Митрева да ве бламира, толку бевте успешен конзул па ви завидуваа. Колку се сеќавам не се ни браневте кој знае како.
Од: Perjanica vo MNR
Датум: 08.01.2011 21:37:16
Najdobar potez na ovaa vlada e sto paro go pratija za ambasador vo Avstralija.Ako go ostaveja i ponatamu kako minister za obrazovanie ce napravese mnogu pogolemi steti. A, a vaka vo diplomatijava sekako se be karma karasi, pa mozes da stavis bilo koj i nisto ne menuva. Pokraj toa mu napravi dobro zabavi vo Avstralija i go napolni avstraliskiot pecat so svoeto ime , a bogami dobro ne zabavi i nas ovde vo makedonija. Bici Pero i nemaj gajle. Tio si ni perjanica vo diplomatijata. Za nikogo tolku od MNR ne se pisuvalo.
Од: Blagoja
Датум: 09.01.2011 10:10:57
EE moj Filipe, sto e ubavo sega da kritikuvas, koga ne si vi vlasta. Zost ne si samokriticen malku, sega si i popameten, znaes. Zosto togas koga te pratija za konzul vo Amerika. ne rece. sto baram jas tamu nemam pojma od diplomatija, Jas od klupa, pa konzul, ne se sramis li i ti.skandalite se site od isti kako vas, site sto otisle bez den iskustvo, ne posramile. Da li si slusnal nesto takvo da napravi profesionalen diplomat.
Од: Zabluden!
Датум: 09.01.2011 13:53:14
Filip e vo golema zabluda ako misli deka Ilinka Mitreva e glaven vinovnik za progonuvanjeto na diplomatite od protivnickiot politicki tabor! Glavni reziseri na progonot na diplomatite, koi ne bea/se po voljata na SDSM, bea i seuste se potomcite na crvenata burzuazija od Vodno, koi mislat deka se od Boga odredeni za diplomatijata i za kljucnite mesta vo administracijata! Ako i ima kakov bilo grev, I. Mitreva koja e mosne obrazovana, kulturna i inteligentna dama, e toa sto ne se sprotivstavi na prepotentnite, ograniceni i beskrupulozni mediokriteti (od Vodno)!
Од: Виктор
Датум: 10.01.2011 03:08:03
Илинка можеше да те отповика тогаш, ама те остави во Њујорк. Тоа е прво, а второ точно е дека Перо е целосно промашено решение и нестручен, ама ни авторот на написов не беше многу поарен, без ден дипломатско искуство, прво работно место - конзул, каде го има тоа бре, па после Перо не чинел, па не чини, ама убаво кажа, не е само Перо - Перо и Филип е Перо.
Од: Pirat
Датум: 10.01.2011 04:43:49
Ajde be Fikjo, dosta veke eden isti muabet go vrtis kaj tebe u "Alka", pa sega pocna i da pisuvas. Druze, ti si posledniot sto mozes da zboris za profesionalni diplomati zatoa sto i samiot znaes kako te ispratija za N.Y.
Од: bukefal
Датум: 10.01.2011 11:07:37
Чист автогол. Неверојатно.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Холивуд? Зошто да не?
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Европска планина од долгови
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворе�� за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова