Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Македонски Состојби

Новинарството: и сила и слуга

Манчо Митевски

Медиумите треба да се препознаваат според својата физиономија и генерален став кон нештата, а не како сега, според тоа кој им е газда!

Не е добро за демократијата и за вкупниот живот во една земја кога професијата новинар, која треба да биде посредник во комуникацијата на објективни вести, информации, истражувања, ставови и други факти меѓу општеството и јавноста, ќе се најде во центарот на вниманието на медиумите, ќе се занимава самата со себе и ќе почне да се расправа и дели, и тоа не за актуелните прашања на својата фела, туку за прашања и проблеми на други професии - на политичари, функционери бизнисмени...

Во форсирањето на општата поделба на општеството, поради целите, интересите и начинот на практикување на власта, како и поради различниот третман на медиумите, а како последица на тоа и различниот третман на новинарите, актуелната владејачка гарнитура предизвика поделба и на новинарите, главно, на подобни и неподобни. Тоа го правеше на најразлични начини, со крајна цел во јавноста да ја пласира својата омилена релативизирачка теза, слична на онаа дека сите политичари се исти (сите грешеле, како што греши и таа) - значи и сите новинари се исти (а, бидејќи власта галантно им ги плаќа услугите на своите миленичиња кои работат за неа) за да ја изведе тезата дека - сите новинари се од некого купени или работат за некого! Затоа не треба да изненадува извештајот на ЕУ за нарушување на слободата на медиумите и за притисоци врз критички настроените новинари кон власта, ни истражувањето на „Новинари без граници“, според кое Македонија катастрофално падна кај „слободата на медиумите“ - од 34 место, на 68 на светската ранг-листа.

Сега, кога во Македонија се ревитализира Здружението на новинарите (ново раководство, Статут и Совет на честа) и кога за прв пат се формира новинарски синдикат, се чини дојдено е времето новинарската професија, подалеку од рефлекторите на јавноста, критички и отворено да преиспита некои свои состојби и особено да ги прецизира четирите најзначајни релации. Првата, новинари/медиуми - општествена јавност, втората, новинари/медиуми - власт, третата, новинари - сопственици на медиуми и, четвртата, новинари - новинари, односно медиуми - медиуми. Редефинирање на овие релации е неопходно, оти во овие сфери владее хаос, кој не само што им создава големи проблеми на новинарите и на медиумите, туку го нарушува нивниот авторитет и доверба кај граѓаните.

Проблемите на новинарите, значи и на медиумите, се предизвикани од повеќе неповолни состојби кои се појавија во дведецениската транзиција на македонското општество. Проблемите, значи и назадувањата на оваа бранша се најизразени во последниве години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи оваа власт, иако сите претходни имаат свои гревови кон новинарството и медиумите, ги мултиплицира поради желбата да придобие, инструментализира - и да корумпира што повеќе од нив. Ќе нотирам неколку.

Во Македонија, во периодот на транзицијата, се уништија општествени вредносни и морални категории, а на нивно место, особено во мандатот на Никола Груевски и неговата партија, се воспоставуваат новокомпонирани во турбо стил, со многу приземно популистичко ниво и со големи партиско-идеолошки примеси. Се уништија и големите медиумски системи, и што е уште потрагично, нивните новинарски школи, модели на професионално рангирање и напредување со високи стандарди по кои беа препознатливи. Повремено, во одредени периоди, поради отсуство на силна и организирана опозиција, дел од медиумите и новинарите ја преземаа општествената улога на критичка опозиција, укажувајќи и' на јавноста на опасностите од обидите на властите да свртат кон неодговорност, едноумие, па и тоталитаризам. Во услови на транзиција, на општество со економска сиромаштија и со релативно мал демократски капацитет, оставени на суровите пазарни услови, на нелојална конкуренција и на големи апетити на власта, без никакви субвенции од државата, дел од медиумите пропаѓаа, а дел новинари завршуваа во бироата за невработени. Згора на се', и покрај законската забрана сопственик на електронски медиум да поседува и пишан медиум (еден беше и бесплатен), но и бесплатни синергии меѓу нив, властите ги толерираа овие незаконитости кои беа погубни за медиумите кои работеа според законот и редовно си ги плаќаа обврските кон државата.

За ваквите состојби, колку и да се виновни властите, поради општиот транзициско-кризен и слабокапацитетен демократски амбиент, дел од вината сносат и самите новинари. Гревот во супстанција е што, поради поделеноста по разни основи и линии, а најмногу поради суети, не успеаја, како новинарите во демократските земји, да создадат силни одбранбени механизми - еснафски здруженија и синдикални организации. Вториот грев е што, дел поради обезбедување политичко влијание, дел поради позиција и пари, дел поради одење по линија на најмал отпор, дел поради социјални мотиви, дел поради инсистирање на професионалност по секоја цена, се поделија на две позиции - како сила и како слуга!

Сега, условно кажано, постојат неколку категории новинари. Најмала групација се новинарите „продолжени раце“ на сопствениците на медиуми, а преку нив и на партиите кон кои гравит��раат нивните газди. Тоа се новинари - домашни миленичиња - идеолози и железни тупаници на власта во вид на прес-полицајци и обвинители кои во своите медиуми им пресудуваат на сите што мислат поинаку. Иако најмала, оваа групација му нанесе голема штета на македонското новинарство. Нешто поголема групација се новинарите „зихераши“, кои не сакаат да си го нарушат комодитетот и стекнатата позиција, кои релативизираат се' само за да не се замерат со власта и со своите газди, кои ги изедначуваат сите власти, иако знаат кој е одговорен за „ланскиот снег“, а кој за тековната политика. Има една групација новинари „аматери“, главно во електронските медиуми и претежно млади луѓе желни за слава, на кои им импонира што можат да се појават на екраните, иако за тоа не се ни добро обучени, ни подготвени.

Најбројна групација во новинарството, негова основа сила се новинарите професионалци - репортери, истражувачи, коментатори, аналитичари... Тие најпрофесионално си ја извршуваат работата и претставуваат движечка сила која, сигурен сум, со текот на времето, кога ќе се расчисти политичката магла што ја создава актуелната власт помогната од некои политички ангажирани сопственици на медиуми, ќе го спаси достоинството на новинарството, истиснувајќи ја на маргините малата, но многу експонирана и добро платена група новинари - профитери и исполнувачи на политички интереси, едноставно - слуги!

Да заокружам, за новинарството повторно да ја добие довербата на јавноста, потребни се две разграничувања. Сопствениците треба да им овозможат на новинарите погодни услови за работа, за докажување, за напредување, за заработка, а со тоа и тие да оствари профит. Новинарите треба да работат професионално и да ги остваруваат високите стандарди на новинарството. Така, медиумите ќе си имаат своја физиономија, генерален пристап и став кон нештата и според тоа ќе бидат препознавани, а не како сега, кога се препознаваат според газдата!


#
Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 08.01.2011 12:11:23
Новинари-умот во глава и не наседнувајте на ГАЗДИТЕ.Колку и да се ГАЗДИТЕ КОРУМПИРАНИ без вас неможат,Да функциунират.Што значи вие без нив можете тие без вас неможат.Не дозволете да преку ваш ГРБ се богатат,А ВИЕ ДА БИДЕТЕ ЦРНИ-ОВЦИ.Бидете тоа што сте НОВИНАРИ не полтрони.
Од: Hari
Датум: 08.01.2011 13:02:22
Realen osvrt na katastrofalnata sostojba vo novinarstvoto osobeno poslednive godini. Dokaz za toa se i izjavata na Amerikanskata ambasada vo Skopje po povod obidot za zatvoranje na A1:zagrizuva pritisokot na vlasta vrz oglasuvaci vo televizijata, i intervjuto na voditelkata na B92 za slicnosta na upadot na vlasta na poslednite diktatori vo Evropa.
Од: marioec
Датум: 08.01.2011 15:58:18
seto e kazano dobro,ama dali e taka stavi go prstot na celo i preispitaj se samiot sebe si.Kako prvo vo RMakedonija novinarstvoto nikogas ne bilo Nezavisno.Vtoro site Novinari si imaat nekoj politicki sponzor.Treto Novinari istrazuvaci kaj nas nema,barem od postarite generacci,ako imase ce nemase takvo pustosenje na Drzavata za ovie 20 godini.I kaj Novinarite e isto i kako kaj Politicarite.Samo Profitot e Biten a ne Profesijata.
Од: belomorec3
Датум: 08.01.2011 16:41:59
Dobro e sto na krajot se svesti i napisa eden dobar tekst vo koj sramezlivo ja opisuvas sostojbata vo novinarstvoto,so mal procent na pristrasnost i nekorektnost.Sepak najvaznoto e vo posledniot pasus,vo koj nedostasuva deka toa treba da go napravat novinarite od tvojata generacija i da im posluzat za primer na pomladite generacii.Klucno prasanje e sto nemate lideri me gu vasata fela koi ke opstojat kako nezavisni i profesionalni nivinari.Sakam da mi navedite barem eden takov novinar od postojnite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.01.2011 20:48:42
Hari сине вероватно знаеш каква е реакцијата на амбасадата на САД за батак аферата за нивните пари и смоки могулот,инаку се префркнаа за неговото апсење,сон не ги фаќа.Инаку имам став за сите ,,независни,,новинари но ќе се воздржам од коментар од оправдани причини.
Од: Do Cicko Felix
Датум: 09.01.2011 10:45:20
Za batacite si ima institucii i sudska postapka, se razbira ne vo nasiot sudski sistem, a toa sto se pravis deka ne razbiras sto znaci za edna demokratija da se vrsi pritisok vrz firmi da ne oglasuvaat vo eden medium koj e proopozicionen_momentalno, pred 5 godini go ustolici na vlast Ovcarot-e tvoj problem. Korupcijata e i vo Kanal 5 i Sitel ama se progonuva Velija zatoa sto zboruva za korupcijata i kriminalot na segasnata vlada.
Од: Феличита
Датум: 09.01.2011 13:27:19
Среќко, сине,не се воздржувај,одговори кого чекавте на аеродром!Ќе ти олесни!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Холивуд? Зошто да не?
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Европска планина од долгови
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворен за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова