Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство

Соња Крамарска

Новата 2011 година, според многу параметри, е значајна за македонските граѓани, за Владата и за опозицијата. По четири и пол години владеење, Груевски мора да направи сумирање на резултатите. Граѓаните и избирачите со сигурност веќе ги имаат сознанијата, но ги чуваат за себе. Ќе ги откријат на некои наредни избори.

За да добие поени кај јавноста премиерот треба да повлече неколку храбри чекори. Да влезе суштински во преговори со Папандреу и да ги заврши до летото за да има време до крајот на годината да спроведе референдум и да се врати од Брисел со членска карта од НАТО.

Второ, да се погрижи пописот на населението во април да помине во најдобар ред, а операцијата да се спроведе транспарентно и без политички притисоци. Во негови раце е да ги неутрализира и притисоците од Тачи, од Селмани, но и од Ахмети. Груевски е премиер и во најголем дел резултатите на политички план и климата во земјата зависат од неговите чекори.

Груевски е тој што треба да стави крај и на говорот на омраза спрема политичкиот ривал СДСМ и да даде пример за култивирана политичка дебата. Ако продолжат социјалдемократите, и покрај тоа, да настапуваат со реторика како досегашната, негативните поени ќе одат на нивна сметка. Во секој случај, џентлменски е и политички културно премиерот да го направи првиот чекор кон запирање на говорот на омраза. Тоа не е тешко, доволно е само да ги смени инструкциите кон Бичиклиски.

Веќе е непријатно да се слуша низ политичките кулоари кои се математиките на шефот на Владата да не прави реконструкција на министрите. Медиумите во минатата година беа полни со стории за некои од првите луѓе на владините ресори. На пример, за министерката за култура Канческа-Милевска и исчезната тендерска документација, за првата полицајка Јанкулоска поради прекумерна употреба на сила и упад во парламентот, за Маневски, кој е дежурна тема во Брисел, за Коњановски, за шокантната состојба во здравството со кое министерува Бујар Османи...

Премиерот мора да покаже слух за критиките кон овие министри затоа што тоа се критики до Владата и, пред се', до него како претседател. Во спротивно, ако продолжи да ги игнорира, ќе растат шпекулациите зошто затвора очи пред очигледните слабости во неговиот кабинет. Како што кружат шпекулации за причината за неговата попустливост кон амбасадорот во Австралија, Перо Стојановски.

Познато е дека на Балканот постои специјална поврзаност и солидарност во владејачките гарнитури. Причина за тоа се парите и заедничкиот интерес. И покрај сите декларации за чесност и отчетност, се покажа дека ниту сегашната македонски Влада не е имуна на оваа балканска практика. Во премиерскиот кабинет постојат фигури што се поцврсти од спомениците на плоштадот. Никој не може да ги помрдне.

Во таа смисла, 2011 треба да биде година на политички исчекор во тој правец, кога Груевски веќе се изјасни (во новогодишниот говор) да не очекуваме поголеми економски резултати. Има работи, како што се економските текови, кои зависат од поширокото опкружување, а има и работи што зависат од политичката волја на премиерот. Затоа 2011 е крајниот момент кога премиерот треба да покаже повеќе лидерство, а помалку теснопартиско калкулантство.

Оваа година Македонија ќе прогласи полни две децении од независноста и од новите вредности што ги донесе плурализмот и новиот систем. Токму затоа одговорноста на Владата е поголема. На сегашната Влада падна да го заокружи тој јубилеј, и тоа треба да го направи на вистински начин.


#
Статијата е прочитана 1272 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 08.01.2011 12:17:07
Соње-Добра анализа...............Покрај се што му предлагаш на премиерот,Те ова те она Заклучок не донесе.Најдобро би било Премиерот да сиги спакува КУФЕРЧИНАТА и си замине.Така што ќе ја спаси МАКЕДОНИЈА од ТОТАЛЕН-МРАК.
Од: Hari
Датум: 08.01.2011 12:23:28
Za da pokazes liderstvo treba da si stvoren da bides toa, so lagi, beden populizam, so vokresnuvanje na Gebels ne se vladee. Posle 5 godini unistuvanje, ponizuvanje, kriminal, i ako se dodadat 4 godini minister za finansii vo Vladata naq Georgievski(OKTA,platezna karticka, 4 stana na mama Nadezda),ne moze da se ocekuva nisto dobro. Pola privatizacija ja napravi toj so negovite potpisi a vinoven mu e BC i lanskiot sneg. Izbori i nisto drugo.
Од: zoran
Датум: 08.01.2011 13:00:51
mnogu raboti treba da smeni gruevski,poznavajki go negovoto vladeenje nema sposobnosti za takvo nesto.znaci najdobro ostavka.
Од: jovan
Датум: 08.01.2011 13:17:53
Ako 2011ta ocekuvate Gruevski da prevzeme se vo "svoj race", epten daleku ke stigneme. So Ahmeti,Taci,i Selmani ke se dogovori "ko da vise", okolu ekonomijata ke ve ubedi deka"tazi dupka ne e dupka"i ke si prodolzi so zadolzuvanje i tenderasenje, Crvenkovski i SDSM ke gi povika na sloga i edinstvo po negov terk,da bidat "slozni" i da ne go kritikuvaat, Grcite ne mu gi spomenuvajte,ne mu se veke interesni. Neznam sto uste ocekuvate od nego. Fakt e deka vo momentov i alternativnata zamene za Gruevski e presiromasna i ne nudi kojznae kolku poveke od nego,no neznaci deka vo Makedonija nema alternativa.Treba samo hrabrost i podrska za da se pojavi, a krajno vreme e.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.01.2011 20:43:14
Интересен еднонасочен текст со пораки за едната страна,за втората едвај буквално 3 збора.Ова треба да ја загрижи опозицијата а и нејзините коментатори тука,по се изгледа почитуваната г-ѓа Крамарска ништо не очекува од безидејната и никаква опозиција,тука сме на иста бранова должина.Но штета има државата со ваква опозиција која има ,,лет во место,,.
Од: Od fakelaki
Датум: 08.01.2011 21:35:12
Ako ne bese Grujo Makedonija nemase da se vika Makedonija bez Grujo kako bez Dusa pozdrav do Prijatelite.....
Од: Такеваке
Датум: 09.01.2011 10:50:36
Како се викаше Македонија пред Грујо?!
Од: sime
Датум: 09.01.2011 14:20:19
Dobro e premierot da go procite tekstov i da prihvati nesto od sugestiite,vo sprotivno ne ni cini rabotava.
Од: Ero od onoj svet
Датум: 09.01.2011 22:26:58
EU da mu dade blanko pokana na Grujo i toa bez ispolnuvanje na uslovi,bez resavane na sporot so imeto ,cak da ne primat so ustavnoto ime toj nema da prifati,zasto:1. ne moze da se oddeli od Stevana 2.ke mora da go priznae Vraniskoski.3.Da gi priznae site koi poinaku mislat i poinaku veruvaat.4.da se otkaze odseenje strav i magla.5.Drzavata da e proglasi sekularna.6.Da gi priznae onie koi i jas ne gi sakam.Da se otkaze od podelbi i pritisoci.I konecno da donesuva vistinski odluki za koi e izbran,a ne da gradi idiotski gradbi,a narodot strada.7.da dade potpolna skoboboda na zbortot i novinarite
Од: kristo
Датум: 10.01.2011 08:13:11
Ајде Грујо да си замини. А кој да дојди? Бранко? Македонскиот Среќко Шоиќ? Ептен сте вицкасти.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Холивуд? Зошто да не?
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Европска планина од долгови
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворен за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова