Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Со две слаби на поправен

Задолжителна настава и за учениците што не одат редовно на часови

Жаклина Ѓорѓевиќ

Со само две слаби оценки на крајот од првото полугодие учениците се кандидати за дополнителна настава што ќе мора задолжително да ја посетуваат. На поправни часови ќе одат и оние што не ги посетуваат часовите по некој предмет или ако имаат слаби резултати за некој од предметите. Солидните ученици, пак, ќе одат на додатна настава, но за тоа ќе можат да одлучуваат сами. Ова се само еден мал дел од законските измени што се планираат во секторот образование, кои е предвидено да се воведат годинава доколку го поминат собранискиот филтер. Во собраниските архиви на стенд- бај се и многу други измени што нема да ги тангираат не само основците, средношколците, студентите, туку и наставниците и професорите.

Во Министерството за образование и наука коментираат дека измените за успехот не се случајни и дека се воведуваат бидејќи голем дел од учениците покажуваат слаб успех. Резултатите од државната матура во 2009 година покажаа катастрофални резултати. Дури половина од средните школи имаат успех меѓу еден и два.

Во законските измени се предвидува задолжителна дополнителна настава за ученици што покажуваат континуирано слаби резултати во учењето. Поточно, ако имаат најмалку две слаби оценки на крајот на првото полугодие; имаат слаби резултати по одреден наставен предмет; отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет или, пак, по барање на ученикот или на неговиот родител, односно старател.

„Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмета со најмногу четири наставни часа“, се наведува во измените. Во нив се прецизира дека учениците ќе добиваат неоправдани ако не доаѓаат на дополнителна настава. А за тоа ќе бидат известени родителите.

За талентираните ученици се организира додатна настава, која наставникот е должен да им ја понуди на учениците. Тие сами ќе одлучуваат дали да ја посетуваат оваа настава. Во измените стои дека училиштето најдоцна до 20 септември во тековната учебна година треба да истакне распоред за дополнителна и додатна настава за секој наставен предмет на видно место во училиштето и тоа да го достави до Државниот просветен инспекторат. За наставниците што нема да ја реализираат дополнителната и додатната настава ќе се поведе постапка за дисциплински престап.

Новина што се планира за годинава е и советувањето за родители на проблематични деца. Родителите ќе одат на советување кај училишниот психолог или педагог ако нивните деца имаат слаба по три или повеќе предмети, потоа ако имаат повеќе неоправдани или оправдани изостаноци или, пак, се недисциплинирани. На советување ќе одат и оние родители чии деца го навредиле наставникот, биле вклучени во тепачки; ако ученикот покажува асоцијално однесување или се однесува неморално или неетички. Ќе се советуваат и родители на деца на кои за кратко време им опаднал успехот.

Се планираат и измени што ќе ги тангираат наставниците од кои ќе се бара во иднина да имаат положено и државен испит, што ќе биде услов за да се вработат. Годинава измени ќе има и со екстерното оценување, кое повторно ќе се одложи за крајот на идната учебна година, а официјалното образложение е дека „наставниците и учениците не биле подготвени за негова реализација“. (Ж.Ѓ.)

Стоп за семејни вработувања

Со новите законски измени се забрануваат семејни вработувања на факултетите. Па така, за професори и асистенти не можат да се избираат роднини на актуелни професори, синови, ќерки, снаи, зетови или сватови. Во измените стои: „Во наставно-научно звање на некоја од високообразовните установи не може да биде избрано лице што има одбрането докторски труд на факултет каде што има засновано работен однос во наставно-научно, наставно, односно соработничко звање, лице со кое е роднина по крв, во права линија до кој и да е степен, а од странична линија до четврти степен или му е брачен, вонбрачен другар или роднина по сватовство до втор степен без оглед дали бракот престанал или не.

Вакви роднински врски се забранети и при одбрана на магистратура или докторат, каде што не се дозволуваат какви било роднински врски меѓу членовите на комисијата и кандидатот“. (Ж.Ѓ.)



#
Статијата е прочитана 2238 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 08.01.2011 13:21:45
eee odlicno,samo sto ova trebase da se sluci mnogu odamna koga napotizmot bese vo vrvot na svojata realizacija!ili se uste e(?!)..koj li moze da ti znae tie igri i igrarii sto se slucuvaat po fakultetite(osobeno!)...
Од: Трпе
Датум: 08.01.2011 13:40:09
Приказни за мали деца.Министерчето ке ги тегне за ушиња и родителите и наставниците.А што да се прави кога образованието е паднато до најниски гранки.Со задолжителното образование(средно) па и факултет.Учениците одат на училиште за дружење а не за учење.А и што да се прави какло да се организират дополнителни и дотатни часови кога учениците имат секој ден по 7 часа и организиран превоз.Сигурно овие часови треба да се планират за сабота и недела.
Од: Stojko
Датум: 08.01.2011 18:11:12
Malce zadocnija, neli? A i recenicava mozese da bide pojasna..
Од: Komentator
Датум: 09.01.2011 13:07:52
Dve slabi i na popraven ispit...ako toa e na polugodie togas i nastavnicite i profesorite na popraven da odat...na celo so direktorot i ostanati "zvanicnici"...Pokraj tolku ucilisni pomagala kompjuteri knigi ..kursevi i da ne nabrojuvam poveke sramota e za ucitel i edno dete vo odelenie ili klasot da ima slaba ocenka...a znaete zosto... ne zosto ne im naucile ..tuku zosto. ne gi naucile da go sakat ucenjeto...!!!!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.01.2011 13:11:13
Жална вистина е што во нашиот „образовен“систем и најдобрите („солидните“)ученици,чест на исклучоците,се претежно со слабо и површно учење,недостојно да се именува како знаење!Сè звучи убаво на Хартија,но малку е поинаку во праксата!Постојат и наставници,кои,место знаење,продаваат Авон и Орифлејм,а купените „реликвии“се единственото мерило за оценката на учениците!Хаосот е таложен со децении!Уште од моментот кога најлошите ученици почнаа да запишуваат „Педагошка академија“,во неможност да се запишат на било кој друг факултет!Оттогаш имаме пад на вредноста на знаењето,но овојпат тоа е изразено преку драстично тупавите учебници кои обилуваат со небулози и будалаштини,преку зголемувањето на бројот на студентите,магистрите,докторите на науки и факултетите до енормни размери!Варирањето на законот за образование,кој се менува секоја година,според расположението на пастирот и неговите членови на стадото,ја надополнува црната дупка во образованието!
Од: Todor Kumanovec
Датум: 10.01.2011 11:28:56
Gi Ubivame svoite deca svojata idnina so vakvi nesmisleni potezi od nestrucni obrazovni sovetnici ,jas sum bil ucenik i sega imam svoi dve deca ucenici golema e razlikata sega ovie mladi profesori za da se pokazat dobri i strogi se izzivuvaat nad nasite deca pa duri i znam profesorri sto ne dovagjaat da odrzat casovi ami koga dojdat gi vadat masloto na decata toa e tortura seto toa go znae obrazovniot insopectorat ami ne prezema totalno nisto sekoj den po nekoj test sekoj den nova glavobolka za nasite deca toa e totalno pogresen sistem,profesori zaposleni po prijatelska i partiska vrska i davanje ocenenuvanje partisko po toa dedo i baba dali se bile direktori ,profesori ili carinici.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Холивуд? Зошто да не?
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Европска планина од долгови
"Александар Велики" отворен за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова