Аризона
Пет обвиненија против убиецот на шест лица
10.01.2011, 11:28
Американските власти покренаа пет обвиненија против Џаред Ли Лафнер, кој вчера уби шест лица и ја застрела американската конгресменка Габриела Гифордс во Аризона. Меѓу петте точки е и обидот за убиство, а обвиненијата се поднесени до американскиот сојузен суд во Тусон.
Во обвинението стои дека иследниците во куќата на осомниченоот пронашле документ со планови за убиство. Документот во кој го пишува презимето на конгресменката, со потпис на Лафнер, се наоѓал во еден коверт во сефот во куќата на Лафнер. Лафнер (22) е притворен веднаш по нападот во близина на еден трговски центар, каде Глифордс, членка на Конгресот од Демократската партија, држела политички собир.
Во нападот се убиени главниот федерален судија на Аризона, едно деветгодишно девојче и уште четири лица.Америк��нскиот претседател Барак Обама го осуди нападот како "бесмислен и ужасен чин на насилство", кој претставува "трагедија за целата земја".
Властите наведуваат дека точниот мотив на нападот, чија мета била конгресменката, која се бори за живот, засега е непознат, но шерифот на округот Пима Кларенс Дупник го опишува напаѓачот како ментално нестабилна личност.
|