Магла
„Александар Велики" отворен за полетување
10.01.2011, 10:51
Скопскиот аеродром "Александар Велики" денеска е отворен за полетувања, а се уште затворен за слетувања поради намалена видливост од густата магла. Од аеродромот информираат дека нормализирање на сообраќајот во двете насоки се очекува околу 12 часот.
Аеродромот вчера беше затворен за сообраќај поради густата магла. Откажани беа летовите за Виена, Будимпешта, Загреб, Белград, Подгорица и Бурса, а не беше овозможено ниту слетување на авионите. Дел од нив се враќаа, а дел се пренасочуваа кон охридскиот аеродром.
Во патниот сообраќај маглата засега не предизвика поголеми проблеми. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по главно влажни коловози во утринските часови.
Намалена в��дливост има на патните правци Куманово - 30 метри, Скопје - 30 метри, Тетово - 50 метри, Штип - 30 метри, Сарамзалино - 50 метри, Петровец - 30 метри, планинскиот превој Кула - 50 метри, Велес - 50 метри, Неготино - 200 метри, Демир Капија - 150 метри
|