Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Мислења

Европска планина од долгови

Волфганг Шојбле

Расипништвото на државите доведе до должнички нивоа што би станале неодржливи доколку не дејствуваме

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека нето-вредноста на поддршката за финансискиот сектор поради кризата од земјите на Г-20 во 2009 година изнесува 1,7 отсто од БДП (905 милијарди долари), додека самоволниот фискален стимул достигнува до 2 отсто од БДП и во 2009 и во 2010 година. Сите земји од еврозоната, освен Луксембург и Финска, пријавија фискални дефицити повисоки од 3 отсто од БДП во 2009, додека Грција, Шпанија и Ирска имаат дефицити од над 10 отсто. За само една година, генералниот долг на владите од еврозоната се зголеми за речиси 10 проценти (78,7 отсто од БДП во 2009 година во споредба со 69,3 отс��о во 2008 година).

Што се однесува до Германија, федералниот буџет за 2010 година покажува рекорден дефицит од над 50 милијарди евра. Долгот од јавниот сектор ќе надмине 1,7 илјади милијарди евра, приближувајќи се до 80 отсто од БДП. Каматните исплати, кои трошат повеќе од 10 отсто од федералниот буџет на Германија, ќе се зголемуваат заедно со се' поголемото должничко оптоварување - па дури и побрзо, ако се зголемат каматните стапки. Сепак, финансиската криза и претстојната рецесија одат толку далеку што ги објаснуваат високите нивоа на задолженост. Вистината е дека многу европски и земји-членки на Г-20 живееја повеќе отколку што им дозволуваа нивните средства - вклучувајќи ја и Германија, и покрај угледот на примерност за фискална чесност. Дури и во добри времиња, владите предолго трошеа повеќе отколку што добиваа. Можеби уште полошо, некои, исто така, трошеа повеќе отколку што би можеле лесно да исплатат, со оглед на опаднатиот долгорочен потенцијал за развој на нивните економии, поради стареењето на нивните популации. Такво расипништво доведе до должнички нивоа кои би станале неодржливи доколку не дејствуваме.

Тоа е причината зошто Германија во 2009 година реши да ги прогласи за свети строгите фискални правила во нејзиниот устав. „Шулденбремсе“ или „сопирачки за долгот“ значи дека федералната влада треба да има структурен дефицит не поголем од 0,35 отсто од БДП до 2016 година, додека германскиот „Ландер“ ќе има забрана воопшто да има структурни дефицити од 2020 година. Актуелната федерална влада, секако, ќе се придржува до тие правила, што подразбира намалување на структурниот дефицит на приближно 10 милијарди евра до 2016 година - што е намалување од 7 милијарди годишно.

Бенефициите од социјалната помош се оправдување за повеќе од половина од федералните трошоци на Германија минатата година. Така, нема голем избор освен да се намалат трошоците за социјална помош, барем умерено. Но, таков вид фискална консолидација може да се постигне само ако мнозинството го сфаќа како социјално правично. Примателите на социјална и на колективна социјална помош, како и јавните службеници, мора да го споделат жртвувањето. Германските корпорации треба да придонесат за фискална консолидација со намалување на субвенциите и дополнителните даноци за големите енергетски компании, авиокомпаниите и финансиските институции. На сличен начин, државните службеници мора да се воздржат од ветените зголемувања на платите, а владата од федералните вооружени сили бара годишни заштеди до три милијарди евра преку структурни реформи.

Обврзувачките фискални правила на Германија даваат позитивен пример за другите земји од еврозоната. Но, сите влади од еврозоната треба да ги покажат нивните заложби за фискална консолидација, со цел да се обнови довербата кон пазарите - и на нивните граѓани. Неодамнешните студии покажуваат дека кога должничкото оптоварување на владата ќе достигне неодржлив праг, поголем долг само ќе го запре економскиот развој.

Должничката криза на Грција беше јасно предупредување дека европските политичари не смеат да дозволат јавниот долг неограничено да се натрупува. ЕУ беше во право кога реагираше категорично за да ја обезбеди стабилноста на еврото, со давање на краткорочна помош на Грција и воспоставување на Европскиот механизам за финансиска стабилизација (ЕФСФ). Но, иако ЕФСФ е неопходен чекор за враќање на довербата, грчката криза откри структурни слабости на системот на Европската монетарна унија (ЕМУ) за фискална политика, која не може, и не треба да се фиксира со рутинско трошење на парите од други земји за тој проблем. Сметам дека ЕФСФ е привремено средство додека ги лекуваме базичните недостатоци на Пактот за стабилност и развој, чии фискални правила немаат ниту суштински ниту формален тон. Поради тоа, потребна ни е поефективна превенција на кризата и рамка за решавање на кризата за еврозоната, онаа што ги зајакнува превентивните и корективните одредби на Пактот. Санкциите за земјите од еврозоната кои сериозно ги нарушуваат правилата на ЕМУ треба да стапат на сила побрзо и со помала политичка дискреција, и да бидат поцврсти.

Германија и Франција предложија построги правила за позајмување и трошење, поддржани од цврсти, полуавтоматски санкции за владите кои не го почитуваат тоа. На земјите кои постојано ги игнорираат препораките за намалување на прекумерните дефицити и оние кои манипулираат со официјални статистички податоци, треба да им бидат замрзнати нивните фондови од ЕУ, а нивните права на гласање да бидат суспендирани. Монетарната унија не беше планирана да биде ниту универзален лек за земјите-членки од еврозоната, ниту шема за збогатување за финансиските шпекулатори. Ниту, пак, беше замислена да биде систем на редистрибуција од побогатите во посиромашните земји, преку поевтино позајмување за владите со помош на заеднички еврообврзници или отворени фискални трансфери. Тоа нема да успее ако некои земји постојано имаат дефицити и ја ослабуваат нивната конкурентност на штета на стабилноста на еврото.

ЕМУ беше замислена да поттикне структурни реформи. Земјите расипнички требаше да бидат принудени од Пактот за стабилност и развој, како и од нивните колеги, да живеат колку што им дозволуваат средствата, и така да ја зајакнат конкурентноста. Поранешната социјалдемократска влада на Германија, наместо тоа, го ослабе Пактот кога беше политички поволно, додека помалку конкурентните членки од еврозоната дозволија платите да се зголемуваат, а јавниот сектор да стане надуен, за потоа да затворат очи додека лесното кредитирање поттикнуваше и долгови и меури од капитал.

Не можеме да негуваме одржлив развој или да спречиме криза на неограничен долг во Европа (или на некое друго место) со трупање поголем долг. Европските земји треба да ги намалат нивните дефицити на начин кој е пријателски за развојот, но мора да ги намалат. Тоа може да се постигне: Германија го намалува должничкото оптоварување на одржливо ниво, а во исто време ги зајакнува нејзините долгорочни изгледи за развој. Нејзиниот курс за намалување на дефицитот, ориентиран кон развој, заедно со предлозите за зајакнување на фискалната рамка на Европа, би можел да послужи како шематски план за економско управување на Европа.

(Авторот е министер за финансии на Германија, и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1126 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Холивуд? Зошто да не?
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Шпионирањето мејлови во семејството се казнува
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворен за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова