Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter

Електронска пошта

Шпионирањето мејлови во семејството се казнува

Се' уште никој не го тужел сопружникот зашто му го хакирал компјутерот и му провалил во мејлот. Ако Леон, кој во февруари излегува пред суд, биде прогласен за виновен за хакирање на мејлот на сопругата, тоа би можело да значи ново поглавје, како во интернетските врски, така и во реалните

Јасминка Павловска


Благодарение на новите технологии, прељубата е на дофат на мејлот и многу е полесно некој да биде изневерен само со едно кликнување на компјутерското глувче, во споредба со претходно кога требало да се трча до телефонска говорница и да се договара љубовен состанок. Токму со таков метод се послужила Американската Клара Вокер од Мичиген, која преку својот џи-мејл одржувала љубовна врска. Сопругот, Леон Вок��р, го отворил нејзиниот мејл и открил дека го изневерува со бившиот сопруг.

Леон и' е трет сопруг на Клара, а го изневерувала со претходниот, кој еднаш бил уапсен зашто ја претепал пред нејзиниот син од првиот брак. Леон му ги предал мејловите на нејзиниот прв сопруг, со образложение дека е загрижен за доброто на детето. Таткото побарал старателство над својот син. Меѓутоа, Клара се одмаздила и го тужела Леон за нарушување на приватноста. Тужителката навела дека Леон го прекршил законот зашто го хакирал мејлот на својата сопруга. Тој тврди дека компјутерот бил заеднички, а таа дека бил само нејзин.

Сега Леон е обвинет според антихакерскиот закон, а неговиот случај е своевиден преседан. Имено, овој закон се користи ако некој се обиде да провали во владините системи, или во приватните сметки поради корист. Тој би требало да штити од кражба на идентитет, од кражба на интелектуална сопственост и на трговски тајни. Се' уште никој не го тужел сопружникот зашто му го хакирал компјутерот и му провалил во мејлот. Ако Леон, кој во февруари излегува пред суд, биде прогласен за виновен, тоа би можело да значи цело ново поглавје, како во интернетските врски, така и во реалните. Во Македонија досега немало сличен случај.

Упадот во „личната Интернет-територија“, регулиран е и во Казнениот законик на Република Македонија, од 2008 година, со член 251. Оној што се сомнева дека му е хакиран мејлот, профилот на „Фејсбук“, документи во компјутерот... може да поднесе пријава во полициска станица. Во зависност од направената штета, натаму може да се постапува по службена должност, или по приватна тужба. За вакви престапи законот предвидува парични казни, но и затворски - до три години.

Во секој случај, нелегално е да се чепка по нечија електронска пошта, „Фејсбук“, или СМС-пораки на мобилен телефон, па дури и да станува збор за брачен партнер. Ситуацијата е функционално иста како да станува збор за конвенционална пошта, од хартија. Секој има право на приватност, освен ако тоа другата страна не го дозволи.

Статистиките во САД наведуваат дека во едното од петте поднесени барања за развод, како виновник се спомнува „Фејсбук“. Марк Кенан, извршен директор на веб-страницата „Развод онлајн“, вели дека многу нивни клиенти откриле оти партнерите ги изневеруваат токму преку таа социјална мрежа. Девојките и жените отвораат измислени профили, испраќаат барање за пријателство на својот партнер и почнуваат да флертуваат, ставајќи ги на тест. Мажите најчесто потклекнуваат пред искушението. Нивните партнерки ги ловат како четаат со нив за секс, мислејќи дека станува збор за некој друг. Понекогаш само виртуелно им се обраќаат, а некои одат и чекор натаму и бараат состанок во живо. Меѓутоа, на оние мажи не им паднало на памет да ги тужат своите партнерки поради нарушување на приватноста. Од февруари и тоа, најверојатно, би било можно и тогаш ќе се изгуби границата кој, всушност, е виновен.

Дозволено ли е чепкање во електронската пошта?

Билјана Беличанец - актерка


Во принцип, електронската пошта, СМС-пораките во мобилните телефони... се интимна работа и таму треба да важат основните правила на бонтонот - не се чепка во туѓи работи. Е, сега, друго прашање е колку може да се контролираат човечката љубопитност, сомничавост, љубомора... и другите човечки слабости. Во секој случај, повеќе сум поборник отворено да се праша нешто, ако се има сомневање, отколку да се пребарува низ приватната сфера на некој, па колку и да е близок. Навистина не можам да паднам во искушение за пребарување на електронската пошта на сопругот, зашто тој едноставно не ја користи. Признавам, ми се случило случајно да отворам СМС-порака во неговиот мобилен телефон, но без никаква намера. За секој случај веднаш го известив што ми се случило.



Благоја Груевски - пејач

Никогаш не сум паднал во искушение ниту, пак, сум се обидел да проверувам низ личните работи на партнерката. За што и да станува збор - електронска пошта или, пак, торби по шопинг. Едноставно тоа не е в ред, не е културно и не е фер спрема некој што ти е близок. Напредокот на технологијата не ги обезвреднува основните правила во човечките односи. Подеднакво е некултурно и лошо ако отвориш туѓо писмо стигнато по пошта и и-мејл.

Секогаш се раководам според девизата: „Не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе“.



Мики Црнокрак - моден менаџер

Довербата во семејството ни е таква што не гледаме проблем во тоа да се има пристап во електронската пошта. Но, никогаш не сум го искористил правото и довербата да отворам туѓи мејлови и да читам туѓи СМС-пораки. Ниту, пак, сакам некој мене да ми го прави тоа. Сферата на приватноста, сепак, треба да остане приватна.


#
Статијата е прочитана 1187 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Kолку УДБ-а беше нашата судба (24)
Да ја прогласиме 2011 за година на лидерство
Холивуд? Зошто да не?
Новинарството
Акциите се ризик, но носат профит
20 години од Првата конститутивната седница на Собранието
Линди-хоп свинг против грчката економска криза
На Тони Зен за малку му избегаа 50.000 евра
Тигри од хартија
Едни заминаа од политика, други стигнаа до врвот
Најмалку 71 загинат во авионска несреќа во Иран
Гол, мускулест, тетовиран
Љубовните игри на конзервативците
Европска планина од долгови
Со две слаби на поправен
"Александар Велики" отворен за полетување
Популизам за среќна Нова година
Реал со пресврт до победа против Виљареал
Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип
Аризона
Принова