Трагедија
Најмалку 71 загинат во авио несреќа во Иран
10.01.2011, 10:28
Најмалку 71 лице загинаа, а 35 преживеаја, при пад на ирански Боинг 727, кој поради лоши временски услови се урна синоќа во северозападниот дел на Иран.
Во авионот имало 106 лица, 94 патници и 12 членови на екипажот. Поголемиот дел од преживеаните се во критична состојба.
Авионот се урна пред слетувањето во градот Урумија на 700 километри северозападно од Техеран. Засега не е јасно зошто авионот се обидел принудно да слета во тој град.
Портпарол на иранската авиокомпанија "Иран ер", Абас Мосаеби изјави дека "авионот се соочил со инцидент". Според иранските медиуми, авионот исчезнал од радарите и се урнал откако по вторпат се обидел да слета.
|