Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Дебакл на македонските екипи во Бугарија

Ф.Работнички и Фени индустри се поразени на гостувањата кај Черно Море и Левски во БИБЛ-лигата

Со голем оптимизам отпатуваа Ф. Работнички и Фени индустри на првите натпревари од четвртфиналето од БИБЛ лигата во Бугарија против Черно Море и Левски, а се вратија попарени. „Шпедитерите“ загубија со 62:78, а Фени индустри со 75:91.

Черно Море го започна мечот со тактичка измена, поточно со бекот Васил Кјосев и искусниот центар Куцопулос, што даде резултат па за кратко време на семафорот стоеше 9:2 за домаќините. Потоа предноста се зголеми на 19:9. Најистакнат во првиот дел беше Кори Мекинтош со 10 коша, додека бразилскиот центар Атила Сантос уфрли осум поени во втората четвртина за убедлива предност од 41:24.

Со добра игра во одбраната и успешна реализација во нападот Черно Море во вториот дел стигна и до 23 коша предност 50:27. Но Диме Тасовски и Огнен Стојановски се обидува да дадат отпор. Во последните 10 минути Работнички направи серија од 13:1, па негативата ја намали на 53:64. До крајот Бугарите пак ја надополнија со уште пет коша.

Најефикасен на мечот беше споменатиот Мекинтош со 18 коша, додека кај Работнички единствени со двоцифрен број поени беа Стојановски со 15 и Тасовски со 12. „Бугарите ја казнија нашата слаба игра особено во првиот дел. Можеби ќе звучи чудно, но ова за мене е активен резултат. Во реваншот може да отидеме над тие 16 поени негатива“, зијави по мечот тренерот Марин Докузовски.

За разлика од Ф.Работнички, Фени добро го започна натпреварот во Софија со Левски и преку репрезентативецот Златко Гоцевски, кој уфрли осум поени во првите три минути поведе со 10:2. Домаќините се созедоа, го намалија резултатот, а потоа со поените на Маркус Хол и Стефан Георгиев направија пресврт и по 10 минути имаа водство од 23:19. Во ист стил кошаркарите на Папазов продолжија и во вториот период, па на полувреме заминаа со 44:35. Во третата четвртина Левски имаше и највисоко водство 61:48, но со пет поени во низа на Милан Прековиќ, Фени намали на 58:63. Во последните 10 минути благодарејќи на Георгиев домаќините пак направија двоцифрена предност, поточно обезбедија плус 16 пред реваншот во Кавадарци по една недела. Георгив постигна вкупно 28 коша со 10 скока, а кај Фени најефикасен беше Доналд Кол со исто толкав број поени. „Голем проблем ни беше одбрната, но мислам дека сме незаслужено поразени со високи 16 разлика. Со помош на домашната публика ќе се обидеме тоа да го поправиме“, посочи тренерот на Фени, Емил Рајковиќ.

 


Статијата е прочитана 261 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бостон шокиран во Лос Анџелес
Дел Пјеро- Јувентус ќе го елиминира Челзи
Томовски е решен да оди докрај за случајот „Васоски“
Во ОФС Гевгелија врие
Дефанзивниот Ливерпул ја поттурна „кралската круна“
Суспензијата на Вардар пролонгирана до јуни
Седум коша на Илиевски, Цибона го покори Истанбул
Парична помош за лекувањето на Дојчиновски