Во ОФС Гевгелија врие
„Згрозени сме од начинот на кој сегашното раководство одржа Вонредно Изборно Собрание на 24 февруари. За жал сите нерегуларности минаа со поддршка на ФФМ, чиј претставник Никола Костов на еден мизерен начин се обиде да организира собир со кој нашиот ОФС ќе даде поддржка на актуелниот претседател на ФФМ за нов мандат“, стои во соопштението на Иницијативниот одбор за промени во Општинскиот фудбалски сојуз Гевгелија проследено до медиумите, потпишано од В. Атанасов, претседател на гевгелиските иницијатори.
„Нелегитимното Собрание се одржа без делегати од Миравци, кој е водечки клуб во регионот, без луѓе од судискиот и тренерскиот одбор, но со делегати од клубови кои со години не постојат. Луѓето кои го уништуваат фудбалот во регионот добиваат нов мандат и на еден смешен собир се обидуваат да ја задржат власта и сето тоа со подрршка на ФФМ. Нека бидат храбри и нека кажат дека во нашиот ОФС нема општинска лига, натпреварување ко е единствено мерило за постоење на еден ОФС. Луѓето на Благој Истатов се обидуваат да дадат лажна слика со фалсификувани турнири и екипи од дојранските села“, се вели во соопштението на иницијаторите за промени во ОФС Гевгелија кои најавуваат Вонредно Собрание на деветти март. (С.Д.) |