Суспензијата на Вардар пролонгирана до јуни
Вардар ќе може непречено да се натпреварува во пролетниот дел од домашниот шампионат. Комесарот за дисциплина при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Зејди Салиу, вчера донесе одлука за пролонгирање на суспензијата на „црвено-црните“ до завршување на натпреварувачката сезона во првата македонска лига. Во образложението на веста што вчера попладне осамна на интернет страницата на ФФМ се вели дека одлуката е донесено по барање на Вардар во кое се наведува тешката финансиска и материјална состојба во која се наоѓа клубот и последните настани во врска со водењето и управувањето на најтрофејниот фудбалски колектив во земјава.
„Комисијата донесе одлука за пролонгирање на суспензијата имајќи ги предвид сите случувања во кои се наоѓаше Вардар. Во предвид го имавме и фактот дека вакви случни одлуки имаше и за други екипи во минатото кои се донесувале за доброто на фудбалот во Македонија“, стои на образожението.
Суспензијата е укината и за Милано, откако кумановскиот прволигаш доставо доказ за подмирени обврски кон Работнички. И второлигашот Маџари Солидарност не е повеќе под суспензија бидејќи негови претставници доставија доказ за подмирени обврски кон службените лица во натпреварот со Миравци.
Под суспензија остануваат Победа (поради неплатени обврски на службените лица во дуелите со Милано и Работнички), против Вардар Декамел (поради неплатени обврски кон службени лица во мечевите со Маџари С. и Беласица), против Охрид (поради неплатени обврски кон службени лица во мечевите со Новаци и Тетекс и против Кожув (поради неплатени обврски кон службени лица во мечот со Миравци. ФФМ упатува и предупредување до делегатите и судиските четворки кои се делегирани за нивните мечеви од првото проилетно коло викендот да не дозволуваат истите да се одиграат доколку пред почетокот не бидат презентирани оригинал��и докази за подмирени обврски.
Тетовска Шкендија, пак, се задолжува да ја изврши одлуката на Судот на Арбитража на ФФМ во вркса со барањето на Зоран Смилески за исплата на заостанати побарувања и тоа најдоцна во рок од еден месец. (С.Д.)
|