Бостон шокиран во Лос Анџелес
Неочекуван пораз на НБА шампионот, Бостон. Селтикси загубија на гостувањето во Лос Анџелес од клиперси, состав кој нема шанси за пласман во плеј-оф разигрувањето за титулата, со 93:91. Јунак во натпреварот беше Зак Рандолф. Забележа 30 коша и 12 скока за домашниот тим, а го постигна и решавачкиот кош на 20 секунди до крајот на средбата. За клиперси ова е само 15 победа во оваа сезона во која имаат дури 43 порази.
„Ги потценивме. Мислевме дека самото излегување на терен ќе биде доволно за победа. Л.А. Клиперс е еден од најслабите тимови во лигата, но немаат и најслаби играчи“, рече по поразот Док Риверс, тренер на Бостон.
Пол Пирс со 20 коша и Рахон Рондо и Реј Ален со по 17 беа кошаркарите што најдобро функционираа кај селтикси кои се' уште не можат да сметаат на повредениот Кевин Гарнет. Тие останаа на скорот од 46 победи и 13 порази. Бостон го држи второто место на Истокот со два пораза повеќе од Кливленд.
Денвер ја совлада Атланта со 110:109. Најзаслужен за тоа беше Чонси Билапс кој постигна, рекордни за него во оваа сезона, 33 поени. Кармело Ентони оствари дабл-дабл ефект (23 коша, 10 скока) за нагетси, Мо Вилијамс уфрли 31 за „јастребите“, Џонсон додаде 26.
Екипата на Њу Орлеанс и нејзиниот најдобар играч, Дејвид Вест, успеаја да му го нанесат осмиот пораз во низа на Детроит. Хорнетси триумфираа со 90:87, а пистонси паднаа на седмото место во Источната конференција, но останаа и без Ален Ајверсон кој здоби повреда на грбот.
Резултати: Индијана - Мемфис 104:99, Вашингтон - Филаделфија 98:106, Њу Џерси - Чикаго 111:99, Њујорк - Орландо 109:114, Минесота - Јута 103:120, Њу Орлеанс - Детроит 90:87, Далас - Милвоки 116:96, Сан Антонио - Портланд 99:84, Денвер - Атланта 110:109, Сакраменто - Шарлот 91:98, Л.А. Клиперс - Бостон 93:91.
ИСТОК КОНФЕРЕНЦИЈА
Дивизија Атлантик
1. Бостон (46 поб.-13 пор.)
2. Филаделфија (28-28)
3. Њу Џерси (26:32)
4. Њујорк (24-33)
5. Торонто (23-36)
Дивизија Централ
1. Кливленд (44 поб.-11 пор.)
2. Детроит (27-29)
3. Милвоки (28-32)
4. Чикаго (26-32)
5. Индијана (25-35)
Дивизија Југоисток
1. Орландо (42 поб.-15 пор.)
2. Атланта (32-25)
3. Мајами (30-26)
4. Шарлот (23-35)
5. Вашингтон (13-44)
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Дивизија Северозапад
1. Денвер (38 поб.-20 пор.)
2. Портланд (35-22)
3. Јута (35-23)
4. Минесота (18-39)
5. Оклахома (13-44)
Дивизија Пацифик
1. Л.А. Лејкерс (47 поб.-10 пор.)
2. Феникс (32-24)
3. Голден Стејт (20-37)
4. Л.А. Клиперс (15-43)
5. Сакраменто (12-47)
Дивизија Југозапад
1. Сан Антонио (39 поб.-17 пор.)
2. Хјустон (36-21)
3. Њу Орлеанс (34-22)
4. Далас (34-23)
5. Мемфис (15-42)
|