Леди Гага
Во депресија поради Еми Вајнхаус
Минатата недела Леди Гага беше сосема скршена откако дозна за смртта на Еми Вајнхаус, за неа прекрасна и љубезна жена.
„Бев тажна и скршена, не можев да зборувам 48 часа. Не мислам дека Еми требаше да научи некаква лекција, лекцијата треба да ја научат другите, а тоа е да бидат нежни кон своите идоли. Сите беа злобни кон Еми, а таа беше многу драга и љубезна“, рече Леди Гага во емисијата „Поглед“.
Иако се' уште не е откриена причината за смртта на 27-годишната пејачка, битката на Еми со дрогата и алкохолот им е позната на сите.
Леди Гага изјави дека се срами од сопственото наркоманско минато. |