Ријана
Забава до бесвест
Популарната Ријана лудо се забавуваше вчера во својот роден град на Барбадос. Црвенокосата пејачка дојде на парадата на шеќерната репка, со која се означува крајот на бербата, во најпровокативно издание, игнорирајќи ги фотографите. Во црвени гаќички и ист таков градник, со шише алкохол в раце, Ријана сосема се олабави, а дождот кој потоа заврна не ја натера да си замине дома. Годинава таа беше ѕвезда на фестивалот, а нејзините сограѓани уживаа во нејзиното присуство. |