|
|
|
|
|
|
Мислења
Демагогија и демократија
Нано Ружин
По два дена емотивни говори, остри критики, стресни дискусии, намуртени фаци, демагогии и какафонија, ја добивме најмногубројна-та влада во Европа според бројот на жители
Дали теоретичарите на владејачката партија размислуваат како народот ја доживува власта на ВМРО-ДПМНЕ во општеството? Дали не сметаат дека е потребна поголема демократија и слобода? И зошто изразот демократија е најмалку утребуваниот збор од страна на ДПМНЕ?
По два дена сериозни обраќања ,емотивни говори, остри критики , стресни дискусии на новите пратеници, дузина намуртени фаци, ветувања, чудни визии , демагогии и какафонија, ја добивме најмногубројната влада во Европа според бројот на ��ителите.Германија со над 80 милиони жители функционира со 16 министерства , Италија со 40 милиони жители функционира со 26 министерства,Македонија со 2 милиони жители, нешто помала од градот Минхен и 40 пати помала од Германија има 23 министри.? Згора на тоа со 123 пратеници исто така според бројот на жители имаме најголем Парламент во Европа.Обемна влада,обемен Парламент,обемна програма.
Опозицијата го кажа својот критички став , што е и здраво за секоја демократијата. Премиерот ненавикнат на директни критики од неговите, нервозно одговараше на речиси секоја попровокативна дискусија на СДСМ следен од неговиот верен фронтмен И.Димовски.Овој пак осоколен од новиот мандат не пропушти да испрати и неколку закани кон сите оние што и сметаат на власта. И опозицијата и власта се однесуваа белки за половина година ќе има нови избори.И едните и другите заборавија дека победниците добија на тацна нови долги четири години. Сега остануваат 100-те денови на џентлменска апстиненција од критиките кон владата кои ретко кој ги почитува.Премиерот Груевски испорача серија од пет стратешки приоритети ,за кои запали и пет свеќи.Мошне христијански и демагошки , иако една третина од владата е од друга верска определба.Меѓу петте свети приоритет никаде не го сретнавме најсветиот приоритет на сите системи-демократијата? Дали тоа значи дека изградивме толку перфектен демократски амбиент,што нема потреба од натамошно развивање на демократијата ? Или пак Груевски смета дека зацртаните стратегиски приоритети ќе ги развива независно од степенот на демократскиот развој?
Од бројните одлики на демократијата ќе споменеме само една која сметаме дека во изминатиот мандат на владата на ДПМНЕ не беше доволно респектирана..Тоа е поделба на власта и системот на нејзината контрола и рамнотежа што претпоставува слободна критика на медиумите и интелектуалците кон слабостите во државата .Овие аномалии фигурираат во сите извештаи на ЕУ , НАТО и американскиот Стејт департемент. Кога сме кај поделбата на власта , јасно е дека судската власт треба да престане да функционира како потчинета слугинка на извршната власт и да носи наместо партиски, судски одлуки.Судската власт заедно со опозицијата, медиумите , интелектуалците и невладините организации треба да бидат дел од системот на контролата и рамнотежа на извршната власт.Овој систем не функционира коректно уште од стекнувањето на независноста.Но тоа не му дава право на ДПМНЕ секогаш да се повикува на минатото и на грешките на СДСМ и во функција на тоа да ја изигрува демократијата.Демократијата е развоен процес кој се надоградува особено во државите на транзицијата.Македонија во 1994 или во 1998 не е исто што и Македонија во 2006 или 2011. Еднаш научените лекции не се повторуваат.Но претераната желба за власт и контрола врз општеството можат да го вратат тркалото на демократијата и назад.Впрочем прогресот на РМ кон ЕУ и НАТО се темели врз прогресот на демократијата во државата.Затоа загрозеното новинарство, и уништувањето на опозиционата А1, маргинализираното цивилно општество со организираните смешните “спонтани” манифестации на “жртвите на транзицијата”, појавата на силни полициски сили пред Универзитетот ФОН или заплашувањето интелектуалците немаат ништо заедничко со демократијата.Зошто полициските акции и упади секогаш се случуваат во пресрет на верските или државните празниците?Стар латино-американски штос.Зошто толку голем страв од критиките и од она што е нормален демократски амбиент во секоја либерална демократија?Има ли крај на партискиот реваншизам?Дали ДПМНЕ настојува да создаде 100% контролирано општество ?Зошто секој интелектуалец што критикува го сметаат за непријател или го класификува во спротивниот партиски табор?Зарем интелектуалецот не е оној што треба да критикува , придонесува,уочува, покажува?
Каква е разликата меѓу писателот или научникот од една и интелектуалецот или човекот од акција од друга страна ? Писателот и научникот продолжуваат во градбата и продлабочувањето на своето дело.Тоа дело може да е индиферентно во однос на политичката историјата , филозофијата или науката.Писателот станува славен преку своето дело.Тој придонесува со новиот стил,ги споредува и преместува проблеми ,ја обновува традицијата , ја модифицира визијата за светот. Меѓутоа тој нема потреба да дава свои погледи и мислења за политичките проблеми на неговото време.
Кога писателот или научникот ќе го стават сопственото откритие или труд во функција на една кауза тогаш тој добив�� улога на интелектуалец.Интелектуалецот му ги открива на јавното мислење слабостите и узурпациите направени од страна на власта и поединецот за сметка на вистината и правдата.Битката за вистината и правдата се раисон д’етре на интелектуалецот независно која политичка партија е на власт.Затоа интелектуалецот секогаш е критички расположен кон силата и моќта , кон демагогијата, лагите , манипулациите на политичарот.
Нашето општество е исполнето со политички лаги и манипулации.Сега е на власт третата генерација на демагози.На оваа генерација демагози родени во информатичкото општество , ниту етатизмот ниту национализмот ниту размената на тезите им се туѓи.Што се однесува до популизмот , тој се потхранува со сите можни алатки.Груевски со молитва за благосостојба го почна новиот мандат.За демократијата не се потребни молитви туку владеење на правото.Незамисливо е во Европа Генерален секретар на Владата да биде и Генерален секретар на партијата.Времето на партиската држава е одминато.Но изгледа дека понекогаш македонскиот Господ греши?Дали кога човек ќе се греши секогаш Господ му простува? Дали молитвата и свеќата станаа најдобрата терапија за грешните потези кон политичките противници.Можеби на долниот дел од олтарот каде што се палат свеќи за умрените , требаше Премиерот да запали и некоја свеќа за жртвите на пост-транзицијата. Од претепаните студенти , уапсените кравари преку Мартин Нешковски до А1 и Љубе а сега богами му се навртил и на ФОН Универзитетот според испробаниот рецепт. Удри на Рамковски за да ја стишиш А1. Сега удри на Космос за да го поткачиш ФОН. Инаку, што бараше до заби вооружениот баталјон полицајци пред влезот на Универзитетот во екот на уписниот рок ?Ќе се запали по една свеќа за секого и квит. Ем тој задоволен ем Господ задоволен, ем совеста а богами и конкурентите на ФОН Универзитетот.За останатите не е битно.Граѓаните го гласаа а меѓународната заедница молчи бидејќи е фокусирана на други проблеми од соседството. Таа ќе молчи независно од грешките на власта но ќе не казнува само со подолгото задржување во европската и НАТО чекалница... Политичарите грешеле и ќе грешат, но опасно е кога тие грешки се судбоносни. Околу грешките и алчноста се изрази и претседателот на државата. На ден пред празничниот број беше најавен интервјуто на претседателот. Во најавниот текст Иванов се пожали дека сега ќе морал да троши време за надминување на проблемите кои му ги направиле во претходните дваесет години луѓе и политичари кои мислеле само на сопствените привилегии. Браво претседателе.Конечно покажавте натпартиска ориентација бидејки во тие 20 години на македонска независност половина и припаѓаат на власта на ДПМНЕ а 5 и пол години на Премиерот Груевски.Меѓутоа се зачудив кога во празничниот број тие реченици не ги сретнав. Пак некој го коригирал Патронот на Охридскиот договор како што самиот се нарекува иако пред 10 години мислеше поинаку.Чудно а токму во таа реченица погоди се за македонската дваесетгодишна посткомунистичка приказна. Не знаеме само колку долго македонскиот народ ќе се лечи од сегашните грешни и алчни политичари. Демократија има за лек?
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 1379 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 03.08.2011 01:13:49 |
|
Ubavo zvuci ova napisanovo,no ne e nisto nepoznato, a ne e ni nesto novo pa da bideme iznenadeni.Vaka e veke 20godini.Zatoa najcesti odgovori koj mozeme da gi procitame na vakvite napadi e"i vie taka pravevte".Sto e i tocno.Mene me interesira koj ke prestane da pravi kako sto pravevte "vie", a i "ovie".Premnogu dolgo sme lazeni i kradeni za da sega nekoj ni objasnuva koj sto bil.Site vo Vlasta se guraat i tepaat za da si gi preusmerat parite od korupcijata vo svoj dzep.Problemot e,dali ke se najde nekoj da go prekine ova.Kako stojat rabotite,mnogu tesko.Za zal. |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 03.08.2011 04:10:25 |
|
Nekoj rece deka nie sme preddempkratsko opstestvo.Site, ili barem pogolem broj od nas, zabelezuvame deka vlasta ne zboruva za demokratijta, za zastita na covekovite prava i slobodi, za vazenjeto na pravoto. Koga nie zabelezuvame, a kako im izgleda na ekspertititeod stranstvo? |
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 03.08.2011 06:42:58 |
|
od site ministri vo Vladata Mile Janakievski e najgolem fenomen, linijata Solun/ Minhen sto funkcionira 130 godini,mu e ukninata Vo Tursko Srpsko Bugarsko Jugoslovensko Makedonsko si funkcionirase besprekorno, Samo na MIle fenomenot mu se slucuva ova, dali e Minister ili Dvorski Shut na Gruevski samiot si znae |
|
|
|
|
|
|
Од: barzo |
Датум: 03.08.2011 07:11:15 |
|
ne mozes da podnesis sto te nema vo vlasta. so vakvi pisuvanja samiot si se tesis deka si ziv. kukaj ti, samo kukaj. nekoj ke zabelezi deka postois. |
|
|
|
|
|
|
Од: Демагогија и демократија |
Датум: 03.08.2011 07:44:25 |
|
Што мислите, што ќе пишуваше овој универзитетски професор ако му предложеа да биде министер на ново министерство? |
|
|
|
|
|
|
Од: teacher |
Датум: 03.08.2011 11:04:32 |
|
Изјавата на Али Ахмети а про по случувањата во Косово и можните репрекуси по мирот во Македонија уште еднаш ја потврди заблудата која владее во државата дека Албанците кои живеат и се граѓани на Република Македонија се лојални и одговорни пред сопствената држава и нејзиниот интегритет и неповредливоста на границите. Каузата не престанува да тлее. Од својата прва искра во 80тите, тлее и добива на интензитетет се повеќе и повеќе. И што е најстрашно, нема да престане да рие како црв, се до остварувањето на својата единствена и добро позната цел. Жално е и трагично по Македонија што вмроовската Влада им отстапи додатен простор за остварување на своите заложби и идеи преточени во Хашки слуачеви, киднапирања и зулуми познати на оние кои директно беа засегнати во 2001. Со еден збор, народот ги гласаше портокаловите, им се даде уште еден сигурен мандат, па тие нека кубурат со големите апетити на ѓоамити албанските ЕУ интегративци. Поздрав Професоре |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 03.08.2011 13:50:39 |
|
Написот е обично ликување за резултатот од деструктивните активности кои ги спроведуваа активистите на странските антимакедонски пропаганди кај нас. Актуелната власт даде концесии на Ахмети на сметка на македонскиот народ и воопшто за сметка на демократијата. Тоа што состојбата во која беше „принудена“ да попушти беше испровоцирана и подржана од антимакедонските сили ( каде Ружин е постојан актер во таа грчката шовинистичка фарса) нема да ја ослободи власта од нивниот дел од одговорноста. Нема оправдание за тоа што го сторија. Но, нема да бидат заборавени ни пироманите кои го разоруваа македонското ткиво и ја слабеа позицијата на Македонците. Долги години ги пратам активностите на Ружин. Ниту еднаш немам стретнато да се залага за правата на македонскиот народ втемелени во меѓународното право. Тој е најгласен подржувач на грчките шовинистички уцени за промена на името на Р Македонија и самоукинување на македонскиот народ. Тој е противник на основните човекови права и слободи. |
|
|
|
|
|
|
Од: pet svekji |
Датум: 03.08.2011 16:55:59 |
|
Premierot zapali pet svekji za pette prioriteti, no nekoj ja otvori vratata i site pet svekji( a i drugite okolku niv) izgasnaa. Sega sto ke pravime? Novi sveki???? |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilep |
Датум: 03.08.2011 17:13:02 |
|
Vmorovcinja nemieni...! Kazete nesto za veleizdajnickiot potez na vlasta so AMNESTIRANJETO NA RATNITE ZLOSTORNICI. Za da prodolzi kriminalot si ja prodadovte dusata na gavolot. Vie ste bile patrioti. Ve vidov i vo 2001 godina, a sega toa i go potvrdivte. Namesto da se borite vie odevte gi pljackavte vikendicite na shspka. UMRENA RABOTA. Ama da ne se predavate. Mora da ima PROST NAROD ZA DA IMA SILNA DRZAVA ! |
|
|
|
|
|
|
Од: msp |
Датум: 03.08.2011 17:23:29 |
|
ah bre profesorce...ti nems sreka oti od skoro dojde na fon pa ke ostanes so prazni dzepoj zatoa si ti zagrizen za demokratijata-bozem golem del vo nea zavzemaa a1,fon i kosmos.pozz. |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 03.08.2011 18:14:42 |
|
gospodine nano vije negi nabrojivte site ministerstva
vo novata vlada imame i ministri bez resor i funkcija
samo sto kezemat ministerski plati na grbot na rabotnijot narod zalosno ama vistinito. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 03.08.2011 18:15:28 |
|
Dali se zavisi od nekoja si "dobra" demokratija?
"Sloboda" koja ke se zloupotrebi na sekoj cekor ?
A po malku zboruvanja za nekoja neuspesna demokratska odluka koja ke se zlo upotrebi, e OK.
Ili da ne im se dade novi idei na tie koji sekogas koristile prilika da ja zlo upotrebat? Nepocit e ocigledno koristenje na krsenje zakoni.
Izvinuvanje za nepocit, ke stane uka na nesoglasuvanje. A ke go kaznime toj nepocit na prema tie koji ne go sakat naseto zname da si e do nijnoto na specijalnite denovi? Demokratija e samo izvinuvanje za koristenje. Ke kazat, sto mi mozat vo demokratija sme. Imam pravo na nepocit na drzavnite
regulaciji. Tek tolku za demokracijata sto ke gi potpali
tie sto ja koristat za razkolnicki dela. Shhhhh, da ne te cujat, oti ke napravat zijan. Demokratija? ne, fala,
ima li nesto drugo? |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 03.08.2011 18:33:47 |
|
nano dosta so ova tvoja demagogija i filozofiranje kako da ziveesh so pametot seuste na ambasadorska pozicija vo Brisel, vrati se vo realnosta vo tvoeto selo vo Valandovo od kade i doagash i ne go zamaraj citatelot na ovoj respektabilen vesnik, zar ne gleash deka nikoj ne te trpi, ti si gubitnik koj kade i da go postavat site gubat samo ti ostanuvash da ne maltretirash....dosta vishe...ne te biva...ne pominuvaat veke kvazi politicari vo makedonija kako tebe, koi po cel den se dodvoruvaat kade ke stignat i pravat od shupljo u prazno...sram si za site, zamini veke ednash vo istorijata na upotrebeni i istrosheni politicari, profesori, ambasadori....ne se srami i ne ne srami so ovie filozofski analizi koi gi ima na sekoj internet sajt od kade gi prepisuvash i prodavash kako svoi...bruka si....teshko nas so vakvi luzeri. |
|
|
|
|
|
|
|
|