|
|
|
|
|
|
Реплики
Хроника на една најавена смрт
Соња Крамарска
Но, и на случајот со А1 се покажа дека медиумите и новинарството немаат пријатели во моќните кругови на општествата. Напротив, опкружени сме со непријатели
Прогласувањето стечај над најстарата приватна телевизија А1 и подоцна одземањето на нејзината фреквенција неодоливо потсетува на насловот на романот на колумбискиот новелист Габриел Гарсија Маркез „Хроника на една најавена смрт“. Настаните што се редеа изминатите две седмици, стечајот а подоцна и мракот што завладеа на фреквенцијата на А1 се добра фабула за споредба со содржината на оваа новела.
Во „Хроника на една најавена смрт“ авторот раскажува за смртта на едно момче кое го загубило животот од рацете на двајца близнаци, чија сестра била вратена во моминскиот дом на денот на свадбата од страна на младоженецот, бидејќи открил дека не и' е прв маж во животот. Засрамени, нејзините браќа, иако не биле докрај сигурни, вината ја фрлиле врз момчето и решиле да го убијат.
Притоа, на секого што ќе го сретнеле по пат додека се движеле кон местото каде што се наоѓала жртвата му раскажувале дека одат да го убијат. И на крај, и го направиле тоа. Поентата на авторот на романот е дека и покрај тоа што браќата практично во цело село разгласиле дека одат да извршат убиство, никој не се нашол совесен да го предупреди момчето. Некои ги мрзело да го бараат во која куќа е, некои не ги сфатиле сериозно браќата, а некои, пак, како што умешно потенцира авторот, биле толку многу восхитени од фактот што тој ден селото ќе го посети еден висок свештеник што не се ни потрудиле да разберат што дрдорат двајцата будалести браќа.
Крајната порака на романот е до целата заедница која живеела во тоа село со обвинување дека таа е исто толку виновна за злосторството, бидејќи не се потрудила да го спречи иако знаела дека ќе се случи.
Во изминатите дваесетина дена, кога А1 ја биеше финалната битка за својот живот, македонската интелектуална елита молчеше. Или, и ако пуштија некаков глас од таму или од граѓанскиот сектор, тој беше толку тивок што се изгуби во татнежот што го предизвика чинот на усмртувањето на А1.
Не се огласи ниту опозициската СДСМ, која зимоска кога почна акцијата кон А1, го напушти парламентот, предизвика предвремени избори, го усвити политичкиот амбиент во државата и за цело време додека траеше изборната кампања, ја претвори А1 без малку во свој изборен штаб. Социјалдемократите, сега, чекаа сосема да се изгуби А1 од етерот за да одржат штура прес-конференција, иако, со оглед на нивната претходна поддршка кога студиото на телевизијата беше лоцирано пред Владата, очекувавме да продолжат да се борат за демократијата барем со иста таква жестокост.
Уште еднаш да кажеме дека приказната за А1 ја издвојуваме од обвиненијата за бизнис-махинации на нејзиниот сопственик кои допрва ќе имаат судска разврска. А1 можеше и требаше да има поинаква разврска, само ако оние на кои браќата од романот на Гарсија Маркез им кажаа дека одат да го убијат љубовникот на нивната сестра се мобилизираа и го спречеа злосторството.
Но, и на случајот со А1 се покажа дека медиумите и новинарството немаат пријатели во моќните кругови на општествата. Напротив, опкружени сме со непријатели. Тоа важи и за многу поразвиени и подемократски општества од нашето. Ние немаме пријатели, особено не во политиката и тоа треба да го знаеме. Кога политичари се борат за демократија низ призмата на нашите медиумски слободи, да погледнеме добро да не се подароците данајски.
Хрониката на смртта на А1 почна со упадот на полицијата во нивните простории во ноември 2010 година. Владејачката партија даде зелено светло за упадот, а опозициската партија го искористи за своја пропаганда. Потоа хрониката продолжи со селење на студиото на телевизијата на локација под прозорецот на Груевски во Владата и серија политички потези на опозициската СДСМ, кои набргу ќе се покаже дека повеќе биле во пропагандна функција отколку со искрена намера да и' се помогне на телевизијата. Тоа се виде со експресното отфрлање на барањата на СДСМ за деблокирање на сметката на телевизијата и набрзина прифаќањето на изборите.
Веднаш по изборниот ден, стана јасно дека политичкиот судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу А1 е издишана работа. Владата доби уште едни избори, а опозицијата значително ги поправи своите позиции во парламентот и од маргинална политичка сила стана силен фактор. Тогаш првпат се виде и дека А1 е на пат да ја изгуби битката, бидејќи дојдоа на ред други приоритети и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Резигнирани, новинарите ги згаснаа камерите од пред Владата и повторно се вратија во студиото без да постигнат ниту еден чекор напред во одбивањето на ударите од страна на Управата за јавни приходи.
Ако селаните од псевдоновинарското дело на Маркез беа возбудени од доаѓањето на високиот свештеник, тогаш од што беше возбудена македонската критична мисла што го игнорираше дрдорењето за баснословните суми неплатени долгови и даноци кои мистериозно се слеаја на сметката на А1? Или, пак, не им веруваа на заканите како во дејството на романот.
Несфатливо, Здружението на новинари и новинарските синдикати со исто внимание третираат проблеми од тековното работење на новинарскио�� еснаф и присилно гаснење на еден цела телевизија со водечка популарност меѓу медиумите. Кој ќе биде виновен за А1, дали само државата или пошироката заедница, која не се обиде да го спречи тоа што се случи, токму како во романот на колумбискиот автор?
Во светот е секојдневје гаснењето на медиуми. Случајот со британскиот таблоид, чиј сопственик го избриша од сцената за само два дена иако имаше милионски тиражи, несомнено, во наши услови, ја минимизира приказната со А1. Но, само теоретски, затоа што приказната со А1 е сложен мозаик од бизнис-далавери, политичка корупција и спрега меѓу медиуми и власти и на друга страна осамен новинарски крик кој би требало да го разбуди заспаното општество.
Оваа телевизија ни случајно не е бизнис-приказна, ниту чист криминал како што се покажа во Велика Британија. Но, за жал, приказната со А1 ќе ја раскажат некои други во некое друго време. Таа е типична хроника на една најавена, а неспречена смрт. |
#
|
Статијата е прочитана 3184 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 03.08.2011 00:17:01 |
|
Se soglasuvam so Sonja vo edno deka za zatvoranjeto na opoziciskata najgledana TV A1 e vinoven narodot, Vo bilo koja demokratska zemja da se slucese istoto cel narod ke ja branese i odbranese. Za kriminalot na Velija, spored site soznanija nema nikakvi dokazi taka da drzavata ke placa odsteta kako so OKTA. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 03.08.2011 00:25:26 |
|
Podobro nesto nemam procitano. Sporedbata e fantasticna. Ednostavno boli kolku ima vistina vo se sto napisavte. ODLICNO |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 03.08.2011 01:01:17 |
|
Pa A1 ne samo sto bese predupredena, nego i samite si znaea deka "ke gi ubijat". Problemot e sto nemozea da se odbranat, nitu pa da"izbegaat". Kaj nas nekoj raboti veke javno se kazuvaat, deka ke se likvidiralo, tepalo, zatvaralo itn. Problemot e sto nema spas. Latas i Milenko uste od koga najvija likvidacii,unistuvanja,zatvaranja, i toa javno na nacionalni televizii. I? se prevzede nesto?Treba li nekoj posebno da ne predupreduva i objasnuva sto Latas i Milenko najavuvaat.Netreba.Do nas si e problemot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Бранко Героски |
Датум: 03.08.2011 01:34:17 |
|
Соња ма... Не мораш баш све! Или мораш? |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 03.08.2011 03:04:35 |
|
Ostanav da baram odgovor: Zosto tokmu taka se sluci? |
|
|
|
|
|
|
Од: Komentator |
Датум: 03.08.2011 03:22:33 |
|
Prv napis od Sonja kade sto ne mozam da najdam otvorena i skriena idolizacija na SDSM. Se cini razocaruvanjeto od vulgarnosta, bezidejnosta, nesposobnosta, destruktivnosta, nedemokraticnosta, cinicnosta i bezobrazieto na dovcerasnite "prosto bezgresni" milenici doagja do svesta na nekoi lugje. Samo zabelezuvam, a ne sakam da interferiram so procesot, bidejki toj i samo moze da se sluci odvnatre. Koga novinarite ke naucaat da sibaat i levo i desno, so argument i na realni temi, togas ke ima nadez za prerodba na naseto novinarstvo i konecen zbogum na tranzicijata. Porano novinarite se smetaa za prodolzena raka na partijata so zadaca nekazneto da odstreluvaat po naracka, so site finansiski privilegii na bitisuvanjeto pri vrvot na sindzirot na socijalniot darvinizam a vo poslednive godini ne baraa demokratija ili slobodno novinarstvo tuku novi politicki i finansiski gospodari za koi bi go rabotele ona sto i samo go znaat, odstrel vo zamena za status i frlena koska. |
|
|
|
|
|
|
Од: 30.000.000 евра - ееееееј! |
Датум: 03.08.2011 07:39:15 |
|
Толку ли во Утрински не знаете да пишувате за други теми? Доста го браните криминалот во А1! Но 30.000.000 евра не се бранат. |
|
|
|
|
|
|
��д: Itar Pejo |
Датум: 03.08.2011 08:43:27 |
|
Nekoj naiven komunjarski komentator bi rekol: vednas da se prati gradezna inspekcija vo muzejot na VMRO ! E pa sto? Ako deneska inspekcijata najde 100 nepravilnosti utre ce bide pokazano resene od opstinata, so vcerasen datum, deka site tie 100 izmeni se prifateni! KASA PRIMI !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Богомил |
Датум: 03.08.2011 08:54:15 |
|
ВАШИОТ КРИК ЈА ОТСЛИКУВА ВИСТИНСКАТА СОСТОЈБА ВО КОЈА Е ЗАПАДНАТ МАКЕДОНСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ, и секако, не поради политиката и бизнис олигархијата. Вината треба да се бара пред се во подајничкиот код на дел од фелата, кои ја играа улогата на проституки и по секоја смена на власта тие брзаа да седнат во скутот на победникот. Рамнодушието, е втората слабост на фелата. А вкупниот интелектуален амбиент во државава е западнат во тешка, болна, дури и неизлечива летаргија Академијата, не е куќа на белокоси мудреци туку старечки дом, пренатрупан со безживотни духови. Требаше да се организира тотален отпор од новинарите во знак на осуда на дивеењето на власта, во слулајот А-1. |
|
|
|
|
|
|
Од: Снешка |
Датум: 03.08.2011 09:13:22 |
|
Сите лоши политички потези према
противниците се влечат во летаргично време
за народот, јули и почеток на август.
За разлика од Гарсија кој ставил точка на
приказната за најавената смрт, на оваа
приказна уште не и е ставена точка.
Доаѓа септември. |
|
|
|
|
|
|
Од: Kalimero |
Датум: 03.08.2011 09:19:42 |
|
Дали госпоѓо главна уредничке и Вие сте дел од народот или пак вие сте дел од накоја си повластена каста во Македонија која се викат ПОЛТРОНИ. Ви ја читам статијата и гледам дека скоро сета вина ја гледате во СДСМ и народот. Никаде немате немате пишано дека сето оваа е одмазда на власта. Дека кај нас постои правило ако не си со нас, ти си против нас и власта мора да те уништи. Сега ми е јасно за што сте уредник и зошто беа сите борби околу вашиот весник. Од лица како вас Македонија стана рај за ПОЛТРОНИТЕ. |
|
|
|
|
|
|
Од: Patriot |
Датум: 03.08.2011 09:30:26 |
|
Jas ne znam zosto krokodilski oslzi za A1 , tie samo si go dobija ona sto go zasluzija a toa e 30 milioni evra pronevera zar trebase da i se prosti zaradi toa sto se dobra TV nema sfatete pomina vremeto koga na kriminalot mu se prostuvase , sekoj ke odgovara za ona sto go napravil pa taka i A1 i Velija i sekoj drug. |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 03.08.2011 09:44:52 |
|
Zivotot znae da napravi i pointeresni slucuvanja od romanite; vo romanite dejstvieto zavrsuva so poslednata stranica, a zivotot postojano prodolzuva...i sto ako sega se sluci krajna odbojnost i apaticnost na narodot sprema dvete najgolemi makedonski partii? Ova kako nadohnada na ona sto narodot ne go stori, ne se krena masoven protest. Na toj nacin, mozda ke se isprovocira porod na novi politicki sili vo opsestvoto, poadekvatni na prilikite. Jas ne sum spremen da im zaviduvam na realno pozneatoto so ovie izbori niti na DPMNE niti na SDS. Imam custvo deka iako se na scena i dvete partii kako da se za narodot odziveani... |
|
|
|
|
|
|
Од: Marija Ognenska |
Датум: 03.08.2011 10:05:13 |
|
Споредбата е добра, но текстот е вешто избалансиран .Ако Маркес напиша новела за повредена чест на еден патријархален менталитет,случајот А1 е осветничко пресметување со медиум кој ги охрабри своите новинари да прозборат поинаку од волјата на моќната владеачка клика.Молкот за најавеното умирање на А1 се случи по реизборот на ДПМН Е, кога стравот од осветничтво беше поизвесен.До изборите интензивната и масовна одбрана на А1 телевизија беше заради големата надеж на лужето за промена на актуелната и репресивна власт.Сега е друга приказна и затоа и многу новинари си го побараа чарето за својата егзистенција.Методите за казнување на неистомислениците се типични за тоталитарен режим, а јавноста ќе се пресмета тогаш кога ќе се судри со безизлезот кој е се поблиску.Криминалот на Рамковски може да се докажува, но затворањето на телевизијата А1 е планирана пресметка.Бумеранг не е исклучен. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ема |
Датум: 03.08.2011 10:20:26 |
|
Потполно се согласувам со новинарката, споредбата е сосема на место.Некако сите занемевме пред случувањата кои го одбележаа изминатиот период.Нема одговор на дилемата што и како се случи.Не е во ред да се оправдува чинот на уништување на еден медиум,независно за кој медиум станува збор.По линија на помал отпор,ни стана полесно да бидеме глувонеми посматрачи на настаните и приликите,од пусти страв да не ни се случи истото и на нас.Овој премолчан тоталитаризам е навлезен длабоко во порите на нашето општество и гризе, го најадува додека целсно не го уништи.Народот и интелектуалците треба малку посилно и посигурно да заземат став за зачувување на достоинството и слободата на изразување.Тоа не смее да ни се одземе.Критика мора да постои.Секогаш е добро да се слушне и спротивно мислење,само така може да се разобличи суштината на еден феномен, појава, настан, постапка, итн.А1 е жртва на општеството, кое не беше доволно кадарно и храбро, или можеби беше премногу заспано. |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 03.08.2011 10:35:29 |
|
E Sonja, Sonja, kasno stigna Marko na kosovo pole. Do vcera koketirase so istata vlast i sakase da pokazes 'razumnost'. Ako sakase nesto da kazes za A1 togas, ti ttrebase koga se kalese celikot da stanes i go dignes svojot " novinarski "glas i da ja ako trebasae uzruptiras javnosta za da se spreci ova fasticko egejska perverzija. No ako pomislam od kaj poteknuvas, ova tvoja statija denes e edna perverzna citulja od perverzen, izdajnicki "novinar". Zasramise daj otkaz i idi peci torta ili taka nesto. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero petrov |
Датум: 03.08.2011 10:53:30 |
|
*Целата заедница на тоа село е виновна за злосторството бидејќи не се потрудила да го спречи иако знаела дека ќе се случи* вели Крамарска, а притоа дали мисли на Чомовски, Секуловска, Јовановски и станатите „соселани„ од ГЛОБАЛНОТО СЕЛО на МакЛуан кои многу добро знаеле што прават и дирекцијата и газдата на А1 !? Единствена и света обврска на НОВИНАРОТ е да информира! Зошто тие не информираа за она што се правеше во А1 ами ги ставаа на тапет само другите кои правеа криминал?! Сигурни и Вие г-ѓо Крамарска,ЗНАЕВТЕ за дубарите во А1, а молчевте. Та нели сте и Вие во ГЛОБАЛНОТО СЕЛО на МакЛуан!!! Вие сте СОУЧЕСНИЧКА во злосторството, а не народот/гледачите!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Realnost |
Датум: 03.08.2011 11:37:15 |
|
A zosto UJP reagirase posle pet godini ako navistina imalo zatajuvanje na danok?I toa 30 milioni evra, a be ajde.Pravda vo nepravna drzava. |
|
|
|
|
|
|
Од: хелена |
Датум: 03.08.2011 11:51:10 |
|
Како прво не должи А1 30 мил евра ,туку тоа е вкупниот долг на Велија од кој половина и повеќе си го должат неговите фирми меѓусебно,од кои А1 побарува 16 мил евра.Да сакаше државата можеше да и дозволи на А1 долгот да го плати на рати,но нивната цел не беше да си го наплатат данокот туку да ја уништат телевизијата.И колку смешно звучат сега оние зборови на оној од УЈП дека А1 не е предмет на истрага |
|
|
|
|
|
|
Од: Александар |
Датум: 03.08.2011 11:53:05 |
|
Дали требаше да се затвори А1 не знам... ама ЗНАМ дека најголема вина сноси Велија и дека вршеше бројни финансиски малверзации и ДОЛЖИ на ДРЖАВАТА како и секој друг ПРАВЕН СУБЈЕКТ во РМ и тој треба да си плаќа данок . |
|
|
|
|
|
|
Од: MAK PATRIOT |
Датум: 03.08.2011 12:00:35 |
|
koj ima pravo da donesuva presudi pred oficijalna sudska razvrska na slucajot velija vo pravna drzxava
Luge zarem ne gledate deka sumata za zatajuvanje na danok na a1 se kazuva od rakav na koj kako mu odgovara, pa dosega ako imase dokazi 100 paTI KE GO OSUDEJA VELIJA ,a ne mu pravat tortuira istoto sega mu go pravat i na fiat so kosmos me interesira kako moze da se konstatira narusuvanje na visina na neizgraden objekt?
a koga vo sila e legalizacija na divogradbi ili drzavata za edni e majka za drugi makea
osvesti se makedonski narode osvestise oti ke ti se sluci povtorno osmanliskoto no sega potesko sopstveno ropstvo!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: do Patriot |
Датум: 03.08.2011 12:07:02 |
|
Patriote aj nesto za Haskite kazi ne tropaj gluposti za nebitni temi kazi za niv za semejstvata na zrtvite za predavstvoto toa sakam da go slusnam |
|
|
|
|
|
|
Од: el che |
Датум: 03.08.2011 12:15:14 |
|
Идејата не се убива. Грујо ситно броиш, пази се |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek® |
Датум: 03.08.2011 14:31:23 |
|
Да обвиниш и да водиш процес за 9, па и 30 милиони евра (второто не знам од кај излезе), а да брзаш да ја затвориш телевизијата за да не можат да ги отплатат, тоа значи да ја оштетиш државата за истите тие пари, бидејќи нема од каде и од кого да се обесштети. Некој е сосема луд, некој збунет ама сите сме закопани. Дури и оние партиски хиени кои сега овде победнички завиваат над лешот. |
|
|
|
|
|
|
Од: od kolekcioner na medimuski zabludi |
Датум: 03.08.2011 15:28:49 |
|
vo filmskiot zargon ovoj tip logika se narekuva - krupno m..a, a da se vidi celo tele. Smesni logicki pretpostavki. Znaci A1 e cista a Ramkovski e toj sto ne cini. Ve molam sozemete se. Najprvin se vlozilo 5 miliona dolari za da se srusat monopolite MRT i Nova Makedonija...koja perverzna strategija.. a potoa da se inscenira nekakva demokratska alatka... paravan za milion necesni valkani raboti, vo ime na demokratskite preobrazbi.. i sega koga i od mesecinata se gleda deka vo prasanj e gol interes i egzibicionizam..kriv e tosho malerot a cacko i mile panika, toa nisto ne znaele.. dajte Ve molam prestsnete da ja opravduvate dejnosta na edna garazna telelevizija leblebidjilnica so argumenti na izvrtena logika..televVIZISKATA DEJNOST E PROCES KOJ NE MOZE DA BIDE DELUMNO AMNESTIRAN.. site se podednakvo del od matni zdelki i beskrupulozno parchosuvanj na makedonskiot mediuski / i ekonomski/ suverenitet. |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 03.08.2011 18:48:37 |
|
bravo sonje super kolumna a zalosna vistina narodot
e zaspan opijen od laznite vetuvanja i namesto da odime napred nije odime nazad namesto daja sirime
demokratijata kaj nas se siri diktaturata i toa sekoj
den so pogolema brzina. |
|
|
|
|
|
|
Од: penzionerka\ |
Датум: 03.08.2011 19:59:48 |
|
zosto g-ga Kramarska ne gi podrza svoite kolegi novinari sto se borea protiv najavenata smrt na vasiot vesnik,ILI OVA E POVIK TOA DA SE SPREC? |
|
|
|
|
|
|
|
|