Број 3646  среда, 03 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Пет минути интервју

Кариерата ја градев чекор по чекор

Татјана Стојановска - презентерка

Валентина Тодоровска

Трансферите се вообичаена работа и тоа се практикува секаде, па и во твојата професија. Сепак, како се одлучи за преминеш токму во Канал 5 телевизија и како се снајде во новата средина?


„По А1 телевизија, средина во која би можела професионално да се вклопам беше Канал 5. Станува збор за професионалци, усогласен тим, па во таква добра работна средина не ми беше тешко да се вклопам. Напротив“.

Колку си критична кон себе и кон својата работа? Многу години те гледаме како презентерка, сметаш ли дека имаш реална конкуренција? И што велиш за новите презентерски сили? Кој е с��ветот што им го упатуваш најчесто?

„Се разбира дека ако не си критичен и ако сметаш дека си го достигнал максимумот во работата, никогаш нема да напредуваш на вистински начин. Моето второ јас е самокритика и од оние сум што веруваат и знаат дека секогаш може подобро. Патем, за се' во животот сум таква, не само за работата. Секако дека имам конкуренција и тоа е добро, знам дека тоа е иницијална каписла со која се оди напред. Секој има своја публика. Инаку, има многу квалитетни презентери моментно во македонскиот етер и тоа е добро. Само така можеме да одиме напред и да го градиме имиџот и да го подигнеме квалитетот во нашата професија...“

Твоето телевизиско искуство е над десетина години и имаше среќа да учиш од најдобрите.

„Во етерот сум од 1993 година, а на вести 15 години. Првите 11 години бев во МТВ, а следните седум во А1. Израснав пред камерите и - да, имав голема среќа да учам од професионалци, моите учители се спикерите од МТВ, Благоја Крстевски, Лиле Крстева, Розета Арсова, Славица Станојковска, Ленче Смилевска, луѓе кои несебично го пренесуваа своето знаење и искуство на нас, помладите генерации... Но, во оваа професија растеш и со самата работа и искуството. Среќна сум што одев чекор по чекор и што имав од кого да учам“.

Секогаш си била таинствена, мистична кога е во прашање љубовта. Вљубена ли си? И каков треба да е мажот што би те заинтригирал?

„Приватниот живот сакам да го заштитам од јавноста. Досега мислам дека сум успевала да го сместам во делот што го толкува зборот во вистинска смисла на значењето... Еве ќе кажам дека сум среќна во љубовта“.

Ќе имаш ли можност за кус одмор летово?

„Мислам дека ќе украдам неколку дена за да се одморам покрај море. Но, моментално се дружам со гледачите на Канал 5.


#
Статијата е прочитана 3850 пати.

Испрати коментар

Од: baze
Датум: 03.08.2011 02:33:15
srce gi nemas poveke gledacite, sepas si samo prezenterka
Од: Istocna Makedonija
Датум: 03.08.2011 09:00:59
Treba samo da se bide konsument na vesti i da se konstatira deka,Tatjana Stojanovska e ubedlivo najdob- ra,ili edna od najdobrite Tv prezentarki kaj nas!A ,,tran- sferite,,vo drugi Tv kuki se ,nekogas,usloveni i od objek tivni pricini,okolnosti,koi cesto pati se i nezgodni.Zivotot odi ponatamu i posle sekakvi slucuvanja!
Од: Gledac
Датум: 03.08.2011 09:14:42
Navistina ubavo ti stoi Kanal 5 , ama nikako da zaboravam koga vikase I JAS SUM A1 kako revnosno go branese velija i negovite pajtasi i mu aplaudirase na Branko Crvenkovski pred vladata no toa e toa odime napred.
Од: Sceptik
Датум: 03.08.2011 11:28:37
Eden cekor - slep podrzuvac vtor cekor - oportunist tret cekor - poltron cevrt cekor - na kurs pet cekor - na pozicija sest cekor - stana prozirna. Eve sto se vika kariera.
Од: mirko i mira
Датум: 03.08.2011 13:09:32
tatjana, ne trebase da vikas da zivee velija i deka i ti si a1. ete, see promenlivo, ti si samo profesionalec, rabotis za plata,a slusnav deka vo tv kanal 5 imas extra dobra plata. zatoa devojce pamet vo glava i ne vikaj sega i tamu da zivee stojmenov zosto i nego koj znae sto moze da go snajde? vo drzavickava see veke mozno. uzivaj tatjance vo zivotot i steta sto se razvede od pejacot blagoja, nekako bevte ubava bracna dvojka. te gledame i slusame so zadovolstvo sekoja vecer na nasata omilena tv kanal 5!!! edinstveno da si ja popravis frizurata, edna te ista veke stanuvas so toa zdodevno. poooozdrav!
Од: Komentator
Датум: 03.08.2011 13:53:23
Hm...ja gledav ova dama na nejziniot prv nastap na Kanal 5 ..se nekako "bojazlivo" nekako bez elan kako da i visi mec nad glava..ete i ja svakam zenata e samohrana majka razvedena i trebe rabota ...mozebi e samo pocetok na nova rabota i sredina ama na TATJANA KE I TREBE DOSTA VREME DA SI Gi POVRATI GLEDACITE KAKO PREZENTER visi mec na glava
Од: natasha
Датум: 03.08.2011 15:17:31
Nekome rupa u telu znaci smrt, nekome kariera...
Од: Goko
Датум: 03.08.2011 17:39:23
Gi procitav site komentari i zaklucuvam kolku makedonscite se zlobni luge i se sitat na tugata nesreka. Sram da vi e na site. Site vie koi kritikuvate tuga kariera, ajde kazete koja e vasata kariera. Zlobnici.
Од: Natasa
Датум: 03.08.2011 18:28:20
Kolku analizi da se cudis, pa zenava samo si raboti za da zaraboti, ne dava zakletva "vecno do groba".Smesno

Најди! во Утрински
Насловна
Владата ќе гради споменик на Президиумот на АСНОМ
„Продолжуваме да се бориме за името“
Мораториум за фреквенцијата на А1
10 прашања
Хроника на една најавена смрт
Димовски победник на маратонот на Халкидики
Мубарак ги отфрли обвинувањата за убиства
Ударнички мерки
Празникот не го запре уривањето на „Космос“
Забава до бесвест
Еуримаж ја стопира исплатата за сите дистрибутери
Државата влезе во „Космос“
Во депресија поради Еми Вајнхаус
Московјанка подигнала кредит за да нарача убиство на својот син
Демагогија и демократија
Почна рокот за пријавување субвенции за домати и краставици
На патот до АСНОМ (3)
Илјадници Шпанци ноќеска демонстрираа по улиците на Мадрид
Стил
Брејвик ја информирал полицијата дека „ја извршил мисијата“
Власи
Онлајн вести

"""