|
|
|
|
|
|
Фељтон
На патот до АСНОМ (3)
Што рече Панко Брашнаров
Првото заседание на АСНОМ беше свикано во најголема тајност. Само малкумина знаеја за неговите подготовки
Јордан Цеков–Дане
На позиција кај селото Пелинце, Третиот баталјон остана речиси до пладне на 2 август. За ова време непријателот не се појави. Кога се зборува дали членовите на штабот на баталјонот знаеја за одржување на Првото заседание на АСНОМ, треба да се подвлече дека не им беше кажано каков историски настан претстои во манастирот. Одржувањето на Првото заседание на АСНОМ беше држано во голема тајност и за тоа знаеја само најодговорните раководители.
На 2 август, некаде околу пладне, штабот на баталјонот доби задача да г�� напушти селото Пелинце и да се врати во манастирот. Кога Третиот баталјон пристигна во манастирскиот двор и ливадите околу него, дворот на манастирот и ливадите беа исполнети со младинците од блиските села, кои дојдоа да присуствуваат на манастирската слава „Свети Илија“.
Главниот штаб на МОВ и ПО на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, свесно и на височината на историската задача, вложија големи организаторски усилби самиот тек на одржувањето на Првото заседание на АСНОМ да биде добро обезбеден од сите можни непријателски изненадувања и напади. За непосредно обезбедување на Првото заседание на АСНОМ Главниот штаб на Македонија располагаше со силите на Третата македонска ударна бригада, Четвртата македонска ударна бригада, Осмата јужноморавска ударна бригада и Косовскиот српско-црногорски баталјон. Сите штабови добија конкретна борбена задача во случај бугарската војска да го нападне манастирот.
Пространата сала на историскиот манастир „Св. Прохор Пчински“ свечено беше украсена со македонски и југословенски знамиња, слика на Рузвелт, Черчил, Сталин, Тито и Гоце Делчев и паролите:
- Да живее слободна Македонија во нова Демократска Федеративна Југославија;
- Да живее Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија;
- Да живеат нашите големи сојузници Англија, Советскиот Сојуз и Америка;
- Да живее врховниот командант маршалот Тито;
- Да живее младата и славна Народноослободителна војска на Македонија;
- Слава на Гоце Делчев - првоборец на македонската народноослободителна борба;
- Да живее Илинден и неговата славна Крушевска Народна Република;
- Вечна слава на паднатите херои за слободата на Македонија“.
Салата е полна со народните претставници и народ од околијата. Голем број од народот останува надвор од просторните чардаци на манастирот, збиени еден до друг. Од една и од друга страна на бината построена е почесна чета на Народноослободителната војска на Македонија. Сите се возбудени.
Во 5 часот попладне влегуваат делегатот на Врховниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија, генерал-мајорот Светозар Вукмановиќ-Темпо, делегатот на Главниот штаб на Србија Живоин Николиќ-Брка, американската и англиската воена мисија. Почесната чета оддава почит на народните претставници и народот срдечно ги поздравува. По нив влегува Методија Андонов Ченто и членови на Иницијативниот одбор. Откако стивнаа овациите во салата одекна химната – „Изгреј зоро на слободата“.
Точно во 5.15 часот попладне, при полна тишина, најстариот по годините член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител од Велес со тивок и растреперен глас, го отвори Заседанието со следните зборови:
„Другари и другарки народни претставители
Во овој момент, во ова историско место ’Св. Прохор Пчински‘ и на овој историски ден Илинден, кога објаснувам дека е отворено Првото антифашистичко собрание на Народното ослободување на Македонија, душата ми е преполна со радост и пред премежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски јарем од пропаста на Самоиловата држава за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројните родни херои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им стануе полесно и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода гледаат идеална дружба на старите илинденци на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска и поставените темели за остварениот идеал на две поколенија, на две епохи слободна, обединета Македонија.
Другари народни претставители, жив сум свидетел на два илиндена 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти на илинденската епопеја и Крушовската Република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше желбата за слобода, борбата го дари за слободна Крушовска Република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазосот на слободна Македонија. - Крушовската Република, го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.
Животворниот извор на слободатга не секна. Македонија ја разделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човештво, и македонскиот народ се нареди во таа борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне борбата на сите поробени народи и целото ослободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал.
И ете, како резултат на тригодишна крвава борба, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи помогна со крв и борба да се дојде до нова братска демократска и федеративна Југославија. Денес е вториот славен Илинден. Последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава, во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот, каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.
Да е жива нашата мила македонска федерална држава!
Да е жива Федеративна Демократска Југославија, заеднички покрив на братските југословенски народи“.
(Продолжува) |
#
|
Статијата е прочитана 2502 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 03.08.2011 00:27:26 |
|
Ценам што авторот наведува дека како химна на Македонија на АСНОМ е изведена „Изгреј зора на свободата“. Самиот факт отвора многу прашања, од кои првото е зошто досега многу малку или воопшто не се зборува за химната која е таму изведена. |
|
|
|
|
|
|
Од: BgMak |
Датум: 03.08.2011 06:16:30 |
|
„Изгреј зора на свободата“ - текстот и музиката на маршот се напишани од Александар Морфов во 1923 година и се на чист бугарски jазик. До Втората светска војна маршот е официјална химна на ВМРО на Ванчо Михаjлов и на МПО - Македонската патриотска организација во САД и Канада. А денес веќе е химна уште и на "Радко"-Скопje и на бугарското ВМРО на Каракачанов. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jane |
Датум: 03.08.2011 08:26:36 |
|
Izgrej zora na svobodata e prvata i pravata Makedonska himna donesena po naracka od golemiot Makedonski geroi Todor Aleksandrov.
I treba so pobrzo da se vrati nazad! |
|
|
|
|
|
|
Од: Балканец |
Датум: 03.08.2011 08:52:26 |
|
Текстот и музиката на химната Изгреј зора на слободата се на бугарскиот композитор од Стара Загора Александар Морфов. Меѓутоа во 1948 година била забранета во НР Македонија и со тој чин тогашните македонските власти се откажале од оваа химна со изговор дека таа се користи од страна на оние Македонци кои сметаат дека македонскиот народ има бугарски корен. Дали некој се уште не му е јасно? |
|
|
|
|
|
|
Од: Kokan |
Датум: 03.08.2011 09:14:14 |
|
Me interesira samo zosto posle 1948 godina komunistite zabranija prvata himna na Makedonija i VMRO "Izgrej zoro na svobodata"? Ako nekoj ima dovolno informacija da kaze... |
|
|
|
|
|
|
Од: Владимир |
Датум: 03.08.2011 10:08:14 |
|
Изгреј зора на свободата, зора на вечната борба! Изгреј в душите и в срцата на всички роби по света! Ечат гори, полја, балкани од бојни песни и "Ура"! Сноват борците - великани, напред, готови за борба! Јунаци смели пак развиха окрвавени знамена! Комити нови забродиха низ македонската земја! Тирани чудо ште направим, ниј чуждо иго не трпим, с јунашка крв ште ви удавим и пак ште се освободим! --- Да живее Македонија!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: читател |
Датум: 03.08.2011 11:26:11 |
|
Интересно е да се испита дали интонирањето на „Изгреј зора на свободата“ е „заслуга“ на Ченто и Брашнаров? |
|
|
|
|
|
|
Од: DRV |
Датум: 03.08.2011 11:35:02 |
|
Kakov "A.S.N.O.M."kakvi gluposti!Slobodna Makedonija ja sozdadoa zaedno Aleksandar i Bukefal i lavovie!Ako ne mi veruvate prasajtegi Grujo,Pasko i kompanija.Ako ne im veruvate na niv,togas poglednete na plostadot |
|
|
|
|
|
|
Од: gorna dzumaja |
Датум: 03.08.2011 11:56:16 |
|
Панко Брашнаров е уапсен во 1950 година. Затворен е во концентрациониот логор Голи Оток, каде што умира на 13 јули 1951 година.А зошто е испратен на Голи оток,најдобро се гледа од писмото кое заедно со Павел Шатев го испраќаат до Бугарската КП
http://www.kroraina.com/knigi/statii/shatev_brashnarov.html. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mudrec |
Датум: 03.08.2011 12:04:05 |
|
Se nalepija Bugarashite na himnata. A toa sto kako posledna Makedonska (ne bugarska) drzava pred ASNOM go spomnuva Samuilovoto carstvo? |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nikola |
Датум: 03.08.2011 12:57:11 |
|
Kole 3.7.2011god. Do BgMka. i Balkanec.
Togas uste naseto Mak. i Blg. Pismo be edno.no nese slago so vas.Tirani cuda ke napraijme.I jarem vas netrpime.I Pak ke se oslobodime.Nee bas cisto Bugarski.So kineneto slikite na Stalin i isfrlane na Venko Markovski od citankite se zabrani i Himnata.Za mene poubava bese IZGREJ ZORAN NA SLOB.OD DENES NA MAKEDONIJA SE RAGA.Da nemise lutat mojte od Kocani.PRVOTO ZALCE I POSLATKO. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gjokica |
Датум: 03.08.2011 13:13:10 |
|
Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.) |
|
|
|
|
|
|
Од: Турско кафо |
Датум: 03.08.2011 15:48:58 |
|
"грчкиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари"
>>> По една проста причина: со мали исклучоци, во својата историја Грците (или ако сакаш Византиците) немале допир со други Словени , освен со Бугарите |
|
|
|
|
|
|
Од: do Janakiev |
Датум: 03.08.2011 16:34:52 |
|
Toa pismo e rusko i nasiot istocen sosed se uste go koristi i tamu pisuvaat so ruski pravopis. |
|
|
|
|
|
|
Од: Реферати |
Датум: 03.08.2011 17:19:02 |
|
Биле поднесени три реферати , треба да се подсетиме на сите три . |
|
|
|
|
|
|
|
|