Број 3646  среда, 03 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Државата влезе во „Космос“

Билјана Ангеловска

И „Космос“ имал крај. Не се покажа доволно моќен да и' одолее на државната машинерија подготвена да се справи со она што е изградено на незаконски начин. Луксузниот станбено-деловен комплекс во Скопје, на самиот брег на Вардар, е разнишан. Во буквална смисла на зборот, физички. Но, и во секоја друга. Државата влезе во „Космос“ и веќе се слушна звукот на чеканот. Не дека некој очекува целиот објект да биде урнат, впрочем, за такво нешто нема ниту оправдување, но дека комплексот ќе биде „обележан“ е повеќе од јасно. А, пред се', неговиот инвеститор, пратеникот и бизнисмен Фијат Цаноски.

Скопјани во два наврата веќе го слушаа звукот на чеканот кога удира во бет��нот. Еднаш, кога се уриваше последниот дограден кат на зградата на Љупчо Палевски-Палчо во Дебар Маало, и вториот пат кога се удираше на 80-тината сантиметри кои беа отповеќе изградени на Кинескиот ѕид во Градскиот парк. И тогаш, исто како и сега веројатно, акцијата беше неспорна. Оти, инвеститорот се заборавил, па си ја кренал раката повисоко отколку што треба и доградил, односно надградил неколку метри повеќе од што му било дозволено. За жал, и во тоа време на сите во државава им беше повеќе од јасно дека рушењето има малку врска со градењето, а многу повеќе со политиката.

Сепак, иако државата најави дека со уривањето делови од Кинескиот ѕид ја почнува беспоштедната борба со урбанистичката мафија, оттогаш до сега како премолчено да беше прогласено примирје. Се' до завчера, кога тоа примирје „го прекрши“ инспекцијата. Или можеби самиот инвеститор на „Космос“, Цаноски. Ќе се најдат ли сватовите Цаноски и Рамковски повторно заедно на иста страна на законот? Се разбира, овој пат, на другата. Едниот за финансиски, а другиот за урбанистички малверзации.

Се' би било в ред доколку вистинската причина за завчерашната акција на Градежниот инспекторат придружуван од полициските колеги е преземена исклучиво од градежно-урбанистички мотиви. Зашто, неодминлив е впечатокот дека зад неа има нешто многу повеќе од урбанизам. Односно, дека има многу повеќе политичка пресметка отколку се' друго. Впрочем, ако беше поинаку, ова ќе се случуваше многу порано. Или, што е поверојатно, воопшто немаше да се случи.

Некако тешко е да се поверува дека инспекциската акција е чисто градежна. Та, нели неправилностите биле забележани уште во мај? И, тоа токму кога веќе беше јасно дека ќе има избори? Иако габаритот на објектот е видлив со месеци наназад, досега изградбата течеше без никакви проблеми. Барем навидум.

Факт е дека се' додека Цаноски со неговата партија беше коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, не му фалеше влакно. Иако требаше да му биде јасно што може да го снајде ако ја смени страната. Судбината на неговиот сват Велија Рамковски требаше да му биде опомена.

Но, Цаноски очигледно не ја научи лекцијата. Или не сакаше. Сега, тој е во опозиција и очигледно таквиот политички трансфер скапо ќе го чини. Од друга страна, тој му е сват на Рамковски. И оваа роднинска врска скапо ќе го чини. Особено што се' почесто се слуша дека неговиот син, поточно зетот на Велија, ќе ја води А2 телевизија, во која би требало да се претопи штотуку згаснатата А1. Се чини беше само прашање на време кога ќе се случи нешто со луксузниот комплекс „Космос“. Фијат Цаноски сам си влезе во устата на лавот. Ем, ја смени страната ем градел незаконски. Сега ќе мора да ја плати цената.


#
Статијата е прочитана 2344 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 03.08.2011 00:39:09
Strazbur ke presudi i za Velija i za Kosmos kako sto presudi za OKTA, no togas cehot ke go plati narodot a i slepcite , podrzuvbaci na ovcarot.
Од: jovan
Датум: 03.08.2011 00:53:53
"Ем, ја смени страната ем градел незаконски. Сега ќе мора да ја плати цената".Poslednava recenica od tekstot kazuva sve.Nezakonitosti i matni biznisi ima i kaj"nivnite"(pogotovo kaj Zingo),no nivni se,i dodeka se nivni,ke bidat cisti i posteni.Deka treba beskompromisno spravuvanje so kriminalot,malverzaciite i site drugi vidovi bezakonie, potrebno e.No ne na vakov selektiven nacin koj e veke epten vidliv i nevkusen.Tokmu poradi vakviot selektiven nacin na "delenje pravda" golem del od javnosta se stava vo odbrana na kriminalot i nepravilnostite, a ne deka javnosta podrzauva i brani bezakonie.
Од: od lavot
Датум: 03.08.2011 01:05:59
nemozam da ti se iznacudam na kolumnata, i celo vreme se prasuvam vo cija usta se naogas ti licno
Од: Никола
Датум: 03.08.2011 01:16:07
Цановски вели дека се било според законот. Сега, на кого да му верува човек? Додека не се додје до конечна судска одлука, не треба ништо да тврдиме.
Од: jean luc picard
Датум: 03.08.2011 01:26:13
фијат сам си тури чивија у здрава нога. ко божем да марс да живее, ко божем не знае у каква банана држава тера работа. он требаше да си го тера само бизнисот, да си стои понастрана од политиката, да си ја подмитува партијата на власт и да му биде раат главата. оваа хајка против него нема да заврши со космос, ФОН е следен за катанец а после тоа ќе му најдат нему „неплатени“ даноци или што било и ќе му се придружи на сватот у идризово. глава сечам ако не биде така.
Од: gimi
Датум: 03.08.2011 01:32:37
Можеби требаше да наведете г_-ѓо Ангеловска дека инвеститорот(Фијат Цаноски) си доградил во висина 143 сантиметри,со што го зголемил корисниот простор за дополнителни 35 000 квадратни метри.Ако самиот Фијат кажа дека цената на 1 м.квадратен е 900 евра доаѓаме до бројка од 31 500 000 евра екстра профит.Што требаше државата да го премолчи ова затоа што Цаноски бил опозициски пратеник?
Од: do gimi
Датум: 03.08.2011 02:20:57
Gospodine vie kade ste ucele matematika. Kaj gi najde ovie brojki. Duri i da e otideno vo visina so 280 cm (cel eden kat) za da se zgolemo povrsinata na objektot za 35 000 m treba osnovata da e 350x100. Glupost si e slupost ama kolku sto citam komentari vo Utrinski Vie gospodine od den na den se nadminuvate. Dali e gluposta politicki atribut se prasuvam ponekogas.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 03.08.2011 03:19:00
Edno e sigurno: uste eden skolski primer za selektrivno primenuvanje na pravoto.
Од: iselenik od USA
Датум: 03.08.2011 06:21:34
E ajde de sega investiraj vo tatkovinata?????? Gruevski ova ne ni go kazuvase pri posetata kaj nas.........toj ja pretstavuvase Makedonija kako raj za investitorite ama...................nekako rabotite ne stojat taka...............
Од: mitko
Датум: 03.08.2011 07:36:33
Fiat si dade avtogol so peta,a toa deka megunarodniot sud ke presudi vo polza na Fiat i Ramkovski e pusta zelba
Од: Коле
Датум: 03.08.2011 09:13:28
Партијата (ВМРО) ја злоупотребува државата за да се пресмета со политичките неистомисленици. Со вакво ‘владеење‘ на правото, не само што не заслужуваме влез во ЕУ туку заслужуваме да не обиколат со бодликава жица и комплетно да не изолираат.
Од: maka
Датум: 03.08.2011 09:14:10
Ovde nema mudruvane. Gradis bespravno te rusat. Novinarkava veli, navistina nadgradil, ama oti bil opozicija trebalo da mu se prosti. Vidi logika. Vie novinarive bez nikoj da ve moli pravite smut vo javnosta.
Од: vaga957
Датум: 03.08.2011 10:01:49
Та нели се легализираат дивоградбите де?Зошто и нему не му дозволат ако надградил повеќе од дозволеното.Може ако се сака ако не е тендециозно од страна на власта.Но, причината е позната за жал.Не знам само како ке привлекуваат странски инвестиции кога домашните ги сотруваат??
Од: batko gorgija
Датум: 03.08.2011 10:53:39
Komentarot na Kole e OK..............drugo nema sto da se kaze........
Од: do od Lavot
Датум: 03.08.2011 12:11:52
Ziv li si be Laveovde ke lomotis a za AMNESTIJATA te nemase jas bi ti rekol da prodolzis da spies zosto sekoe otvaranje na ustata sve poveke ke ja zasmrdis okolinata kuti i molimte ne otvaraj usta.
Од: verag
Датум: 03.08.2011 12:16:26
Глупост, новинарката не вели да му се прости затоа што е опзиција, туку дека ќе му се простеше ако беше позиција, па впрочем од месец мај ништо не сторија, дури не го опоменале. Градоначелникот на Тетово има извршно решение за уривање на негова зграда, кое не го спроведува велејќи дека не урива убави куќи. Па нњели сеиште трае акцијата за легализацуја на дивоградби за едно евро, зашто не му ја легализираат доградбата од 143 см наместо да ја рушат. По мене ова е злоупотреба на власт за да се казнат противниците на Пастирот, а овците во екстаза поради борбата со урбанистичката мафија че ракоплескаат.
Од: Oskar
Датум: 03.08.2011 12:33:12
Poveke od jasno e deka vo gradeznistvoto se vodi selektivna politika, vprocem kako i vo se drugo. Se znae koi moze da gradi nadvor od propisite. Eve na primer za kolku kata e povisoka zgradata na mestoto na poranesnata Narodna Banka na plostadot ( kolku jas znam da brojam samo dva kata), zgradata na MNR tri kata, Ustavniot sud... Mozebi i ne sum vo pravo, bidejki izmenite na DUP-ot e vo nivni race pa go menuvaat po potreba.
Од: Трпе
Датум: 03.08.2011 12:37:06
И ова е еден од адутите на нашмил мистер мр.Рејтинг.Пренасочи го народот во спротивен правец за да не гледа што тој работи или незнае како да работи.Ова е се заслуга на неписмениот македонски народ.Е после премиерот ке се молел на господ.Е ке се моли.Не е лесно да газиш преку живи луге и пак да си во право.Доста работи му се собра што сам со свој камен ке се удри по глава.Но народот за неговите постапки ни крив ни должен ке страда.Најправилни се инвестиците на владата.Тие се што работат работат по прописи и закони.
Од: Гимчо шампион
Датум: 03.08.2011 12:40:55
На било кое првенство во глупост, ти Гимчо ќе добиеш златен медал! Да не заврши и ти вечерно во Прилеп,па да ги поефтинувач лековите за 500 %.Експерт си за прилепска вечерна математика!
Од: Do mitko
Датум: 03.08.2011 12:53:32
Kolumbija moze voda da ni nosi. Po komentarot od mitko se gleda kolku se zatrueni i ograniceni lugeto, i samiot mitko. Znaci da bese fijat so vlasta nemase da se rusi nisto. Slusajte slepci....! Site predmeti vo medjunarrodnite sudovi makedonija gi ima izgubeno ( ova e podatok za mitko) i ovie ke gi izgubi , a mitko ke bide eden od mnogute sto ke plakaat za ovie revanshiisticki avanturi na negovite milenici. Ovde se gleda ZLOBATA na ovoj narod, se raduvaat koka nesto se nisti. Ovoj narod neznae za "merhamet" koj bi trebalo da go ima sekoj " covek " vo prava smisla na zborot.
Од: ВОЈВОДАТА ОД КИЧЕВО
Датум: 03.08.2011 13:51:25
Пошто објактот е почнат пред да излезе законот за легализација на дивоградби барем така мислам зошто не се легализират оваа дивоградбе сево ова е политички . Сево ова е контрадикторно ем вадиш закон за легализација на дивоградби ем ги рушуваш истите
Од: Alek®
Датум: 03.08.2011 14:21:58
Мислам дека насловот треба да гласи Партијата влезе во „Космос“. После ова, странските инвестиции само што не стасале. Ќе остане само една можност: да дојдат туристи да им се воодушевуваат на новата некропола. Како нашинците од Острејлија што ги видов на ТВ, што дошле во стари крај.
Од: Stipjanec
Датум: 03.08.2011 14:23:23
Singo, nemoj "predvreme" da ja menuvas "koalicijata" Koga, nekojpat, ke se smenat rabotite, odberi si ja "vistinskata" koalicija. Nemoj da te snajde nesto, sto ke ti go raznisa tvojot FEUD, bilo od SDSM ili od VMRO. No sto govoram gluposti, TI ova go znaes mnogu dobro, podobro od Velija i od Fiat. Drugari i Drugarki, "Smrt na fasizmot-sloboda na narodot"
Од: k2
Датум: 03.08.2011 14:42:56
Gi citam komentarive i prosto se cudam zarem e mozno vo Makedonija da ima tolku nepismeni luge koj branat kriminalno odnesuvanje......Postoi proekt po koj se gradi ovaa zgrada (kompleks) e sega sto nekojsi Fiat Canoski smeta za nego ne vazat zakonite posto toj e finansiski jak i e opozicioner e ngov problem....Vreme e da se sosecat od koren ovie pojavi i da ednostavno se stavi kraj na laznite vrednosti i kriminal......Vreme e da pocne da vladee pravoto vo RM i ova e vo prava nasoka.....A toa deka nema "demokratija" vo Mkd....vo pravo ste nemalo od 1945 do 1991 i vo vreme na vladeenjeto na SDSM koga raznorazni Velii Zaevi Canovci napravija milioni preku tranzicija i kriminal.....Ete dokaz videte ja A1....Velija gi iskoristi glupite novinari i posle gi ostavi na cedilo.......Od Piljar sakase da stane Magnat....hahahaha...seljak
Од: Snezana
Датум: 03.08.2011 15:30:35
Za kapricite na Vladata i poednicite vo nea ke plati cel narod
Од: isklucivo
Датум: 03.08.2011 16:43:33
Isklucivo politicka presmetka. kosmos ne e garaza, pa inspekcijata da ne ja videse. Sega, koga Canoski go napusti drustvoto so Singo,"najdoja: greski. Ova jasno zboruva zostop Singo e "lojalen" koj golemiot brat.Ako napravi kako canoski, nego nisto nema da go izvlece,
Од: do K2
Датум: 03.08.2011 17:46:27
Druze si gi izmeshal loncinjata Nikoj tuka ne zboruva za licnosti ili za pozicija ili opozicija BOLI sto pravnata drzava ne vladee za site isto i na cela teritorija na Makedonija a kriminal ima i ke ima ama sekogash treba prvo vo svoite redovi da go ocistish pa potoa kako za svoite taka i za site podednakvo ako razbirash........
Од: Karokan
Датум: 03.08.2011 19:25:30
Г-дине К-2,колку што ми е познато од пред година-две,се знае процентот на неписменост во Република Македонија,некаде околу 33%,но не се знае бројката на глупавите во нашаа земја!!! Не ми е баш јасно со кои параметри може да се утврди бројот на таа категорија (глупави) лица во земјата со оглед на тоа што таа никако не може да биде еднаква со бројот на неписмените лица.Проста причина,не секој неписмен е и глупав и обратно не секој писмен е и паметен.Еве класичен пример си самиот (К2),писмен,а глупав,Затоа во мојот регистер на категоријата “глупаци“,го заземаш почесното прво место!!! Списокот од регистерот продолжува.Заитересираните нека испратат коментар!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: респект
Датум: 03.08.2011 20:42:17
И Велија и Фијат,.на толкаво богатство, политички се судрија со власта.Или се глкупаци--или се херои.Времето ке покаже.Знае газда Синго кога на Бранко и на Никола да им каже дека ,,мајка такви синови еднаш раѓа.
Од: alcn
Датум: 03.08.2011 20:52:26
Tie koga se krijat zad politikata za da profitiraat debelo, bezocno i bezmilosno na smetka na drzavata togas im e dobro. Koga ti ja zloupotrebuvas politikata za vakvi nezakonski raboti i zastita na istite doaga vreme koga i politikata ke te iskoristi i zloupotrebi tebe. Zatoa neka prestanat veke so frazata deka se apseni od politicki pobudi, zatoa sto vregaat inteligencija na narodot. Kriminalci bezocni i bezobrazni!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Владата ќе гради споменик на Президиумот на АСНОМ
„Продолжуваме да се бориме за името“
Мораториум за фреквенцијата на А1
10 прашања
Хроника на една најавена смрт
Димовски победник на маратонот на Халкидики
Кариерата ја градев чекор по чекор
Мубарак ги отфрли обвинувањата за убиства
Ударнички мерки
Празникот не го запре уривањето на „Космос“
Забава до бесвест
Еуримаж ја стопира исплатата за сите дистрибутери
Во депресија поради Еми Вајнхаус
Московјанка подигнала кредит за да нарача убиство на својот син
Демагогија и демократија
Почна рокот за пријавување субвенции за домати и краставици
На патот до АСНОМ (3)
Илјадници Шпанци ноќеска демонстрираа по улиците на Мадрид
Стил
Брејвик ја информирал полицијата дека „ја извршил мисијата“
Власи
Онлајн вести

"""