Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Следејќи ги другите, и нашата Берза отиде во плус

Македонскиот берзански индекс вчера покажа позитива од 3,45 отсто, но прометот се сведе на 12 милиони денари

Нина Нинеска-Фиданоска

„Чист психолошки момент, кој речиси воопшто нема врска со она што реално се случува во македонските компании“. Вака дел од брокерите што тргуваат на Македонската берза за „Утрински весник“ го коментираат вчерашниот раст на главниот берзански индекс МБИ 10 за дури 3,45 проценти. Овој пораст Берзата во Скопје го доживеа откако берзанскиот индекс претходно паѓаше неколку дена едноподруго, како последица на берзанското цунами што од крајот на минатата недела наваму ги тресеше речиси сите пазари на капитал во светот, а предизвикано од намалувањето на кредитниот рејтинг на САД и на должничката криза во Италија и во Шпанија.

Само за споредба, во понеделникот МБИ 10 доживеа намалување на вредноста од 2,81 отсто, а во вторникот топењето беше речиси идентично и изнесуваше 2,66 проценти.

Вчерашната позитива, пак, од 3,45 отсто беше изненадувачка за дел од брокерите и инвеститорите на Македонска берза. Но, и покрај тоа што индексот оствари солиден плус, прометот повторно се намали и се сведе на 12,5 милиони денари, што е тројно помалку во споредба со завчера, кога на Берзата беа свртени дури 35 милиони денари.

Ова само ја потврдува тезата на брокерите дека кога цените на акциите се нис��и, тогаш се појавуваат и инвеститори што се повеќе заинтересирани да купуваат, веројатно, проценувајќи дека таквиот потег ќе им биде исплатлив. Затоа и прометот е поголем во тие денови. Но, кога индексот расте, инвеститорите како да се повлекуваат и затоа и се реализира помал промет на берзанското тргување.

Инаку, и вчера вообичаено најмногу се тргуваше со акциите на најголемите компании и банки во земјава, и тоа Комерцијална банка, „Алкалоид“, „Гранит“, „Макстил“ и неколку други.

Ѓорги Палевски, извршен директор во брокерската куќа „Поштел брокер“, објаснува дека психологија е најдобар термин да се објасни вчерашниот раст на берзанскиот индекс. „Станува збор за психологија, односно за очекувања на инвеститорите дека порастот на западните берзи ќе донесе пораст на цените и на нашите акции. Инаку, нема основа за ова зголемување, исто како што немаше основа и за падот на индексот во изминатите неколку дена. И тоа беше на база на психологија и беше поврзано со намалувањето на индексите на светските берзи. Инаку, резултатите на македонските компании се добри и нивните извештаи за првото полугодие од годинава не покажуваат отстапувања“, резонира Палевски.

Инаку, во вторникот, „Вол Стрит“ покажа закрепнување и значаен раст на главните американски индекси, откако американската централна банка (ФЕД) најави дека во следните две години со интервенции ќе одржува ниски каматни стапки. Со своето соопштение ФЕД навистина пријатно го изненади „Вол Стрит“, со оглед на тоа дека најави драматични промени во работата. Американската централна банка уште во 2008 година ги спушти каматните стапки на рекордно ниско ниво, но никогаш не даде до знаење за кој временски период таму и ќе се задржат. Сега, пак, на целосно изненадување на сите, најави ниски стапки во период од уште најмалку две години. Во вторникот „Дау Џонс“ се зголеми за четири отсто, „СиП“ се искачи за 4,7 проценти, а „Насдак“ за 5,5 отсто.

Но, веќе вчера, барем во првите два часа од отворањето, повторно засвети „црвено“ на Њујоршката берза. Трите главни берзански индекси покажаа минуси од околу два отсто, па беше неизвесно што ќе донесе крајот на тргувањето.

Она што го одбележа вчерашниот ден на европските берзи, пак, беше одењето во блага позитива. Па, така, некаде напладне британскиот индекс покажуваше мал пораст од 0,5 отсто, германскиот отиде нагоре за 1,1 проценти, а францускиот имаше скромен раст од 0,1 отсто.

Инаку, Европската централна банка вчера соопшти дека го исполнила своето ветување, дека ќе им зајми неограничена квота готовина на европските банки, за да се смири банкарскиот систем што и натаму е вознемирен од должничката криза.

ЕЦБ уплатила 50 милијарди евра на сметката на 114 банки што побарале заем. Кредитите се одобрени на необично долг рок од шест месеци, што на банките им дава поголема гаранција дека нема да останат без готовина, а одобрената сума е поголема од очекуваната.


#
Статијата е прочитана 516 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
За личен банкрот се „зрели“ 40.000 Хрвати
Во Струмичко собрани 22.000 тони жито
Пустош во Желино
Се продава земјиште во Берово и во Дојран
Милијарди евра од неплаќање данок на алкохолот
ЕЦБ им зајми речиси 50 млд. евра на банките
Каматата на резервите иста, нафтата скока
Кинезите заинтересирани за атински аеродром

"""