Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Каматата на резервите иста, нафтата скока

ЊуЈорк - Цената на нафтата на Берзата во Њујорк вчера се искачи на 82 долара за барел откако Управата за федерални резерви соопшти дека клучната каматна стапка ќе остане ниска во следните две години.

Цената на нафтата на Њујоршката берза се зголеми за 2,64 долари, односно на 81,94 долари за барел по завчерашниот пад за два долара, додека во исто време европската „брент“ нафта на Лондонската берза поскапи за 1,81 долар и сега изнесува 104,38 долари за барел.

Соопштението на ФЕД придонесе за смирување на загриженоста на инвеститорите дека американската економија може повторно да влезе во рецесија. Таа информација предизвика зголемување за четири отсто на еден од клучните индекси на Њујоршката берза, Дау Џонс индастријал, со што е неутрализиран неговиот претходен пад, а денеска се зголемија и вредностите на индексите на азиските берзи. (МИА)


#
Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Следејќи ги другите, и нашата Берза отиде во плус
За личен банкрот се „зрели“ 40.000 Хрвати
Во Струмичко собрани 22.000 тони жито
Пустош во Желино
Се продава земјиште во Берово и во Дојран
Милијарди евра од неплаќање данок на алкохолот
ЕЦБ им зајми речиси 50 млд. евра на банките
Кинезите заинтересирани за атински аеродром

"""