Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Милијарди евра од неплаќање данок на алкохолот

Букурешт - Само во последните осум години Романија загуби 4,5 милијарди евра поради затајување данок на алкохолот, соопшти романското Здружение на производители на алкохолни пијалаци (ГАРАНТ).

Според директорот на ГАРАНТ, Раду Мараију, некои компании ги декларираат алкохолните пијалаци како козметички производи или не го пријавуваат нивниот точен состав и на тој начин затајуваат данок.

„Таквите несовесни производители, освен што му нанесуваат штети на државниот буџет, ги загрозуваат и легитимните производители на алкохолни пијалаци и претставуваат закана за здравјето на потрошувачите“, потенцира Мараију.

Регулирање на секторот на алкохолни пијалаци побара и романското земјоделско здружение „Агростар“, кое се закани со улични протести во текот на септември доколку дотогаш владата во Букурешт не преземе мерки за средување на состојбите со производството на алкохол. (МИА)


#
Статијата е прочитана 688 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Следејќи ги другите, и нашата Берза отиде во плус
За личен банкрот се „зрели“ 40.000 Хрвати
Во Струмичко собрани 22.000 тони жито
Пустош во Желино
Се продава земјиште во Берово и во Дојран
ЕЦБ им зајми речиси 50 млд. евра на банките
Каматата на резервите иста, нафтата скока
Кинезите заинтересирани за атински аеродром

"""