|
|
Кинезите заинтересирани за атински аеродром
Атина - Кинескиот конзорциум „ХНА груп“ врачил понуда за купување дел од меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“, пишува весникот „Нафтемборики“.
Атинскиот аеродром беше предложен за приватизација од кабинетот на премиерот Јоргос Папандреу во рамките на планот според кој се предвидуваат да влезат во буџетот 50 милијарди евра за покривање на долговите на Грција. Комисијата за приватизација во Атина неодамна објави дека решила да продаде 20 отсто од акциите на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“. Грција поседува 55 отсто од аеродромот, а германската компанија „Хохтиф“ - 40. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 472 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Lektor |
Датум: 11.08.2011 18:18:26 |
|
atnskiot, ne "atinski", imate li lektor??? Zosto postojano go izbegnuvate clenot??? |
|
|
|
|
|
|
|
|