Се продава земјиште во Берово и во Дојран
Државата нуди на продажба градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање во Берово и во Дојран наменето за изградба на викенд-куќи. Според објавата на Министерството за транспорт и врски, се продаваат три градежни парцели во туристичката населба Суви Лаки во Берово и седум во Дојран. Почетната цена за квадратен метар е 61 денар. Апликациите треба да бидат доставени најдоцна до 6 септември во Министерството за транспорт и врски. Јавното наддавање ќе се одржи на 12 септември. (МИА) |