ЕЦБ им зајми речиси 50 млд. евра на банките
Европската централна банка (ЕЦБ) го исполни своето ветување дека ќе им зајми на банките неограничена квота од готовина за да се смири банкарскиот систем, кој и понатаму е вознемирен од должничката криза.
ЕЦБ вчера соопшти дека уплатила 49,76 милијарди евра на сметката на 114 банки што побарале заем. Кредитите се одобрени на необично долг рок од шест месеци, што им дава поголема гаранција на банките дека нема да останат без готовина, а одобрената сума е поголема од очекуваната. (Нетпрес) |