Камерон Дијаз
Забава во Лондон без официјалното момче
Камерон Дијаз е многу срамежлива кога станува збор за нејзините љубовни врски, така што и покрај долгата врска со Алекс Родригез, таа избегнуваше да биде фотографирана со него. Но, не можеше да им побегне на љубопитните Британци синоќа во Лондон. Тие ја фатиле со едно непознато момче во текот на ноќта, кое ја испратил до нејзиното престојувалиште во Лондон. Инаку Камерон е во врска со спортистот Алекс веќе осум месеци и работат на тоа нивната врска да биде што помалку во медиумите. Но, синоќа, без официјалното момче, таа помина забавна в��чер во друштво на непознатиот придружник и пријателите, со кои во клубот останаа до три часот наутро. Камерон и нејзиниот придружник отидоа до нејзиниот хотел, а видени се и како влегуваат во него. Но, што ќе каже за сето ова Родригез, не се знае, но сигурно нема да биде пријатна реакција. |