Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Забава

Секси вокалистки ја кренаа температура во клубот „Колосеум“

Бојан Шашевски

Почнаа подготовките за овогодинешниот фестивал „Таксират“, а со тоа стартуваа и промотивните концерти за големото декемвриско музичко случување. Најавата за второто гостување на францускиот арт-состав „Нувел Ваг“ донесе бранувања меѓу обожавателите во Македонија, па фановите уште одамна си купија билет повеќе и во средата го окупираа клубот „Колосеум“.

Преполниот „Колосеум“ го почувствува и пејачката Тања Царовска, која не можеше соодветно да ги изведе своите авторски и кавер теми од деби-албумот „No record of wrong“, па неколку пати ги замоли присутните да бидат потивки. Македонката, која живее и работи во Англија, Бојана Низамовска-Бомзич, овој пат се претстави во поинакво светло – во придружба на две гитари, оставајќи простор за гостите на вечерта.

Освен што измамија огромен аплауз и довикувања, „Нувел Ваг“ собраа еден куп луѓе пред и околу сцената, ја придвижија жедната публика кон шанковите, а ги наполнија и страничните сепариња и горната платформа на клубот. Нивната појдовната инспирација е култниот француски филмски бран од шеесеттите години, па со помош на персоналниот музички жаргон колективот демонстрираше соодветна интерпретација на своите њувејв влијанија. Водечкото дуо Оливие Либо и Марк Колин, придружено од двајца инструменталисти, но и двете атрактивни вокалистки, беа предуслов за интимно, но истовремено возбудливо пренесување на теми како „Just can't get enough“, „Love will tear us apart“, „God save the queen“, „This is not a love song“ итн. Двете девојките, облечени во кратки светкави фустачиња, постојано пееја, лежеа на подот, фрлија чаша во публиката, играа и скокаа, безрезервно импровизираа на сцената, притоа духовито задевајќи ја публиката со различни досетки за текстовите на песните, за љубов, алкохол, секс... Арт-групацијата, која е дел од движењето „Реобновување на француската шансона“, донесе два биса и десетминутно довикување од целиот клуб. По едно и полчасовното музичко доживување луѓето задоволни го напуштија клубот – некои што беа во можност да ги слушнат „Нувел Ваг“, а други што, конечно, земаа малку воздух од преполниот „Колосеум“.


#
Статијата е прочитана 1202 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Два милиона на градите на Адријана Лима
Дрогирана за време на ТВ-интервју
Белграѓанки паднаа на фустаните на Секирарски
Забава во Лондон без официјалното момче
Целијакија во подоцнежните години
Дијагноза на рак на простата преку анализа на урината
Ракот е создаден од човекот
Полесно повредена во сообраќајна несреќа






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency