Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Забава

Белграѓанки паднаа на фустаните на Секирарски

Македонскиот креатор ја претстави новата колекција есен/зима 2010/2011 на Модната недела во Белград

Македонскиот моден дизајнер Ненад Секирарски во вторникот ја претстави својата најнова колекција есен/зима 2010/2011 на модната недела во Белград „Фешн селекшн“, што се одржа во Кристалната сала на Домот на војската. Тој настапи на петтата вечер на 17. издание на „Јакобс фешн селекшн“, а неговите модели наидоа на одлична реакција кај публиката.

„Феноменалниот Македонец Ненад Секирарски и оваа година им даде предност на елеганцијата и на гламурот, па неговите преубави фустани од тантела и овој пат беа поздравени со голем аплауз од публиката во која имаше и многу познати личности“, пишува српски „Курир“.

Вечерта на која се претстави нашиот дизајнер беше насловена „Чиста десетка“, а на неа, покрај Секирарски, учествуваа и Василие Ковачев и Марина Миловановиќ, секој со свој индивидуален концепт. „На големо задоволство и воодушевување на белградската публика беа претставени модели инспирирани од стимпанкот како мотив во поголема смисла на зборот и секој модел како облека на ’војници што патуваат низ времето‘, создавајќи сопствен израз, прибирајќи различни мотиви од различни епохи. Моделите беа изработени во фини, лелеави материјали, како што се свила, нежна тантела и сатен, богати во волумен и рачна доработка, а како додатоци беа користени метални елементи во сребрена боја“, објаснуваат од ателјето „Секирарски“.


#
Статијата е прочитана 1271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Два милиона на градите на Адријана Лима
Дрогирана за време на ТВ-интервју
Забава во Лондон без официјалното момче
Целијакија во подоцнежните години
Секси вокалистки ја кренаа температура во клубот „Колосеум“
Дијагноза на рак на простата преку анализа на урината
Ракот е создаден од човекот
Полесно повредена во сообраќајна несреќа






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency