„Викторијас сикрет“
Два милиона на градите на Адријана Лима
Моделката на „Викторијас сикрет“, Адријана Лима, позираше во градник од два милиона долари! Фантастичниот „Bombshell fantasy bra“ беше претставен завчера пред продавницата на „Викторијас сикрет“ во Сохо, во Њујорк. „Многу е удобен“, изјави 29-годишната Лима за Ројтерс. Градникот е комбинација на 142 бели дијаманти, потоа топази и сафири, а е дизајниран во соработка со познатиот италијански златар Дамијани. Содржи повеќе од 3.000 скапоцени камења, за кои беа потребни 1.500 часа работа за комплетна изработка.
|